✅ Денеска во паркот „Јане Сандански“ остварив средба со жителите од овој реон, на која ги презентирав сите реализирани проекти во изминативе три години на планот на инфраструктурата.
✅ Ги слушнав и нивните забелешки и предлози и ветив дека заедно ќе ги решаваме сите проблеми и од Аеродром ќе направиме уште поубаво место за живеење.
👉 Моментално го реконструираме паркингот покрај булевар „Јане Сандански“, кој почнува од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, па сѐ до раскрсницата со булевар „Србија“ и се одвива во 4 фази.
👉 Ги обновивме спортските игралишта, на булевар „Јане Сандански“ и кај училиштето „Ѓоргија Пулевски“, на кои поставивме мултифункционални подови со врвен квалитет признати од ФИБА и ИТФ.
👉 Ги реновиравме детските игралишта и поставивме нови реквизити.
👉 Ги сменивме плочниците меѓу зградите на булевар „Јане Сандански“.
👉 Моментално ги реконструираме патеките во близина на училиштето „Ѓоргија Пулевски“.
👉 Го зазеленивме просторот со нови дрвја кај ООУ „Ѓоргија Пулевски“.
👉 Идната година ќе изградиме два сквера зад ТЦ „Капитол“ и „Бисер“ за кои се одбрани идејните решенија.
#ЧекорПоЧекор
