Алити вели дека потврда дека власта ја злоупотребува „Европа“ се и коментарите и изјавите на Европската комисија од каде претходно кажаа дека измените во Кривичниот законик се несоодветни бидејќи за нив требало да се дискутира подолго и дека со овие измени се зголемува можноста за пораст за неказнивоста кај функционерите.
-Како против одговор за Брисел е изјавата на Али Ахмети од пред неколку дена дека „и Брисел и Вашингтон кога ќе влезат во подлабока анализа ќе ги разберат причините. Ние сме во процес на скрининг и промените во правдата се приоритет“. Овој негов одговор не само што ја навредува интелигенцијата на граѓаните и Европската комисија, туку открива и злоупотребата станала подмет на оваа тема – кажа Алити. Тој рече и дека во земјава сите се навикнати на честата злоупотреба на европското знаменце и кажа дека дури и кога Европската унија реагира негативно на измените на кривичниот законик, власта и понатаму манипулира дека тие се неопходни за реформи во правосудството и дека се на иста линија со европските пракси.
-Тоа се случува со децении. Така го злоупотребија и албанското знаме за да манипулираат со Албанците дека се борат за нивниот интерес, како што беше и манипулацијата со идејата на албанскиот премиер, за сега да изјавуваат дека времето на патриотизмот е завршено, а при тоа да прејдат на измените во Кривичниот законик со образложение дека тоа е неопходно за реформите во правосудството и тоа е она што ЕУ го побара од нас – вели Алити.