17.8 C
Скопје
31/05/2023 12:12
МАКТЕЛ

     

Александар Јорданов „исвиркан“ во македонскиот парламент

    

Бугарскиот европарламентарец Александар Јорданов се обиде да испровоцира инцидент тврдејќи дека Гоце Делчев е Бугарин, а браќата Миладиновци објавиле бугарски песни.
Попладнево се случи бугарско сценарио во македонскиот парламент. Европарламентарецот Александар Јорданов, кој е член на коалицијата ГЕРБ-СДС и на групата Европски народни партии, се обиде да испровоцира инцидент тврдејќи среде расправата на Мешовитиот комитет Македонија- ЕУ дека Гоце Делчев е Бугарин, дека браќата Миладиновци објавиле бугарски народни песни а ги нарекле македонски само затоа што биле од географскиот регион Македонија, дека кај нас се дискриминираат граѓаните што се декларираат како Бугари и генерално нема атмосфера за уставни промени.

   

Јорданов, кој знае да се спушти многу повеќе нивоа во говорот на омраза кон Македонија кога зборува од Брисел, предизвика револт и дофрлање кај македонските пратеници кои го прогласија за неук да зборува за темата и побараа да не држи час по историја, бидејќи за тоа си има историска комисија. „Мојот впечаток е дека сум присутен во две Македонии – една за која слушнав од граѓанското општество, вклучувајќи ги и граѓанските организации на Бугарите и втората, од политичарите. Очигледно имате многу проблеми во сите можни сфери, вклучувајќи ги и добрососедските односи. Мојот впечаток е дека ова е околина каде што е тешко да се носат одлуки. Има конфронтирачка атмосфера, исто како и во Бугарија. Но, проблемите треба да се решаваат, а не да се ставаат под тепих“, рече Јорданов во учтивиот дел од обраќањето, пред да почне да провоцира и да навредува.

 

„Во парламентот очигледно нема атмосфера за уставни промени. Ве прашувам, кога ќе се случат тие? Слушнав примери за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија, за опожарување на културните клубови, за славење на сторителите, за носење на ретроактивниот закон – сето тоа е неприфатливо во Европската унија. Дали е ова владеење на право? Ова не е само прашање на односите на Бугарија и Северна Македонија, ова е прашање на човекови права и вредности“, рече Јорданов, кој порано беше и амбасадор на Бугарија во Скопје. Тој потоа се префрли на држењето лекции од историја, која како што повтори неколкупати треба да се базира на реалноста, а не на тоа како сакаме ние да изгледа реалноста.

  

„Мора да знаете историја. Таа е вечна дисциплина. Гоце Делчев неколкупати се декларирал како Бугарин. Браќата Миладиновски напишаа зборник на бугарски народни песни кои ги нарекоа македонски само затоа што се од регионот на географска Македонија. Не може тие да станат македонски песни“, рече Јорданов, по што наиде на довикувања од пратениците дека ова не е час по историја, дека има кој да расправа за тоа, дека постои историска комисија и дека историјата овде не е тема, на што тој возврати дека, напротив – историјата била европска вредност. Притоа не пропушти да порача дека приемот на Македонија во ЕУ зависи најмногу од добрите односи со Бугарија.

    

Соња Мираковска од НСДП, која го водеше Мешовитиот комитет, му возврати со лекција за добро однесување, без да му даде повод да се жали на сите страни дека наишол на политичка нетолеранција во македонскиот парламент, по што доби аплауз од нашите и европските пратеници. „Непримерно е овде да зборувате за тоа, ниту пак имате научни докази како се чувствувале Македонците“, му возврати таа. Потоа го потсети дека Комитетот на министрите на Советот на Европа има резолуција која утврдува дека нашата држава системски не го дискриминира бугарското малцинство. За законот за имињата на граѓанските здруженија му порача дека е усвоен со консензус од сите политички партии, дека тие не се забрануваат туку начинот на кој се именуваат и дека такви правила има и во Германија. За уставните измени рече дека е формирана работна група која работи на нив и дека станува збор за долг процес во кој самата процедура на измена на Уставот трае четири месеци.

