МАКТЕЛ

     

АДМИНИСТРАТИВНА БОРБА ЗА ОПСТАНОК НА ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЦА ОД УЛИЦА ВО ШУТО ОРИЗАРИ Здружението ќе се бори да си ја врати лиценцата

      

Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари се соочува со можност за затворање, откако Министерството за социјална политика донесе одлука за одземање на неговата лиценца. Причината, според надлежните, е тоа што просторот во кој функционира не ги исполнува стандардите. Од здружението што го управува Центарот тврдат дека направиле обиди да ги усогласат условите, но не добиле конкретни насоки за потребните подобрувања. Додека се чека исходот од жалбената постапка, 24 деца кои секојдневно го посетуваат Центарот остануваат во неизвесност. Дваесет и четири деца на возраст од 4 до 14 години кои секојдневно престојуваат во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, наскоро би можеле да останат без своето сигурно прибежиште. Министерството за социјална политика, демографија и млади неодамна донесе одлука за одземање на лиценцата на Центарот, со образложение дека просторот каде што функционира не ги исполнува стандардите. Од здружението што го управува Центарот сметаат дека одлуката е неправедна и дека е резултат на бирократски пропусти, со оглед на тоа што и покрај нивните обиди да ги усогласат условите, не добиле конкретно известување за евентуалните недостатоци. Министерството, пак, тврди дека финансиската поддршка годинава е насочена кон друг давател на социјални услуги, кој, според нив, ги исполнува пропишаните критериуми.  Станува збор за здружението „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“.

„На јавниот конкурс имаат право да аплицираат здруженија и приватни даватели на социјални услуги согласно условите пропишани во истиот. На јавниот конкурс аплицираше и Здружението на граѓани Заштита на правата на детето за социјалната услуга – дневен престој за деца во ризик-деца на улица, но по спроведена постапка од страна на Комисијата за обезбедување средства за социјални услуги од општините и другите даватели е констатирано дека истите не ги исполнуваат условите пропишани во горенаведениот Јавен конкурс, за што Здружението е благовремено известено и информирано. Воедно, информираме дека од страна на Комисијата за лиценцирање на даватели на социјални услуги при Министерството за социјална политика, демографија и млади до Одделението за социјално вклучување, доставено е мислење за неисполнетост на условите за вршење на работа од социјалната заштита-за услугата центар за дневен престој за деца во ризик и воедно дава мислење за одземање на дозволата за вршење на работа во социјалната заштита за обезбедување на именуваната услуга, врз основа на што е изготвено соодветно Решение и истото е доставено до Здружението согласно позитивните законски прописи“, велат од ресорното министерство за Плусинфо. Од Дневниот центар, пак, сметаат дека Министерството било целосно некоректно, односно дека постојат повеќе недоследности и контрадикторности во целата постапка за одземање на нивната лиценца за работа, па ќе се жалат до Второстепена комисија.

   

Оливер Бачановиќ, претседател на Здружението за заштита на правата на детето, под чија капа спаѓа Центарот, во разговор за Плусинфо вели дека воопшто не е едноставно на тие 24 деца сега да им кажете дека повеќе нема да имаат каде да одат. – Откако Дневниот центар изгоре со градинката „Снежана“ во 2017 година, бевме преселени во дел во амбулантата во Шуто Оризари, а потоа во куќа спроти оваа здравствена установа, за на крај, во септември 2024 година, да најдеме нови простории. Се преселивме по укажување дека претходните простории не биле соодветни. Додека реновиравме во новата локација на Иљо Војвода, на 1 октомври 2024 дојдоа од Комисијата на министерството. Видоа, разгледаа, но не ни пратија никаков записник, дали чини, или не чини. Во подоцнежното Образложение од Министерството за одземање на дозволата за вршење на работа во социјалната заштита, не стои кои се причините за тоа зошто ‘не е соодветен просторот’, туку министерот донел Решение врз основа на Комисијата која изврши увид во нашите простории, а од која ние не добивме записник за она што е констатирано, иако повеќе пати се обраќавме кај надлежните и ги ажуриравме со фотографии со измените што ги правевме во просторот за да се прилагодиме на барањата согласно стандардите на Правилникот за работа.

