МЗШВ: Отворено писмо на министерот Љупчо Николовски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, нивните пратеници и коалицијата
МЗШВ: Отворено писмо на министерот Љупчо Николовски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, нивните пратеници и коалицијата
ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците
ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците
Кој води психолошка војна против братска Србија?
Кој води психолошка војна против братска Србија?
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Брнабиќ се сретна со Ковачевски, заедно ќе присуствуваат на економскиот форум во Александар Палас
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Брнабиќ се сретна со Ковачевски, заедно ќе присуствуваат на економскиот форум во Александар Палас
Ковачевски: За економски успех потребни се реформи во образованието
Ковачевски: За економски успех потребни се реформи во образованието
Победниците на „Евровизија“ тргнуваат на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина
Победниците на „Евровизија“ тргнуваат на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина
УНИВЕРЗИТЕТ АУЕ ФОН: Факултетот за правни и политички науки во рамките на својата годишна програма, организираше дебата за студентите на тема „Право на абортус“
УНИВЕРЗИТЕТ АУЕ ФОН: Факултетот за правни и политички науки во рамките на својата годишна програма, организираше дебата за студентите на тема „Право на абортус“
Делегација од Општина Куманово на покана на активистите од невладиниот сектор кои што работат на Ромските прашања на Балканот е во посета на Европскиот парламент во Брисел на настанот "The Most Roma Friendly Mayor"

ЖОРО: ЗОШТО Е ОПРАВДАНА ЦЕНЗУРАТА ЗА РУСКИТЕ МЕДИУМИ?

Во време на војна, пропагандистичките медиуми се директно во улога на придобивање на јавното мислење. Прашање е дали во име на слободата на информирање во време на војна треба да се толерира пропагандата, да се толерираат лагите?
Голем број новинарски професионалци велат ДА, затоа што треба да им се остави на луѓето да се информираат од различни извори – значи и од пропагандни, па самите да проценат што е вистина, а што лага.
Но, ако новинарските професионалци се квалификувани да проценат што е вистина, а што лага кога ќе споредат повеќе извори на информации, дали и обичните луѓе можат тоа да го проценат? Дали се тие квалификувани? И какви последици може да има пропагандата врз нив, врз креирањето на јавното мислење, врз обичниот човек кој не мора да разбира ниту геополитика, ниту пак мора да е медиумски доволно писмен да процени што е лажна вест а што хибридна војна?

Исто така, јасно е оти во принцип цензурата е директно насочена против слободата на информирање. Затоа демократските држави во своите устави велат – цензурата е забранета. Но кога пропагандата е директно насочена против слободата или е во улога на убивање на слободата, на човековото право на гола егзистенција, на правото на живот, односно кога таа е во служба на оправдување на военото уништување, дали тогаш цензурата е бесмислена? Со други зборови, треба ли да има слобода за непријателите на слободата, да ги цитирам јакобинците од Француската револуција (Сен Жист)?

Е сега, се наметнува прашањето дали цензурираните медиуми се непријатели на слободата и кој го определува тоа. Без оглед дали Раша Тудеј или Спутник имаат 0,1 отсто влијание врз формирањето јавно мислење во Македонија, или пак немаат никакво влијание, медиумите и слободата на информирањето не смее да се гледаат изолирани од општествената реалност. Информирањето (медуимите и новинарите) егзистираат во една конкретна политичка, безбедносна, културна средина. Новинарот не е небески арбитер кого не го засегаат човечките животи, добробитта на неговите блиски, на својата татковина, на своите сограѓани, па и на оние граѓани од Украина кои споделуваат исти вредности. Да, важно е во војна да се добиваат информации од двете страни зашто двете страни во секоја војна шират пропаганда за своите цели, но дали ова правило може да важи за војните кои нас директно не засегаат?

Да претпоставиме дека Македонија е нападната од еден наш сосед, дека нашите градови и села се бомбардирани, дека тенковите на непријателската армија уништуваат наши градинки, училишта, болници. Пропагандната машинерија на соседот, неговите ТВ канали тврдат дека војната е оправдана зашто Македонија е вештачка држава, дека тие дошле да го заштитат своето малцинство и својата историја… Дали мислите дека тоа треба слободно да се реемитува на нашите ТВ и нашите жени, мајки, деца, баби и дедовци слободно да го гледаат додека нашите синови и татковци гинат за слободата?

Значи, има ли граници слободата на информирањето и дали некогаш цензурата е оправдана? Лично сметам дека границата е голиот човечки живот. Нема ништо повредно од човечкиот живот. А кога ќе погледнам што се случува во Украина, таму се загрозени 40 милиони човечки животи. Да, сакам да знам и за жртвите руски цивили во Донбас, од гранатирањето на украинската армија, но за нив и само за нив со години гледав токму на Раша Тудеј, на Спутник, на webtribune.rs и на други прорурски српски канали и портали.
Македонија е членка на НАТО, сакаме да бидеме членка на ЕУ. Русија ја прогласи Македонија за легитимна воена цел кога станавме членка на НАТО и директно се спротивставуваше на нашето интегрирање во Алијансата. Агресијата на Русија врз Украина е против интересите на НАТО и на Европската унија, што значи и против интересите на Македонија. Едната страна во оваа војна директно ја загрозува и нашата егзистенција во сојузот. Нејзините пропагандни медиуми можеби нема да не убијат, ама се во служба на една политика според која Македонија не треба да биде дел од евро-атлантските интеграции, а ако не биде, прашање е дали може да опстои како држава. Тогаш нема да има потреба од слобода на информирање.

loading...
tải go88