Замислете што ќе му се десеше на Зоран Заев ако организираше упад во собрание, претепаше дузина пратеници, потоа дел од таа орда се осудени на казни затвор и он наместо да се ивини и да го осуди настанот и да се дистанцира од тие насилници, он постојано да организира протести за нивно ослободување нарекувајќи ги синови македонски?!?! и УСТАВО БРАНИТЕЛИ?!?!?!
Па тој ќе беше изеден жив од новинарите. Но на Мицковски ништо не му фали, тоа прашање дури никој не му го поставува во интервјуата и на прес конференциите…
Зошто македонските новинари се толку благи спрема Мицковски? Дали има некаква психичка бариера дека од ВМРОВЦИТЕ и треба да се очекува лудило и се навикнавме на тоа лудило па од нив не очекуваме ништо повеќе и ништо подобро?!?!
Но дури и да е тоа, сепак е тоа нефер спрема гласачите. Ние медиумите треба да поставиме еднакви стандарди спрема сите политички субјекти и не да тераме двојни стандарди, СДСМ да го масакрираме за баналности а на ВМРО ДПМНЕ да му простуваме ПРОТЕСТИ ЗА СЛОБОДА НА УБИЈЦИ НА ПРАТЕНИЦИ?!??!?!?!?!?!?!
ВМРО ДПМНЕ стално прави и други тешки будалаштини, кочи економски пакети, спречува работа на собрание, кочи и саботира попис, кочат и одолговлекуваат избори, го саботираат јавното здравство со протести и ширење лажни вести, постојано се служат со ЛАЖНИ ВЕСТИ, исто и за ова речиси никој новинар сериозно не го прашал Мицковски, не станало ниту збор во интервјуата со него…
Имам чувство како цело време на ВМРО ДПМНЕ да му се прогледува низ прсти за секакви лудачки работи а СДСМ го реметиме како некоја бубалица што научила се а ние му наоѓаме маана како ги врзал патиките или како ја закопчал кошулата, многу чуден однос имаат мк медиумите во земјава кога се во прашање СДСМ и ВМРО ДПМНЕ…
П.С Како само еден пример за тоа какви будалаштини си дозволува Мицковски, пред неколку дена изјави дека Јанша му рекол дека Заев учествувал во правењето документ за поделба на границите на балканот?!?!?! Еј, човече, ваква изјава може да даде само тотален политички КАМИКАЗА кој нема грам осет за својата земја!