Оттаму немаше никаква реакција. Иако, морам да додадам дека, дури и ако просторот не ги исполнува сите критериуми, треба да се има сенс за целокупната ситуација во општеството и за потребите на децата, наместо да се затвара еден толку потребен и докажан дневен центар. Пошироката слика е дека имаме потреба од повеќе дневни центри и дека наместо да ги намалува, министерството треба да наоѓа начин да ги зголемува ваквите капацитети. А нашиот центар не е само просторот, туку и целото акумулирано знаење и искуство што би згаснало со нашиот тим – вели Бачановиќ. За да биде конфузијата поголема, тој додава дека тие, во меѓувреме, имајќи лиценца за работа, биле легитимни да се пријават на конкурсот за доделување финансии за социјални услуги и да добијат управен договор. На овој конкурс пак, распишан на 24 декември, останале без поддршка, наводно, заради задоцнето даночно уверение од УЈП. Иако документот за даноци бил побаран во законскиот рок (на 25 декември 2024), како што вели Бачановиќ, тој им бил издаден на 3 јануари 2025 година, неколку денови подоцна, по крајниот рок на конкурсот (30 декември), поради што министерството не ја прифатило апликацијата. – Се пријавивме како што се пријавуваме секоја година. Не ни е прв пат. Со сета потребна документација и притоа укажавме дека сме поднеле барање до УЈП во законскиот рок. Бараниот документ го доставивме на истиот ден кога ни беше издаден од УЈП, но сепак, воопшто не беше разгледана апликацијата – посочува Бачановиќ. Во февруари дознале дека нивната апликација е отфрлена, а дури сега, на 7 март, дошол официјален допис дека им се одзема лиценцата за работа, бидејќи не бил соодветен просторот кадешто функционира Центарот. Така кругот се затвора, па Бачановиќ вели дека поентата е во тоа дека некој што е проверен во работата, поради бирократски причини и пост-фестум потези во документацијата, се доведува во ситуација да ја затвори вратата. Тој се надева дека ќе добијат позитивен одговор по жалбената постапка со оглед на големиот број правни пропусти и недоречености. Координаторката на Дневниот центар, Ирена Велкоска, објаснува дека киријата за просторот, храната и за хигиенските средства за децата досега успеале да ги обезбедат благодарение на донации од компанијата ТестДевЛаб, Ротари клуб Скопје Север и индивидуални донации од хумани граѓани. Таа посочи дека изминативе години им помогнале на повеќе од 600 деца и многу од нив ги извеле на вистинскиот пат.

  

Најново

Трамп до Путин по новите напади врз Киев: „Владимир, СТОП!“

Sase Ivanovski

По три месеци хаос во Вашингтон, политичката ракета на Илон Маск остана без гориво

Sase Ivanovski

Истрага за 19 годишник кој во Кисела Вода им нанел тешки повреди на две лица

Sase Ivanovski

Сè уште се чека да се раскинат концесиите за малите хидроцентрали во Маврово и на Шар Планина

Sase Ivanovski

ОАЕ ја укинуваат визата за државјаните на Северна Македонија, објави премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Руски офицер загина во експлозија на автомобил во Москва пред посетата на претставникот на Трамп

Sase Ivanovski

Ако вработеноста кај жените е колку кај мажите, БДП би пораснал за 2,5 милијарди евра

Sase Ivanovski

Лик од Македонија и песна на македонски јазик во следната епизода на „Симпсонови“

Sase Ivanovski

Едно лице повредено во вооружена престрелка на Бит Пазар

Sase Ivanovski

Обвинителството ќе ги испитува повредените и семејствата на жртвите во Кочани на почетокот на мај

Sase Ivanovski

Студентите на УКИМ ќе можат да работат во компании, практичната работа ќе биде дел од студиските програми

Sase Ivanovski

Тројца полицајци од Кочани пријавени за злоупотреба на службена положба во случајот со дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ не може да соработува со некој кој што соработува со ДУИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Распределени 334 милиони денари за проекти во МОН, исплатени 2.404.561.224 денари кон 14502 тутунари, укинати визите за ОАЕ

Sase Ivanovski

СДСМ: Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност?

