21.8 C
Скопје
06/06/2023 11:51
МАКТЕЛ

     

АМАН СО ТОА УНЕСКО, ОХРИД МОРА ДА СЕ РАЗВИВА: Наместо мораториум, во Охридскиот регион на големо се гради и легализира!

    

Во септември УНЕСКО ќе одлучи дали Охридскиот регион ќе биде прогласен за светско наследство во опасност. Рокот за спроведување на препораките истече, а во Охрид продолжува бесправната урбанизација. Со изигрување на Законот за легализација се легализираат и нови градби во Националниот парк Галичица.

   

Пишува: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА, ФОКУС
Рокот од две години кој УНЕСКО и го даде на Македонија за да ги спроведе препораките за зачувување на статусот на светско наследство на Охридскиот регион, односно да не биде преместен на Листата на светско наследство во опасност истече. Главните проблеми кои Македонија требаше, а се уште ги нема решено вклучуваат бесправно градење, односно неконтролирана урбанизација, депонии, сечење на трската, прекумерен риболов и несоодветен третман на отпадните води.

 

Од 19-те препораки на УНЕСКО во целост и суштински се исполнети само две: откажување од изградба на експресниот пат кон Свети Наум и откажување од изградба на ски центарот на Галичица.Еден од главните проблеми за кој ниту една власт нема храброст да го реши е мораториумот за градба на кој УНЕСКО инсистира. Во Охрид продолжува да се гради на крајбрежјето, најчесто без дозвола за градење.

  

АКО ИМАШ ВРСКИ, ГРАДИ
Жителите на Охрид со кои разговаравме велат дека бесправното градење продолжува и покрај препораките од УНЕСКО, но со намален интензитет. Како главен проблем ја детектираат изградбата на хотелот во Лагадин.

    

-Не се гради веќе како порано, но сега е актуелен хотелот во Лагадин. Градот забранува, но тие си продолжуваат со градење, велат жителите.
Коментираат дека државата им дозволува да градат иако не ги исполнуваат законските услови за тоа. Велат: ако имаш човек во власта, градежна дозвола ќе извадиш пропратно.

Ања Јованова од Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“ објаснува дека за дел од препораките од УНЕСКО се спроведени активности кои се прикажани како нивно имплементирање, но кога ќе се навлезе во сржта на активноста, резултатот е неспроведување на препораката. Како пример за ова ја посочува токму препораката за мораториум за градби.

Општините (Охрид, Струга и Дебарца) во 2019 година донесоа т.н. Одлуки за мораториум (забрана за градби), но во истите има толку голем број исклучоци на кои забраната не се однесува, што во реалноста не направија никаква разлика. Во Извештајот од 2020 година експертите од Реактивната мониторинг мисија истакнаа дека ваквите одлуки не може да се сметаат за исполнување на оваа Препорака и препорачаа итно да се донесат нови одлуки кои ќе наметнат забрана за било какви градежни активности, освен за санација на колекторот и слични неопходни активности.

Наместо тоа, во декември 2022 година, Општина Охрид донесе Одлука за начинот на спроведување на урбанистичките планови (т.н. Одлука за мораториум) која ги содржи истите исклучоци како и во Одлуката за која УНЕСКО во 2020 посочи дека не може да се смета за исполнување на Препораката бр. 6 од 2017. Истовремено, во реалноста, во периодот август 2021-октомври 2022 општините спроведоа процедури за над 50 урбанистички планови.

-Со други зборови, наместо да почне да се справува со една од најголемите закани за вредностите – урбанизацијата на светското наследство, нашата држава ја интензивираше истата, целосно игнорирајќи го фактот дека мисијата во 2020 година алармира дека понатамошна трансформација води до точка на неповрат, вели Јованова.

Како друг пример за неспроведување на прапораките, невладините организации ја наведуваат Препораката бр. 9 – Справување со дивоградбите. Не само што не е стопирана легализацијата на дивоградбите (итната мерка која ја побара мисијата во 2017), туку Владата го продолжи Законот за легализација на дивоградбите, а општина Охрид легализира повеќе од 400 дивоградби само во периодот август 2021-октомври 2022 (дел од периодот од дополнителни 2 години кој го добивме за да ги спроведеме препораките, наместо да се впише Охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност).