„Ова е вторпат да го отвораме Уставот за краток период. Немојте да мислите дека тоа е едноставно и лесно за граѓаните на Македонија. Пријателите си помагаат во вакви моменти, а многу изјави на бугарски политичари не ни помагаат да ги направиме измените. Видовте како ние ги меревме зборовите за да не си ги отежнуваме работите. Никој не бил во ваква позиција за да знае колку е тешко да се направи ова. Никој не може ни да нѐ обвинува за дискриминација на етнички малцинства кога ги слушнавте пратениците Албанци како зборуваат слободно на албански јазик во парламентот. Јас само се надевам дека сите Македонци во сите земји ќе го добијат своето право за самопределување, што денес не е случај“, рече Мираковска и доби силен аплауз.

Реагираше и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека вистината е ова – дека патот на Македонија до ЕУ оди по два колосека: едниот се преговорите за акито и вториот, преговорите со Бугарија. Тој нагласи дека нема втор пример во светот на ваков систематски начин да се удира по правото на самоопределување на еден народ, по правото да го именува мајчиниот јазик и слично и дека е крајно понижувачко Македонија да треба да ја менува историјата и да менува како се определува за да влезе во Европската унија. Ниту една земја, додаде тој, не била условена со ваков диктат да се прифати еднострано толкување на историјата поради што 85 отсто од етничките Македонци се против францускиот предлог кој ѝ овозможи таква позиција во преговорите на Бугарија.

„Овие 85 проценти против се повеќе од сите излезени граѓани на било кои избори во Македонија досега“, рече Николоски, предупредувајќи дека ваквата политика на Бугарија има само контраефекти, бидејќи никој не сака да биде понижуван. На Мешовитиот комитет кој заседава во Скопје требаше да присуствува и Ангел Џамбаски, но тој иако беше најавен, не се појави во Собранието. Настапот пак на Јорданов покажа колку е осилена развластената коалиција на ГЕРБ-СДС, која доби мандат да формира влада со некои шанси да успее. Практично, денешниот скандал испровоциран од Јорданов покажа дека уште недојдени на власт, преставниците на оваа коалиција (Јорданов е од СДС – Сојуз на демократски сили) веќе провоцираат проблеми на Македонија, дури и повеќе од претходната техничка гарнитура.

Се виде исто така дека ВМРО-ДПМНЕ е безгласна буква во Европската народна партија(ЕПП) и дека Бугарија практично ја владее оваа политичка групација во ЕП, што стана јасно и од реакцијата на германската европарламентарка Марион Валсман од ЦДУ за забраната за влез за Андреј Ковачев, иако порано жестоко ги застапуваше позициите на нашата главна опозициска партија. Практично ова што се случи денес е најава што може да очекуваме ако Бојко Борисов и неговите се вратат на власт во Софија, со Екатерина Захариева или без неа. Олеснителна околност е само тоа што ЕПП не е веќе во Брисел тоа што беше и што бројот на премиери од оваа групација значајно е намален.

Во тој стил, Валсман порача денес дека добрососедските односи се „мошне важен предуслов за пристапување во ЕУ“, но дека Македонија не е единствената на која се однесува тоа, туку и на Бугарија и на Грција. Откако нѐ пофали за позитивните примери на соработка, особено во енергетиката, таа забележа дека имало и чекори назад, како што го оцени враќањето на Андреј Ковачев од границата.

