Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до трофејот на турнирот во Пекинг откако денеска во финалето беше подобар од Јаник Синер со 2:1 во сетови. Алкараз со овој триумф влезе во серија од три победи во низа против најдобриот светски тенисер во овој момент и сите три дуели завршија со по еден освоен сет на Синер.
Мечот во Пекинг донесе голема борба која траеше три часа и 21 минута, а до победата Алкараз дојде со пресврт. Првиот сет го доби Синер во тај-брејк откако прво спаси три сет топки, но подоцна шпанскиот ас одговори на вистински начин и вториот сет го доби со 6:4 за израмнување.Направи брејк Алкараз и во третиот одлучувачки сет, но Синер и тука се го возврати, па победникот се решаваше во тај-брејк. Титулата за Алкараз во Пекинг беше 16. во кариерата и четврта оваа година.