ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ НЕ ИЗДРЖА, СЕ ЈАВИ НА ТВИТЕР, ГО ИЗРЕМЕТИ ИЛЧЕ ГЕБЕЛС
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ НЕ ИЗДРЖА, СЕ ЈАВИ НА ТВИТЕР, ГО ИЗРЕМЕТИ ИЛЧЕ ГЕБЕЛС
(ВИДЕО) ТРАМП ПО ПАТОТ НА ГРУЕВСКИ: ФБИ ВЛЕЗЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ТРАМП ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ЗАПЛЕНЕТИ СЕ КУТИИ СО ДОКУМЕНТИ И НЕКОЛКУ КОМПЈУТЕРИ
(ВИДЕО) ТРАМП ПО ПАТОТ НА ГРУЕВСКИ: ФБИ ВЛЕЗЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ТРАМП ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ЗАПЛЕНЕТИ СЕ КУТИИ СО ДОКУМЕНТИ И НЕКОЛКУ КОМПЈУТЕРИ
ВО СДСМОВЦИТЕ ТЕЧЕ КРВТА НА ХРАБРИТЕ ПАРТИЗАНИ - ТОА ВМРОВЦИТЕ НИКАКО НЕ МОЖАТ ДА ГО РАЗБЕРАТ: Пратеничката која дојде во Собрание со скафандер: Сѐ ќе издржам, и да ме колните и да ми пишете дека ќе одам затвор, и дека “готова сум”!

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ МУ СЕ ЈАВУВА НА ЈАНЕЗ ЈАНША ЗА НОНПЕЈПЕРОТ ВО КОЈ СЕ ПОВИКУВА НА ПОДЕЛБА НА БОСНА
(ВИДЕО) БОСАНЕЦ МУ СЕ ЈАВУВА НА ЈАНЕЗ ЈАНША ЗА НОНПЕЈПЕРОТ ВО КОЈ СЕ ПОВИКУВА НА ПОДЕЛБА НА БОСНА
РАЗЛИКАТА МЕЃУ ГРУЕВИЗМОТ И ЗАЕВИЗМОТ Е КАКО РАЗЛИКА МЕЃУ ЈУГО 45 И ГОЛФ 4-КА!
РАЗЛИКАТА МЕЃУ ГРУЕВИЗМОТ И ЗАЕВИЗМОТ Е КАКО РАЗЛИКА МЕЃУ ЈУГО 45 И ГОЛФ 4-КА!
УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА АФЕРА СЕ РАСПУКА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери, фирмата добивала поголеми тендери во нивно време
УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА АФЕРА СЕ РАСПУКА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА - Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери, фирмата добивала поголеми тендери во нивно време
СИ ИГРААТ МАЈТАП СО КОРОНА, СО ПОМОШ НА 60 000 ЛУЃЕ: ОВА НЕ СЕ ЛУЃЕ ОВА СЕ ИЗРОДИ, ШТАКОРИ, МОНСТРУМИ, ПСИХОПАТИ, ГНАСИ НЕНОРМАЛНИ!
СИ ИГРААТ МАЈТАП СО КОРОНА, СО ПОМОШ НА 60 000 ЛУЃЕ: ОВА НЕ СЕ ЛУЃЕ ОВА СЕ ИЗРОДИ, ШТАКОРИ, МОНСТРУМИ, ПСИХОПАТИ, ГНАСИ НЕНОРМАЛНИ!
БРАВО МИРО, НА МАКА СЕ ПОЗНАВААТ ЈУНАЦИТЕ: Вториот пратеник што дојде во скафандер е Мирослав Богдановски од ДОМ
БРАВО МИРО, НА МАКА СЕ ПОЗНАВААТ ЈУНАЦИТЕ: Вториот пратеник што дојде во скафандер е Мирослав Богдановски од ДОМ

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ: Зад ветото на Бугарија на евроинтеграцијата на Македонија ѕирка „културен расизам“!

Културниот расизам на Бугарија кон Македонија

Зад ветото на Бугарија на евроинтеграцијата на Македонија ѕирка „културен расизам“. Очигледно, Бугарија го злоупотребува процесот на евроинтеграција за да ги наметне своите етно-националистички митови во кои бугарската култура, бугарскиот јазик, бугарскиот идентитет и бугарската историографија се сметаат како супериорни во однос на македонската култура, македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историографија. Ставајќи вето на почетокот на преговорите, Бугарија не само што демонстрира моќ како земја членка на „елитниот клуб“ ЕУ, туку демонстрира и културен расизам на дело.