„Северна Македонија покажа волја и има постигнато напредок околу овие прашања. Не мислам само на направените промени на Уставот, туку и на изјавата за немање територијални претензии кон соседите. Ние ги почитуваме и уважуваме овие напори. Живееме во време кога немаме друг избор освен да соработуваме за глобалните прашања. Добрососедство не се создава од нула. Треба да се гради чекор по чекор и да се покаже солидарност. Треба подготвеност да се носат непопуларни одлуки и тоа не е лесно, но сега само 53 отсто од граѓаните кај вас се за влез во ЕУ, а не толку одамна беа над 70 отсто. Ако не напредувате, трпението на граѓаните може да се истенчи и целиот процес да биде загрозен. Секој ден треба да работиме на подобрување на добрососедските односи за да ја постигнеме целта и треба некогаш да носиме емотивни одлуки, порача таа“, практично разидувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ како политички сојузник и околу уставните измени.

Тојс Ројте, холандски европарламентарец од групата на социјалдемократите, беше поексплицитен во пораките.
„Постои ризик од замрзнување на процесот на евроинтеграција, што не можеме да си го дозволиме. Сите од тоа ќе изгубиме, а добитник ќе биде господинот Путин и тие што сакаат да го дестабилизираат регионот. Треба да се запрашаме – како ќе ни судат идните генерации за ова што го правиме денес, и македонските и европските ? Дали ги оставивте настрана изборните резултати и лични конфликти за да станете земја членка на ЕУ и за да спречите геополитичка катастрофа на нашиот континент?“, предупреди холандскиот европарламентарец. Тој наедно порача дека промените што се бараат од нас треба да се направат на најбрз начин за да станеме со Албанија членки на ЕУ.
„И за вас и за нас оваа задача е поголема од идните избори“, рече тој. Мешовитиот комитет ќе продолжи со работа и утре, по што ќе се усвојат заеднички заклучоци. Ова инаку беше 21 состанок на овој комитет што зборува колку долго ни трае патот и до преговорите за членство.

  

Најново

Бочварски: Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер. Мерките на Владата даваат конкретни резултати во авиосообраќајот

Sase Ivanovski

Четворица повредени во украинското гранатирање на рускиот пограничен град Шебекино

Sase Ivanovski

Бектеши на МЕФ 2023: И покрај енергетската криза засилено инвестираме во енергетска транзиција и регионално енергетско поврзување

Sase Ivanovski

Рамо до рамо со граѓаните на Струга, Куманово и Сарај: СДСМ ги зголемува платите и пензиите и ја води државата кон членство во ЕУ

Sase Ivanovski

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Sase Ivanovski

Димитриевски: МТСП ги одзема ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување директор во градинката Ангел Шајче, ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата

Sase Ivanovski

Ковачевски на ГЛОБСЕК: Северна Македонија како фактор на стабилност активно придонесува кон стабилен и економски силен регион

Sase Ivanovski

Петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Sase Ivanovski

Борисов: Не го давам мојот пратенички имунитет, го бараат за да не се формира влада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Граѓани пред зградата на општина Звечан, КФОР зајакнува со бодликава жица

Sase Ivanovski

Српско знаме долго 300 метри пред општина Звечан на северот на Косово

Sase Ivanovski

ДУИ реагира до ВМРО-ДПМНЕ за патиките на Груби: Затоа Груевски има четирипати поголем рејтинг од Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕ Е ГРЕВ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА ДА ЗАРАБОТИШ, ЗНАЧИ СИ ПОНУДИЛ СЕРВИСИ И ПРОДУКТИ И ПАЗАРОТ ТЕ НАГРАДИЛ, ТАКА РАБОТИ КАПИТАЛИЗМОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Данела против Мицковистите: Само тендери, паричиња и магариња товарање ви се во умот :)

Sase Ivanovski

Ристевска Јорданова: Нема гаранција дека барањата ќе престанат, проблемот е што Бугарија не го признава македонскиот народ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОПОВСКИ: ПИСМОТО НА АГЕЛАР БЕШЕ ГОЛЕМ ДИПЛОМАТСКИ ГАФ, ТАКВО ПИСМО ДА ПИШЕШЕ РУСКИОТ АМБАСАДОР ЌЕ БЕШЕ ПРОТЕРАН ЗА 24 ЧАСА

