✅ Избрани се првите три наградени идејни решенија за проектирање општинска зграда.
🏢 По 16 години постоење, конечно Општина Аеродром ќе добие своја зграда со што ќе се скратат трошоците за месечна кирија, а аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги.
✅ Зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интрегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните.
