Не е случајно што медицинската дејност се извршува во тим. Секоја амбуланта а особено таа што е во мало место кое е далеку од поголема здравствена установа треба да е спремна да одговори на животозагрозувачки состојби. -Дали лекарот во тие места при реанимација ќе врши компресии на градите и ќе дава лекарства во исто време? -Дали при анафилактичен шок ќе спрема анти шок терапија, ќе ја аплицира и во исто време ќе врши контрола на витални параметри? Можеби таму ЗПЛРМ планира да вработи лекари октоподи.
Но најбезобразното од се е да се полакомиш по платата на медицинската сестра која е далеку од тоа што треба да биде, имаат неверојатно деликатна и важна улога во медицинскиот тим, и е ефективно и лева и десна рака во овој здравствен систем и за мене најважната улога е како коректив и дополнителна контрола на медицинските одлуки. Не знам со кое лице лекарите кој го заговарале ова утре ќе се појават на работа и ќе и дадат било какво задолжение на сестрата. Ова го договара институција која треба да биде претставник на сите матични лекари а се користи за бизнис идеи на нејзините “функионери”. Јас без медицинска сестра не би можел и не би сакал да работам.
Некои од најважните лекции во медицината сум ги научил токму од медицинските сестри, токму тие ми помогнале да го спроведеме мојот план за лекување и токму тие ме одбраниле од грешките и тешките искуства кои можат да ти се случат особено на почеток во кариерата. За крај БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ КОИ НИ ЈА ОВОЗМОЖУВААТ И ОЛЕСНУВААТ РАБОТАТА, И САКАМ ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ОВАА ПОСТАПКА Е СТАВ НА ЕДНА МАЛА ГРУПА ВО ЗПЛРМ А НЕ НА ЛЕКАРСКАТА ФЕЛА. Лекарот и медицинската сестра се нераздвојни делови на функционалната единка на здравствениот систем – МЕДИЦИНСКИ ТИМ N.B. Терминот медицинска сестра се однесува и на медицинските техничари