НЕМА РЕГИСТАР НА ДИВОГРАДБИ
Понатаму, не е изготвен Регистар на дивоградби во регионот, па следствено на тоа не се спроведени ниту бараните проценки на влијание врз животната средина и културното наследство, ниту пак е пристапено кон нивно отстранување (напротив, засилена е нивната легализација). Не се отстранети дури ни оние за кои е донесено Решение за отстранување пред повеќе години, во некои случаи и пред повеќе од една деценија. Речиси да нема седница на Општина Охрид на која не се разгледува легализација на најмалку десетина предмети.

–Нас особено не загрижува ставот (и намерата) проблемот со дивоградбите да се реши со усвојување на нови урбанистички планови во кои ќе се вклопат бесправните објекти (и со тоа веќе нема да бидат бесправни). Ваквото постапување не само што е спротивно на Препораката на УНЕСКО, туку е и прекршување на последната Одлука на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција кој порача запирање на постапките за легализација се до спроведување на мисијата на терен и усвојување на официјални препораки кои ќе произлезат од истата, вели Јованова.

Посочува дека освен хотелот во Лагадин, во моментов во тек е градење на повеќе локации, а особено загрижува забрзаната урбанизација на струшкиот брег на езерото, вклучувајќи ја и околината на Калишта каде се наоѓаат 2 од 9-те еколошки жешки точки на Охридското Езеро.

Понатаму, има огромно расчистување на теренот блиску до езерото, во област кај Горица. Се гради дивоградба под Самоиловите тврдини каде покрај реакцијата на институциите, сопственикот продолжил со изведба на темелни стопи, шаловање на потпорен ѕид и слободностоечки столбови, како и бетонирање на истите.
Една од последните дивоградби беше поставувањето на петте армирани плочи во тек на градба кај Извидничкиот центар во Далјан кои се наоѓаат на околу 10 метри од езерото.

Од Општина Охрид за „Фокус“ за оваа дивоградба велат дека е спроведена инспекциска контрола која покажала дека се работи за дивоградба, односно дека се спроведуваат градежни активности без дозвола за градење. Според записникот од извршениот надзор утврдено е дека на локацијата на десетина метри од езерото се поставени пет шаловани и армирани бетонски плочи од по 47,5 метри квадратни, за кои не се издадени решеија за градба. Согласно констатираната фактичка состојба, односно градење без дозвола, донесено е решение за отстранување на петте плочи во тек на градба.

ХОТЕЛОТ ВО ЛАГАДИН СТАНУВА ЛЕГАЛЕН
Но, вистинскиот предизвик ќе биде ова решение за отстранување да се спроведе, односно рушењето да се реализира.
И за хотелот во Лагадин неколкупати е поништувано одобрението за градба, но Министерството за транспорт и врски по десетти пат го прогласи за ништовно поништувањето и со тоа одобрението за градба издадено во 2016 година сега стапува на сила.

Ова значи дека Општина Охрид, кој е првостепен орган, сега ќе мора да ја почитува мериторната одлука на второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски, односно тука предметот завршува и според Законот за управна постапка одлуката на второстепената комисија, треба да ја почитува првостепениот орган.

Друга препорака која државата тврди дека ја спровела, но во реалноста не е така е забраната за ловење на Охридската пастрмка, белвицата и јагулата.
Нацрт риболовната основа за Охридско Езеро и неговиот речен слив, која беше презентирана во ноември, не предвидува целосна забрана за Охридската пастрмка, белвицата и јагулата, односно овие видови не може да се ловат само во периодот на мрестење .

Истовремено, во Акцискиот план на Стратегискиот план за рехабилитација на Охридскиот Регион (усвоен од страна на за Охридската пастрмка, белвицата и јагулата Владата), една од активностите, и тоа со предвиден рок за имплементација „итно“, е усвојување на риболовна основа за Охридското Езеро и неговиот слив, во која ќе биде предвидена целосна забрана за лов на овие видови.

КОНЦЕСИЈА БЕЗ РИБОЛОВНА ОСНОВА
Во моментов законски не може да се ловат овие (или било кои други) видови во Охридското Езеро, бидејќи согласно важечкиот Закон за рибарство и аквакултура во случај на одземена концесија за одредено риболовно подрачје или риболовна зона – забранет е риболовот воопшто, а концесијата за Охридско Езеро беше одземена во 2020 година.

Меѓутоа, во јануари годинава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доделување на концесија за вршење стопански и рекреативен риболов на Охридското Езеро. Ваквиот повик се објави пред да се донесе риболовната основа, што е прекршување на важечкиот закон.

