БРАВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, ПРОДОЛЖИ ВАКА - НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДСКИ БОЛЕСТИ ПРВПАТ НАПРАВЕНА ЕКСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКИ И КОСКЕНИ ТКИВА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР
БРАВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, ПРОДОЛЖИ ВАКА - НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДСКИ БОЛЕСТИ ПРВПАТ НАПРАВЕНА ЕКСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКИ И КОСКЕНИ ТКИВА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР
Можност повеќе за сите оние кои во иднина сакаат да студираат на најелитните универзитети во светот - ПСУ "Јахја Кемал" објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование.
Можност повеќе за сите оние кои во иднина сакаат да студираат на најелитните универзитети во светот - ПСУ "Јахја Кемал" објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование.
(ВИДЕО) ЗА ИМИТАЦИИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ФАЦИ, ЖАРЕ Е НЕНАДМИНАТ, ПОЧЕСТО ТРЕБА ОВА ДА ГО ПРАВИ...
(ВИДЕО) ЗА ИМИТАЦИИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ФАЦИ, ЖАРЕ Е НЕНАДМИНАТ, ПОЧЕСТО ТРЕБА ОВА ДА ГО ПРАВИ...
Семејството Стајиќ донира 1 милион денари на семејството Белчовски кои изгубија ќерка а потоа ги донираа нејзините органи за да се спасат животи
Семејството Стајиќ донира 1 милион денари на семејството Белчовски кои изгубија ќерка а потоа ги донираа нејзините органи за да се спасат животи
ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ЗА АФЕРАТА СО ПАСОШИТЕ ТРЕБА ОДГОВОРНОСТ И ОД ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИЦИ И ШЕФОВИ НА ОДДЕЛИ ВО АГЕНЦИИТЕ ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ И КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕ!
ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ЗА АФЕРАТА СО ПАСОШИТЕ ТРЕБА ОДГОВОРНОСТ И ОД ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИЦИ И ШЕФОВИ НА ОДДЕЛИ ВО АГЕНЦИИТЕ ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ И КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕ!
ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ АНТИТЕЛА ЗА КОВИД-19 НА ДРЖАВЕН ТРОШОК, НО ЌЕ ИМА КАТЕГОРИИ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ИСПИТУВА, КАЖА ФИЛИПЧЕ
ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ АНТИТЕЛА ЗА КОВИД-19 НА ДРЖАВЕН ТРОШОК, НО ЌЕ ИМА КАТЕГОРИИ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ИСПИТУВА, КАЖА ФИЛИПЧЕ
ОБИД ЗА УБИСТВО ВРЗ КАЈМАКОВСКИ: Пренесен во болница, поранешната сопруга му дала кафе и му се слошило
ОБИД ЗА УБИСТВО ВРЗ КАЈМАКОВСКИ: Пренесен во болница, поранешната сопруга му дала кафе и му се слошило
ОРЦЕ КАМЧЕВ СО СВОИТЕ АДВОКАТИ И БЛИСКИ НОВИНАРИ КАКО ДА ЗАГОВАРА НОВ УСТАВ - ГРАЃАНИ ОД ПРВ И ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД ВО ЗЕМЈАВА?!?!
ОРЦЕ КАМЧЕВ СО СВОИТЕ АДВОКАТИ И БЛИСКИ НОВИНАРИ КАКО ДА ЗАГОВАРА НОВ УСТАВ - ГРАЃАНИ ОД ПРВ И ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД ВО ЗЕМЈАВА?!?!

ЖИВКО МУКАЕТОВ НЕ ЗАПИРА: „Алкалоид“ лани со 210 нови вработувања, инвестиции од над 1,5 милијарди денари и со раст на продажбата

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за девет отсто повеќе споредено со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.132.328.349 денари, што е за девет отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Алкалоид“ АД Скопје.

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за девет отсто. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен исто така за девет отсто. Од вкупните консолидирани продажби, 35 отсто се остварени на домашен пазар, додека 65 отсто се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20 отсто, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 10 отсто, а на другите пазари се остварени два отсто од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Чешка, раст од 44 отсто, во Албанија се бележи раст од 42 отсто, во Грузија раст од 31 отсто, Унгарија раст од 29 отсто, Ерменија раст од 20 отсто, во Бугарија раст од 18 отсто, Романија раст од 15 отсто, Србија раст од 14 отсто, Словенија раст од 12 отсто, во Русија раст од 10 отсто итн. Во 2020 година реализирани се првите продажби на сегментот Фармација во Канада во вредност од 30,4 милиони денари.

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 87 отсто. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 22 отсто, антибиотиците со 16 отсто, кардиолошките препарати со 14 отсто, невролошките препарати заземаат 13 отсто од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 13 отсто во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со два отсто, козметиката со осум отсто, а билкарството учествува со три отсто.

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.959.849.982 денари, бележи зголемување од околу 10 отсто, додека единечната нето-добивка изнесува 1.142.650.910 денари и е зголемена за 13 отсто. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 2.077.934.491 денари и бележи раст од 12 отсто, додека консолидираната нето-добивка во износ од 1.167.484.742 денари е зголемена за 15 отсто.

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-декември 2020 година, изнесуваат 1.571.226.812 денари, што е за 44 отсто повеќе во однос на истиот период од 2019 година. Реализацијата на инвестициските активности, вредни над 12 милиони евра, наменети за проширување на производните капацитети, како и за подобрување на енергетската ефикасност и за намалување на штетните емисии во воздухот, кои започнаа во 2019 година, се одвива во согласност со планираното.

Во периодот јануари-декември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 210 нови вработувања во земјава. На крајот на декември 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.832 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 560 вработени или вкупно 2.392 вработени во групацијата. Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2020 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето. Во декември 2020 Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни празници, а имајќи ги предвид отежнатите услови за работење на сите вработени за време на справување со Ковид пандемијата во 2020 година и во знак на благодарност, одобри исплата на новогодишен надоместок во нето износ од 25.000 денари.

Акциите на „Алкалоид“ АД Скопје котираат на официјалниот пазар на „Македонска берза за хартии од вредност“ од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-декември 2020 година се движеше од 8.354,00 денари до 13.499,00 денари или просечно 12.174,86 денари за една акција, што претставува раст од 28 отсто во споредба со просечната цена во истиот период од 2019 година. Пазарната капитализација на компанијата на 31.12.2020 изнесуваше 18,9 милијарди денари.

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12 отсто од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од седум отсто на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од седум отсто на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2020 година. Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот.

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на Ковид-19. Ние во „Алкалоид“ презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото.

Во втората половина од годината дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај нашите купувачи, како и до стабилизирање на порастот на приходи од продажби. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност, стои во соопштението од компанијата.

loading...

ANIMEFLIX animeflix one punch man: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 2 (https://animeflix.nl/m/n5Wk/ep-2)

AniWatch anime stream: Watch One Piece (Dub) Episode 533