Sase Ivanovski

42 санкции за брзо возење, 16 казнети мотоциклисти на територија на СВР Битола

Sase Ivanovski

Значаен јубилеј – 35 години Лекторат по македонски јазик на Шлезискиот универзитет во Полска

Sase Ivanovski

Маричиќ: Поглавјето 20 ја отвора вратата на пазарот на ЕУ за македонските компании

Sase Ivanovski

160 санкционирани возачи на мотоцикли

Sase Ivanovski

Кривична пријава за командирот на ОВР Виница за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

Димитриевски: Куманово единствена општина со бесплатен автобуски превоз за своите граѓани

Sase Ivanovski

Курти го нападна Блинкен: Нефер, погрешна и наивна изјава!

Sase Ivanovski

Иницијативата за уставни измени на проверка во Министерството за правда, собраниската постапка се очекува да почне кон средината на јуни

Sase Ivanovski

Ганиу: Во ДУИ владее целосна анархија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОПОВСКИ: ПОВРЗАНИ СМЕ СО ГРЦИЈА И СРБИЈА НЕ ПОРАДИ ПОЛИТИКА, ТУКУ ПОРАДИ ГЕОГРАФИЈА, ДРАЧ И БУРГАС СЕ МНОГУ ДАЛЕКУ И ДО НИВ ИМА ОГРОМНИ ПЛАНИНИ

Sase Ivanovski

И Груби како Мицковски си купува скапи патики. ВМРО ДПМНЕ прашува носел ли такви Груби кога бил хулиган

Sase Ivanovski

Изречени 154 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје, 21 за брзо возење

Sase Ivanovski

Руските тенкови напредуваат, гори рафинерија во Краснодар, напад на Белгород, има мртви!

Sase Ivanovski

Замина уште еден урбан градски скопски лик: Почина Драги Христов – „Шпага“

Sase Ivanovski

Пендиков: Не се плашам, ама не е убаво чувството да добивате смртни закани со пцуење

Sase Ivanovski

Медведев: Британските власти може да се гледаат како легитимна воена цел

Sase Ivanovski

Крадец од Штип, со живеалиште во Радовиш, „оперирал“ во Гостивар

Sase Ivanovski

Судење за нападот на Пендиков: Судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот излегоа од судница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бројот на заболени со мултиплекс склероза расте, а терапијата е недостапна за голем број од нив

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КИНЕСКИ ВОЕН АВИОН ЗА МАЛКУ ЌЕ СРУШЕШЕ АМЕРИКАНСКИ ШПИОНСКИ АВИОН ВО ЈУЖНО КИНЕСКО МОРЕ

Sase Ivanovski

ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА ГРАФИЧКИ КАРТИЦИ НВИДИА СЕ ПРИКЛУЧИ НА КЛУБОТ КОМПАНИИ КОИ ВРЕДАТ НАД 1000 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА БЕРЗАТА

Sase Ivanovski

Кадиров повика да се прогласи вонредна состојба во Русија

Sase Ivanovski

„НУЛА ОТПАД“ ЌЕ ГО СОБИРА ГАБАРИТНИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД ОД ДОМОВИТЕ НА КАРПОШАНИ

Sase Ivanovski

Борел бара итно продолжување на Дијалогот Белград – Приштина

Sase Ivanovski

Русија им подели 1,5 милиони пасоши на жители од окупираните територии

Sase Ivanovski

Организаторите на „Ролан Гарос“ за потегот на Ѓоковиќ: Нема официјални правила што смеа да кажат играчите

Sase Ivanovski

Нема да останете сами, ја имате поддршката од целата заедница, им порача Ѓоргиевска на луѓето со мултипла склероза

