Ние со разумна политика може да се договориме со соседите, изјави потпреседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири во денешното гостување во 24 анализа.
Вели дека СДСМ нема да дозволи да биде оспорен индетитетот и нашата држава во преговорите со Бугарија.
„Знаеме дека со договорот со Грција ние ништо не изгубивме туку добивме нашата земја е членка на НАТО, сега имаме нова ситуација со Бугарија, тие се пред избори и ја користат Македонија за да си билдаат рејтинг. Во преговорите ќе изнајдеме решение во кое и двете страни нема да се чувствуваат оштетени“, вели тој.
Од Бугарија има најави за можно блокирање на нашите преговори со Европската Унија ако не се најде решение за спорот околу револуционерот Гоце Делчев.
„Бугарија веќе даде унилатерална забелешка, но го одобри и отпочнувањето на преговорите на нашата земја со ЕУ. Не треба да наметнуваме негативна динамика на притисоци. Кога паѓа комуникацијата, се јавуваат предрасуди. Сега е добар момент да се воспостави интензивна комуникација“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Македонските власти сепак се надеваат дека нема да дојде до блокада.