Овој филм е адаптација на романот „What Are You Going Through“ од Сигрид Нуњез. Приказната е за писателката Ингрид (Џулијан Мур) која го обновува пријателството со Марта (Тилда Свинтон).
Филмот „The Room Next Door“ на Педро Алмодовар го освои Златниот лав за најдобар филм на 81. издание на Филмскиот фестивал во Венеција, Италија. Овој филм е адаптација на романот „What Are You Going Through“ од Сигрид Нуњез. Приказната е за писателката Ингрид (Џулијан Мур) која го обновува пријателството со Марта (Тилда Свинтон).
Марта, која се бори со терминален карцином на грлото на матката, сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе го земе апчето за евтаназија. Филмот неодамна беше премиерно прикажан во Сала Гранде, а публиката го награди тимот со громогласен аплауз кој траеше дури 17 минути.
Главното жири на 81-то издание на Венецискиот филмски фестивал го сочинуваа Изабел Ипер, Џејмс Греј, Ендрју Хај, Агњешка Холанд, Клебер Мендонча Фиљо, Абдерахман Сисако, Џузепе Торнаторе, Јулија фон Хајнц и Џанг Зији. Големата награда на жирито отиде во рацете на „Vermiglio“ од Маура Делперо. Сребрениот лав за најдобар режисер му припадна на Брејди Корбет за филмот „Бруталист“. Деа Кулумбегашвили ја доби специјалната награда од жирито за филмот „Април“.
Мурило Хаузер и Хеитор Лорега се наградени за најдобро сценарио за филмот „I am stil here“. Никол Кидман го освои Купот Волпи за најдобра актерка за „Baby girl“. Волпи купот за најдобар актер му беше доделен на Винсент Линдон за „The Quite son“.