„Овие заканувачки пораки се и поттикнување на омраза и насилство, а претставуваат директна опасност по животите на пратениците и секој граѓанин во државата. Молкот и неказнивоста на ваквите постапки претставува охрабрување за луѓето кои овој пат се дрзнаа писмено да се закануваат, а утре можеби ќе се осмелат да дејствуваат. Релативизирањето на ваквите закани остава простор за поттикнување криминални и националистички групи во земјата.- Advertisements –
Дополнителен мотив за овие постапки е националистичкиот пристап на Владата, суровиот јазик кој почна да се користи кон Албанците дури и од македонските политички експоненти и целосната индиферентност на албанските партии во Владата кои ни овој случај не го гледаат како доволен за осуду и институционално постапување“ се вели во реакцијата од партијата.Оттаму повикаа органите на прогонот да го расветлат овој случај, заканувачите да се откријат и санкционираат и да испратат порака со која ќе се спречи насилството додека се уште е во фаза на вербална реторика.