Зад „ветото на Бугарија“ се наѕираат расистички културни предрасуди кои се пројавуваат преку негирање и обезвреднување на македонскиот јазик, омаловажување на македонската државност, непочитување на културните, политичките и историските разлики, преку експлицитни обиди за спречување на какво и да е упатување на „македонско малцинство“ во Бугарија. Во бугарскиот медиумски простор е раширен говор на демонизирање на „македонизмот“ како идеолошка творба на Коминтерната, Тито, или „југословенскиот тоталитаризам“ (одберете сами), дури и експлицитен говор кој потикнува омраза кон Македонците во С. Македонија како „предатели“ на „бугарската кауза“.

Културниот расизам на Бугарија е содржан и во „Рамковата позиција“ која имплицира дека „југословенскиот тоталитаризам“ по 1944 ја пренапишал „историјата на дел од бугарскиот народ“. Културниот расизам на Бугарија е особено експлицитен во т.н. „Меморандум“ каде што „македонскиот идентитет“ му се припишува на Тито кој бил толку моќен што со „етнички инжинеринг“ создал „македонска нација“. Културно-расистичките небулози во „Меморандумот“ одат дотаму што одрекувањето на заедничките етнички или јазички корени се смета за „државно финансирана антибугарска идеологија“.
За да ја разбереме културно-расистичката позадина на „историското“ вето на евроинтеграцијата на Македонија од страна на Бугарија, треба поблиску да се запознаеме и со нејзините политики на меморија. На пример, трети март од 1991 година се празнува како „Ден на ослободување на Бугарија од османлиското ропство“ затоа што на тој ден е потпишан Санстефанскиот мировен договор во 1878 година, со кој се става крај на Руско-турската војна. Пред две години, премиерот Борисов и претседателот Радев заеднички го одбележаа 3 март пред споменикот на „Цар освободител“ каде што Радев истакна дека “Свободата идва на щиковете на армията на цар Освободител Александър Втори!“

Годинава, министерот за одбрана Каракачанов на официјалното одбележување на 3 март истакна: „90% от българските земи със Санстефанския договор бяха в пределите на българската държава. Въпреки че това не се хареса на Великите сили и те я разделиха, това остана национален идеал. В името на този идеал – всички българи да живеем заедно, българите в Македония и Тракия вдигаха въстания, българската армия води три войни, в които даде много жертви“.

Тоа што Каракачанов го изедначува Санстефанскиот договор со национален идеал е само повторување на нешто што веќе е потврдено во бугарските учебници по „Историја и цивилизации“. Во воведот на учебникот за 10 клас по „Историја и цивилизации“ пишува дека примерот на бугарските херои, меѓу кои е спомнат и Гоце Делчев, бил следен од „оние забележителни херои кои ја изградија модерната бугарска држава, и тие, кои никогаш не се вратија од војните за националниот идеал – Санстефанска Бугарија“.

Најпарадоксално од се, обидот на Бугарија да ги наметне своите културно-расистички митови на Македонија се оправдува со повикување на принципите на ЕУ за добрососедство.
Не може да стане ни збор за добрососедство кога некој шири предизборна пропаганда преполна со етноцентризам, непочитување на културни разлики, непризнавање на правото на самоопределување, кога некој отворено дискриминира врз основа на јазик, националност и етничка припадност.

Ние бевме сведоци на еднодецениски културен расизам кога владејачката клика на Груевски креираше митови за континуитетот на етничките Македонци од древните Македонци, како и митови за континуитетот на МРО/ТМОРО/ВМОРО/ВМРО/ВМРО-ДПМНЕ.

Исто како што чувствував должност критички да ја разобличувам културно-расистичка идеологија на „антиквизацијата“ и сега чувствувам должност да се борам против културниот расизам на Бугарија кој ѕирка зад ветото.

Жарко Трајановски

loading...

KissAnime kissanime monster: Hunter x Hunter (Dub) Episode 148

AniWatch anime websites: Watch Attack on Titan (Dub) Episode 4 (https://aniwatch.pro/m/PGpJ/ep-4)