И покрај тоа што законот налага концесиите да бидат во согласност со риболовните основи, за Охридското Езеро се објави јавен повик и одбра концесионер за риболов пред да се усвои риболовна основа.

Невладините организации преудпредија дека во Извештајот за напредокот и исполнување на препораките кој Министерството за култура како одговорен орган го испрати минатиот месец до УНЕСКО вистината е извртена. Токму за препораката за забрана за риболов, иако во пракса е дадена концесија без усвоена риболовна основа, во Извештајот сето ова е претставено како „имплементација на препораката 12 од 2017 година“, со следниов текст:

„Риболовната основа согласно Законот за рибарство и аквакултура е изработена од овластена институција, и претставува стручна студија за начинот на користење на рибите, и во неа се уредени меѓу другото и заштитата на биолошката разновидност и начинот на порибување на риболовната вода.“

Во Извештајот исто така стои дека Националниот парк Галичица подготви инвентар на нелегално изградени објекти на територијата на Националниот парк Галичица и истата ја достави до Општина Охрид и до Министерството за транспорт и врски. Исто така, Галичица подготви и листа на приоритетни градби за отстранување на територијата на Паркот, со што е исполнета Препорака 2.д.

Но, во суштина и ова е вадење од контекст на работите со цел лажно да се престави дека препораките се спроведуваат. Изоставен е датумот кога е подготвен овој инвентар, кој доколку беше ставен ќе беше јасно дека напредок нема, а работите со години не се поместуваат од место.

СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ НОВОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ
Инвентарот на нелегално изградени објекти НП Галичица го достави пред речиси три години, заедно со листата на приоритетни градби за отстранување. И во три години не е урната ниту една дивоградба од листата. Последно рушење на бесправно изграден објект во границите на Националниот парк Галичица е направено во 2002 година.

Според информациите до кои дојде „Фокус“, на листата на приоритетни градби за отстранување има околу 30 објекти, односно викенд куќи кои се во зона на строга заштита во која не е дозволена градба. Неофицијално, меѓу сопствениците на овие куќи има и познати професори и политичари.
Во изминативе три години, не само што не е започнато рушењето, туку се градат и нови нелегални објекти, а и се врши легализација на постоечките.

НП Галичица градежните активностите кои ќе ги забележи во рамки на националниот парк ги пријавува до Градежната инспекција при Општина Охрид која е надлежна истите да ги провери. Односно, установата подготвува записник дека има градежни активности и со извештај го препраќа до Градежната инспекција. Најчесто, тој извештај го испраќаат и до Обвинителство и до Министерство за животна средина.

Но, во најголем број случаи, одговорот од градежните инспектори е дека иако во моментов се гради, има претходна постапка за легализација. Тоа значи дека за објектот на посочената катастраска парцела е почната постапка за легализација. До заврушување на постапката за легализација, ништо не може да биде преземено.

Но, ова е класично изигрување на Законот за легализација, бидејќи според него, право на легализација имаат објекти изградени пред март 2011 година, а во овие случаи е јасно констатирано дека градежните активности се одвиваат во моментов. Ова значи дека инвеститорот дал лажна изјава на нотар дека објектот е изграден пред рокот даден во законот.

Друг спорен момент е што од околу 400 донесени решенија за легализација од страна на општина Охрид од кога е донесен Законот за легализација, за објекти во границите на националниот парк, околу 300 се издадени без мислење од НП Галичица, иако општината има обврска истото да го побара.

И МИНИСТЕРСТВОТО ГЛЕДА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ
Од Министерството за култура кое ги изработува извештаите до УНЕСКО, на прашањето колку се задоволни од постапувањето на општините Охрид и Струга во мапирање и уривање на дивоградбите во заштитениот појас во Охридскиот регион и дали има напредок на ова поле, велат „сведоци сме на непочитување на законите“.

-Се разбира дека секоја општина треба да се развива, да расте и да се шири, но тоа е неопходно да се прави плански. Особено во општини кои се со режим на заштита. Сведоци сме на непочитување на законите, и остануваме доследно да работиме за целосно да ја спроведеме препораката за целосна заштита на старите градски јадра, велат од Министерството.

