(ВИДЕО) ВАКВИТЕ ЛУЃЕ ДАВААТ НАДЕЖ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
(ВИДЕО) ВАКВИТЕ ЛУЃЕ ДАВААТ НАДЕЖ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
(ВИДЕО) Дива свиња уби ловџија во Неготино
(ВИДЕО) Дива свиња уби ловџија во Неготино
ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски

ЗНМ: Осуда за понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува јавниот понижувачкиот однос на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21 и бара јавните чинители да внимаваат на нивниот однос посебно кон жените новинарки во државата.

Имено, додека новинарката Салије Садику, известувала за локалните избори во Северна Македонија се соочила со непријатна ситуација проследена со агресивен говор и обвинувања од страна на независниот кандидат од Кичево, Фатмир Лимани кон неа лично и телевизијата ТВ 21. Колешката Садику била присутна на настанот со цел да пренесе на граѓаните информации од изборните циклус и наместо да добие одговор од кандидатот таа била грубо навредувана а потоа и исвиркана од толпата.

Според колешката Садику, стотина симпатизери кои го поддржуваат Лимани кои биле присутни во моментот на инцидентот, ноќта на 17ти октомври, ракоплескале кога се случил настанот. Во нејзината реакција до канцеларијата на ЗНМ, Садику појасни дека: ,,Во неделата екипата на ТВ21 заедно со екипите на ТВ Клан и МТВ бевме во штабот на Лимани во 20:00 часот, од таму шефот на кабинетот Бејтула Емини ни рече дека сеуште не се подготвени, но и ќе ги чекаат резултатите. По неколку часа откако се вратив да земам изјава од кандидатот тој пред присутните стана и со висок тон почна да вика кон мене со зборовите: „Вие сте најлошото нешто што им се случило на граѓаните, вие сте крвопијци. Вие сте виновни што Кичево стигна во оваа ситуација каде се наоѓа. Вие сте со власта и работите еднострано“. Јас се повлеков наназад и во тој момент присутните кои беа повеќе од 100-тина лица започнаа со гласен аплауз и кон мене извикуваа со извици уууууу…” изјави Садику.

Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е подигнување на свеста на кандидатите за градоначалници и сите политички чинители во изборниот циклус кон новинарите бидејќи во овој момент следи и вториот круг од локалните избори во повеќе општини.

Сметаме дека доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните.

loading...

Watch anime online for free at 4Anime 4anime a silent voice

Watch anime online for free at AnimeFLV dubbed anime

Watch Revue Starlight Episode 12

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official

AnimeBee: Crayon Shin-chan: Bakuhatsu! Onsen Wakuwaku Daikessen anime episode Full online free at https://animebee.to anime websites