Sase Ivanovski

Костовски: Со поддршка од Владата, општина Бутел се трансформира и ќе аплицира со 38 проекти на вториот повик

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената работа што беше организирана во владеењето на СДС и ДУИ беше криминалот

Sase Ivanovski

Бугарија сè уште не одговорила на барањето на Македонија за средба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСТРЕЛКА ВО БИТ ПАЗАР- ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, ОШТЕТЕНИ СЕ ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА МЕСЕЧНО СЕ ВРТАТ ВО БИЗНИСОТ СО БРЗИ ПОШТИ ВО МАКЕДОНИЈА – Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

Sase Ivanovski

Реагира Здружението на градежни инспектори: Неточно се толкуваат нашите надлежности

Sase Ivanovski

Зеленски ја прекина посетата на Јужна Африка поради новите руски напади во Украина

Sase Ivanovski

Сведочеше таткотo на Кецмановиќ: Немам објаснување како пукал кон својот најдобар пријател

Sase Ivanovski

Кремљ: Путин и Виткоф ги намалуваат разликите помеѓу САД и Русија во врска со Украина

Sase Ivanovski

Захарова: Украинските служби се вмешани во убиството на рускиот генерал Москалик

Sase Ivanovski

Тетовец за Нова година ја тепал сопствената сестра, ѝ се заканувал со пиштол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени го погоди Еквадор, Владата работи на изградба на засолништа

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: Културната револуција на Трамп

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) БОМБА РАЗНЕСЕ ГЕНЕРАЛ ВО МОСКВА: Убиен висок руски воен функционер

Sase Ivanovski

КОШАРКАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ДОБИВА НОВ ЛИДЕР Главчев ќе го замени Антиќ

Sase Ivanovski

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ НА БЛЕЈК ЛАЈВЛИ „Колега сакаше да ја убие мајка ми“

Sase Ivanovski

Филипче негира дека има златна виза за Дубаи

Sase Ivanovski

Нов напад врз социјален работник, овој пат во Скопје – напаѓачот фрлал предмети и кршел инвентар

Sase Ivanovski

Џонсон остро против мировниот план на Трамп: Треба безбедносни гаранции за Украина, а не отстапки за агресорот

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: Тајните на Татјана

Sase Ivanovski

Голем одрон на автопатот Скопје-Велес кај Катланово, сообраќајот се одвива по една лента

Sase Ivanovski

Во сабота четврти протестен марш на семејствата на загинатите во Кочани: Се повикуваат сите граѓани да дадат поддршка за правда!

Sase Ivanovski

Трамп во големо интервју за „Тајм“: Крим останува на Русија, следува економски бум со царините

Sase Ivanovski

Почина Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој беше тешко повреден денеска во пукотници на Бит Пазар

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ отвори нови хоризонти во третманот на ГЕРБ со течниот Омепразол: во Загреб одржана Првата меѓународна конференција за иновативни решенија во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти

Sase Ivanovski

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

Sase Ivanovski

Филипче најави дека ќе објават дел од кандидатите за градоначалници

Sase Ivanovski

На улица „Џон Кенеди“-Чаир, веќе трети ден никој не го чисти сметот, веќе е направена депонија

Sase Ivanovski

Општина Куманово: СДСМ манипулира за реконструкцијата на водоводот на „Никола Тесла“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Малеска во „Интеркултура“: Си ја сечеме гранката на која седиме доколку го уриваме моделот на споделување на власт

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХАОС ПРЕД СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: Несовесен возач натера човек во инвалидска количка да се тргне, за да може тој да си вози по тротоарот на булевар Киро Глигоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој дозволил тротоарот на најпрометниот булевар во Скопје да се претвори во двонасочна улица во која се влегува и излегува од пешачки премин на „Партизанска“?