Во однос на мораториумот за градба, од Министерството велат дека тој е делумно реализиран, а се работи на Инвентарот на бесправно изградени објекти. Додаваат дека се работи на санација и целосно функционирање на колекторскиот систем, завршен е проектот за пренасочување на реката Сатеска, во тек е постапка за реализација на целосно затворање на депонијата Буково, тековно се реализира препораката за контрола на инвазивните видови во Охридското Езеро за обезбедување редовна програма за следење на биолошката разновидност, а се работи на целосна реализација за намалување на моторизираниот сообраќај во Охридското Езеро во старто градско јадро.

Она што е директно поврзано со Министерството за култура е препораката со која се бара се направи детална проценка со цел утврдување на контактна зона на доброто за да се зајакне заштитата, што идеално би го вклучило и Преспанското Езеро, како важен дел од поврзаниот екосистем Охрид – Преспа и да се вклучи преостанатиот дел од Националниот парк „Галичица“ (можните опфати на контактната зона се предложени и во Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охрдискиот регион).

Оваа препорака е во категоријата на делумно реализирана, зашто Министерството за култура има доставено официјален допис до Министерството за животна средина и просторно планирање за формирање на работен тим за дефинирањето на контактната зона.

СПАСОТ Е ВО ПРОГЛАСУВАЊЕ ЗА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО ВО ОПАСНОСТ
Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на препораките всушност заврши на 01.02.2023, до кога нашата држава го испрати извештајот за напредокот во нивната реализација, за очекување е Охридскиот регион да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност.

Врз основа на тој извештај, но и останати информации од други извори и/или увид на терен, Центарот за светско наследство ќе изготви Нацрт- одлука за Охридскиот Регион. На 45-та сесија на Комитетот на УНЕСКО, која ќе се одржи во септември, ќе се разгледува предложената Нацрт-одлука и истата ќе се усвои или измени.

Но, ставањето на Листата на светско наследство во опасност можеби е и најдобрата опција во моментов.
Активистите сметаат дека состојбата на вредностите на Охридскиот регион е таква да истото де факто е светско наследство во опасност и како такво неопходни му се итни мерки предвидени за таквата состојба.

Формалното впишување во оваа листа има повеќе предности – регионот ќе биде под лупата на УНЕСКО редовно и многу поинтензивно, на располагање ќе бидат и повеќе финансии и експерти, но исто така клучно е што според домашниот Закон за управување со Охридскиот Регион, во тој случај Министерството за животна средина ќе има правен механизам (и обврска) да ги забрани сите активности кои придонесуваат кон уништување на вредностите.

Со овој текст „Фокус“ се приклучува кон кампањата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада.

  

Најново

Мицкоски најавува пакт против ДУИ: Историски момент за обединување на македонскиот блок!

Sase Ivanovski

Алтернатива: Дали ДУИ го слави раселувањето на над 300 илјади Албанци за време на нивното владеење?

Sase Ivanovski

Раководството и фракцијата на ДУИ со различни настани за годишнината од основање на партијата

Sase Ivanovski

САКАЛ ДА ГРАДИ НАДВОР ОД ДОЗВОЛЕНОТО Герасимовски го затрупа неговото градилиште

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Штип во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 18%, додека процентот на расчистени кривични дела изнесува високи 69%.

Sase Ivanovski

Украина: Напредуваме на голем фронт и ги заземаме брдата, непријателот е во дефанзива

Sase Ivanovski

Дали е безбедно 14-годишно дете да управува со електричен тротинет со брзина од 25 километри, праша денеска Ангелов

Sase Ivanovski

Денеска рамо до рамо со граѓаните на Прилеп беше генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски: Многу долг и трнлив пат сме изоделе и сите премрежја сме успеале да ги надминеме. Сега како народ, како нација и како држава имаме историска шанса да го продолжиме патот кон Европа

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Годинава, за овие 5 месеци, имаме 36 кривични дела за корупција. Најбројни се „злоупотреба на службена положба и овластување”, со коруптивни елементи, такви имаме 19

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лажен говор на Путин емитуван на руско радио: Украинците ја минаа границата, тие се посилни!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БИБЛИОТЕКАТА ВО ПРИШТИНА ВО БОИТЕ НА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА НЕДЕЛАТА НА ГОРДОСТА

Sase Ivanovski

„Ако се позиционираат против другите заедници, тоа единство ниту може да се направи, ниту да се дозволи“, вели Џафери за идејата на Мицкоски за проширено македонско единство

Sase Ivanovski

КОВАЧЕВСКИ: Ми беше чест што вечерва заедно со жителите на Бардовци во општина Карпош, го одбележавме верскиот празник Св.Троица

Sase Ivanovski

Меџити: Инспекцијата потврди злоупотреби на кардиологија. Затоа го разрешив професор др. Јовев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фатени се 10 криумчари на мигранти кои вршеле транспорт по цена меѓу 2.000 и 4.000 евра по лице

Sase Ivanovski

Крвна одмазда во БиХ: 26- годишно момче го уби убиецот на својот брат

Sase Ivanovski

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пред лидерската средба: Нема промена на Уставот под бугарски диктат!