Sase Ivanovski

Општина Пробиштип врз основа на барање од месните заедници и со поддршка од Советот на општината воведува бесплатен линиски превоз за повеќе населени места во рамки на територија на општина Пробиштип

Sase Ivanovski

Софиското обвинителство предлага да му се одземе имунитетот на Борисов

Sase Ivanovski

НАТО: Нападите врз мировниците во Косово мора да престанат

Sase Ivanovski

ЛУДА ЛОГИКА НА ИЛЧЕ ГЕБЕЛС: Ако не се прифатат уставните измени, оваа влада го губи легитимитетот

Sase Ivanovski

Милановиќ: Престанете да повторувате дека Косово е Србија!

Sase Ivanovski

Борел со Милатовиќ: Црна Гора е најнапредната земја кандидат

Sase Ivanovski

Фатени двајца бегалци од „Идризово“, на слобода биле само околу еден час

Sase Ivanovski

Киднапирана па пуштена малолетничка од Скопје, киднаперот бил нејзиниот дечко

Sase Ivanovski

Ангелова со 200 гласа разлика пред второпласираниот е избрана за нов ректор на УКИМ

Sase Ivanovski

Агенција за филм ѝ одговори на продукциската куќа на Милчо Манчевски

Sase Ivanovski

Трагедија во Грција, гром уби Британец додека пловел на даска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИРКА КЛАСНАТА НА БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ ДАГЛАС ХЕРТ МУ ПРАВЕЛА ПИНЏУР

Sase Ivanovski

Харадинај: Курти да поднесе оставка, тој и Вјоса Османи го уназадија Косово!

Sase Ivanovski

Oсмани: Со Весела Чернева, како советничка на Петков ги водевме најтешките преговори

Sase Ivanovski

За Георгиев критиките од амбасадорот Коп и шефот на државата Пендаровски не се пријатни, но не влијаеле врз него

Sase Ivanovski

Арсовска: Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски – „Ќе дојдеме до Девојачки мост“, дофрли Славески

Sase Ivanovski

Битиќи од МЕФ: Го отворивме патот за одржлива и просперитетна енергетска иднина

Sase Ivanovski

Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје

Sase Ivanovski

При крај се подготовките за ревидирање на позитивната листа на лекови, за една недела ќе може да се аплицира, вели Меџити

Sase Ivanovski

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Sase Ivanovski

AETM: Успешно реализирана еко-акција на Водно со заедницата за е-трговија

Sase Ivanovski

За претседателот на Судскиот совет критиките се непријатни, но не отстапува од тврдењето дека се работи законски и без корупција

Sase Ivanovski

Спасовски учествуваше на регионалната конференција на МАРРИ „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“

Sase Ivanovski

Вратите на Хубо Маркет се повторно отворени

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Нема договор за повлекување на специјалните единици од Звечан, се огласи МВР на Косово

Sase Ivanovski

Џафери: Иницијативата за една изборна единица заглавена во Комисијата за политички систем

Sase Ivanovski

ЕУ преиспитува дали Унгарија е способна да претседава следната година

Sase Ivanovski

Решена мистеријата зошто позелене водата во Венеција

Sase Ivanovski

Основните јавни обвинителства во државава добиваат 18 нови јавни обвинители

Sase Ivanovski

Шефот на „Вагнер“ бесен: Зошто по ѓаволите пуштате дронови да летаат кон Москва?

Sase Ivanovski

Седум деца од Македонија во мрежата на трговците со луѓе

Sase Ivanovski

Спасовски: Ја цениме поддршката на САД, кои се гаранција за стабилност на регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сојуз на глуви: Татко претседател, ќерка генерален секретар, старосватица секретарка, кум…

Sase Ivanovski

ФОКУС: Биљана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Sase Ivanovski

Американскиот КФОР пристигна во Лепосавиќ на Косово како засилување на италијанскиот контингент

Sase Ivanovski
Вчитувам....