Горд сум на професионалната и брза реакција на нашите единици – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Одделот за воздухопловни единици, кои во координација со Полициското одделение Маврово, успешно извлекоа две лица од водите на Мавровското езеро. Благодарност до сите учесници во оваа херојска операција, кои со храброст, стручност и брза реакција успеаја да ги спасат животите на нашите сограѓани.
Ова е уште еден пример за нашиот висок степен на професионализам и посветеност. Деноноќно сме подготвени да реагираме и помагаме и во вакви критични моменти. Продолжуваме посветено да служиме на народот да обезбедиме сигурност и безбедност за сите. https://www.instagram.com/p/DHOhv5xOwvv/?utm_source=ig_web_copy_link