Sase Ivanovski

Макстил доби награда за најеколошка компанија во Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Навремено ги информираме земјоделците за процесот на аплицирање за субвенции 2023

Sase Ivanovski

ИЗГЛЕДА НАСКОРО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ВРНЕ И НЕМА ВЕЌЕ ДА ИМА ОЛУИ И ТОРНАДА

Sase Ivanovski

ММФ: Уште неколку години ќе бидат тешки, се трошат пари на одбрана место за помош и развој на земјите

Sase Ivanovski

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

Sase Ivanovski

Официјално утврдено: Нема дискриминација во МВР, лажни се обвинувањата на најмалубројниот синдикат на полицијата

Sase Ivanovski

МВР најостро ги демантира лагите објавени во порталот Нетпрес за наводно, како што пишува порталот, вадење на син на висок функционер на МВР од наркоинцидент во кој настрадал полицаец

Sase Ivanovski

Спомен соба и 12 бисти за Ваташките младинци за 80-годишнината од убиството: Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена!

Sase Ivanovski

Глутница кучиња нападнаа маж во Кичево, со тешки повреди пренесен е во болница

Sase Ivanovski

Во Софија беше одбележан празникот Свети Дух, Ден на загинатите за слободата на Македонија

Sase Ivanovski

171 санкционирани возачи во Скопје, 52 за брзо возење

Sase Ivanovski

Меџити за разрешениот Јовев: Стануваше збор за злоупотреба на работното време

Sase Ivanovski

ФОТКА НА ДЕНОТ: ВО ОХРИД НА МАРАТОНОТ ТРЧАА И ДЕВОЈКИ ВО НАРОДНИ НОСИИ

Sase Ivanovski

На барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата

Sase Ivanovski

Ахмети е оптимист, смета дека за 3-4 години земјава ќе влезе во ЕУ

Sase Ivanovski

Џафери: Ние не го зборуваме јазикот на 20 отсто, туку најстариот јазик во Европа – албанскиот јазик

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: НЕКОИ ЗАПАДНИ АМБАСАДОРИ СИ ДОЗВОЛУВААТ ДРСКИ ИЗЈАВИ, ВЛАДАТА ДА РЕАГИРА И ДА ГИ УКОРИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕКЕРИНСКА: „Патем речено, да ги ставиме Бугарите во Уставот јас мислам дека е Македонски национален интерес. Тоа ќе стане јасно и во нашата преамбула, едно се Македонците, а сосема нешто различно се Бугарите“.

Sase Ivanovski

ФЛЕКС КРЕДИТ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ТРЕТИОТ РОДЕНДЕН!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: „Отворен Кабинет” стартуваше во СВР Штип, идеите на граѓаните ни се важни и претставуваат дополнителен мотив за уште подобри резултати

Sase Ivanovski

Димитриеска – Кочоска: Власта прави корупција и криминал, пеналите од автопатите ги прикажува како инвестиции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЧОСКА ГО ОБВИНИ ЕСМ ДЕКА ГИ ЛАЖИРА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ: ЗА ТОА НЕКОЈ ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР?!?!

Sase Ivanovski

КОВАЧЕВСКИ: Ја рехабилитираме и автопатската делница Демир Капија – Неготино, дел од Коридорот 10, во должина од 15 километри и во вредност од 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Почнува кампањата за спречување африканска свинска чума, годинава нема жаришта

Sase Ivanovski

Бабовски: Нема тешки метали во доматите и краставиците, ширењето лажна паника и тревога е кривично дело

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЛКУ ЧИНАТ ТРИБИНИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ СО ОГРОМНИ ВИДЕО БИМОВИ, КРАНОВИ И ДРОНОВИ, НЕЛИ СМЕТКАТА ИМ Е БЛОКИРАНА?!