Sase Ivanovski

Од Карпош до Кочани – кога има волја, има и солидарност!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски загрижен: Македонија може да ја пропушти 2030 година за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ: Продолжуваме со дисциплинирана фискална политика, намалување на неформалната економија, зголемена наплата и поддршка на економијата

Sase Ivanovski

ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО ШЕИК ЈАСИМ БИН ХАМАД АЛ-ТАНИ, ВРШИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТ ВО КАТАРСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против тројца полициски службеници од Полициската станица Кочани за пожарот во дискотеката Пулс

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода мотоциклист кој удри малолетничка во Скопје

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ДОБИ ПОМОШ КОГА НАЈМНОГУ И ТРЕБАШЕ: ЈАКИМОВСКИ И КРСТЕВСКИ СО ЗАЕДНИЧКИ ЧЕКОРИ НАПРЕД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Полициски марш за тимски дух и заедништво со заедницата

Sase Ivanovski

МОН: Средба на министерката Јаневска со комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флахерти

Sase Ivanovski

Филипче: Владината коалиција е нефункционална, тоа граѓаните секојдневно го чувствуваат на своја кожа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Левица и Апасиев се демаскирани, тезите дека купиле подрум се неточни, во дуќанот отворил кафуле член на ЦК на партијата

Sase Ivanovski

СРЕДБА ГАШИ- ИБРАХИМОВИЌ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА НЕГУВААТ БРАТСКИ ОДНОСИ И ЗАЕДНИЧКИ СТРЕМЕЖ КОН ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Без разлика на припадност и функција, секој вклучен во противправно дејство ако има докази мора да одговара

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Реконструкцијата на „Работнички“ во полн ек, септември ја пуштаме во употреба

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Филипче: За прв пат после 50 години се реконструира спортската сала „Работнички“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Денеска прва средба на работните групи за правосудството

Sase Ivanovski

Кумановец завршил со тешки повреди во болница, откако го натепал сограѓанин

Sase Ivanovski

За 4 месеци во Куманово реконструирани низа улици и изградени детски катчиња

Sase Ivanovski

Горан Герасимовски: Денеска, заедно со претседателот на СДСМ Венко Филипче извршивме увид во градежните активности, реконструкцијата се одвива во полн ек

Sase Ivanovski

Мисијата КФОР во Косово, предводена од НАТО, објави дека и се придружиле и војници од Белгија, Луксембург и Холандија

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Денес, поднесовме нови, дополнителни 10 апликации за капитални проекти на вториот владин повик за поддршка на општините

Sase Ivanovski

(ФОТО) Кулите Ајло, познати и како Кули на облаците, во Нантер, Франција, дизајнирани од архитектот Емил Ајло во 1977 година

Sase Ivanovski

Во чест на Крсто Гермов – Шакир војвода, тимот на Жива е Македониiа ја оживеа оваа убава стара и ретка фотографија во боја

Sase Ivanovski

Наум, Невена и Калина Нешкоски, брат и две сестри со македонско потекло кои живеат во САД, ќе бидат вклучени во една од новите епизоди на светски познатата анимирана серија „Симпсонови“

Sase Ivanovski

ПОПЛАДНЕВО ДВЕ ГРУПИ ОД ПО ПЕТ-ШЕСТ ЛИЦА СЕ ПУКАЛЕ НА БИТ ПАЗАР – ЕДЕН Е ВО БОЛНИЦА, ПОЛИЦИЈАТА Е НА ТЕРЕН

Sase Ivanovski

ПРВИОТ МИЛИЈАРДЕР НА БАЛКАНОТ КОЈ ГИ ИЗГРАДИ СИТИ МОЛ И ИСТ ГЕЈТ ВО СКОПЈЕ: Самир Мане побегна од комунистичкиот режим на Албанија во раните 1990-ти и се пресели во Австрија каде го заработи своето прво богатство

Sase Ivanovski

Џељо Хоџиќ: Денес имав голема чест, со г-дин Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП и поранешен премиер, во една пријатна атмосфера да разговараме и размениме мислења на многу политички теми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: За локални, магистрални и експресни патишта планираме од 500 до 1 милијарда евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Во Кичево ќе се гради болница на нова локација, така е поевтино, старата локација ќе се руши

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денес сакам да споделам одлична вест за македонските земјоделци!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска имавме продуктивна средба со Министерот за надворешни работи на Црна Гора, г. Ервин Ибрахимовиќ

Sase Ivanovski
Вчитувам....