Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле на терен и констатирале дека возилото било опожарено. Возилото е сопственост на Амбасадата на Италија во земјава.Д.М. појаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба, при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот. Опожарен е делот на моторот и шал таблата, наведува МВР.