Sase Ivanovski

ВМРОВЦИТЕ НА ТРИБИНА ВО ГАЗИ БАБА ДОНЕСОА НАЈГЛУП ЗАКЛУЧОК ВО ИСТОРИЈАТА НА СИТЕ ТРИБИНИ: МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА ИМААТ ПРАВО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ ОДРЖА ТРИБИНА ВО ВЕЛЕС: Нашата борба е вредности, идеал и кауза. Нашата борба е да ја обновиме Македониј

Sase Ivanovski

ЕСМ доби лиценца скопјани да ги снабдува со парно во следните 10 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДИЛО: МИНИСТЕРОТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ СИ ГО СТАВИЛ ЗЕТОТ ЗА ШЕФ НА КАБИНЕТ?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА СО АВТОМАТСКИ ПУШКИ: Сузбиена организирана меѓународна група за криумчарење мигранти, приведени 10 лица

Sase Ivanovski

ПРОЛЕТЕРИ СО СТИЛ НА МИЛИОНЕРИ: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ ОБЛАЧАЛЕ КОМУЊАРИТЕ НА ВРЕМЕТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕКАНЕТИ ГОСТИ НА СВАДБА ВО ОХРИД: ТУРИСТИ ОД ХОЛАНДИЈА УПАДНАА НА СВАДБА И НАПРАВИЈА ДАР МАР!

Sase Ivanovski

ПАРТИИТЕ ГИ ЗАПОСЕДНАА ЦРКВИТЕ: СДСМ ВЧЕРА ВО БАРДОВЦИ, ВМРО ДЕНЕСКА ВО БУТЕЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СОВЕТНИЦИТЕ НА ЧАИР ИЗГЛАСАА: ЌЕ СЕ ПРОШИРУВА ЦВЕТАН ДИМОВ, НАЈТЕСНОТО СООБРАЌАЈНО ГРЛО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Честитки за 12-те најуспешни дипломирани инженери што годинава, на 20. јубилејна церемонија го добија Инженерскиот прстен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДУИ ПРОСЛАВИ 21 РОДЕНДЕН, АХМЕТИ ЗА ОГНЕНИТЕ ВЕЛИ ДЕКА ПРОБЛЕМИТЕ ТРЕБА ДА СИ ГИ РЕШИМЕ ДОМА А НЕ ВО КОМШИИ

Sase Ivanovski

ЉУТКОВ: Денес ТИМ 4 заврши со теренската активност во општините Илинден, Петровец и Зелениково. Посетивме 30 населени места во овие општини

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Рамо до рамо со граѓаните на Битола – нашата држава, нашиот народ се исправени пред историска одлука да се продолжи европскиот пат на државата, преку усвојување на потребните реформи. Одговорност за тоа имаат сите 120 пратеници, сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ЈАВНОСТА ЗГРОЗЕНА: Ресенчанец осомничен дека силувал 6-годишно девојче, другарка на внука му!

Sase Ivanovski

Во Скопје ќе се одржи Саем за транспорт

Sase Ivanovski

ДАРКО ЛЕШОСКИ: “Се што не можам на мајка ми в очи да и кажам.” Полн и е новчаникот со фискални сметки од супермаркети и од аптеки

Sase Ivanovski

Вранишковски по 20 години се врати во МПЦ

Sase Ivanovski

Вучиќ со бизарна изјава: Ако ме убијат, останува синот Данило. Ако него го убијат, останува ќерката Милица

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: 100 години после српската окупација на Македонија, СПЦ си ги присвојува македонските епархии…

Sase Ivanovski

МУЦУНСКИ: Аеродром станува првата смарт општина во Македонија 💡✅

Sase Ivanovski

Шеќеринска: Противење на уставните измени се одигран автогол за Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОРНО ЗА ВМРОВЦИ: ГРЦИТЕ СЕ ИЗМИСЛЕН НАРОД, МАКЕДОНИЈА Е ДО ТОКИО!

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Со Мицкоски или без него Македонија ќе продолжи кон ЕУ

Sase Ivanovski

И СО МОДАТА СЕ ПРЕТЕРА: Ако си богат и славен можиш и со зимска гума околу врат да си модерен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орбан се посрамоти: Сакаше да ѝ бакне рака на молдавската претседателка, но попусто

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Ги подобруваме условите во ЈП Национални шуми. Реконструирани се вкупно 13 објекти, подружници на ЈП Национални шуми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гол маж бегаше од балконот на петтиот кат, а потоа гневните соседи го фатија

Sase Ivanovski

Разрешениот кардиохирург Јовев за „Фокус“: Меџити ме разреши бидејќи го избрав датумот кој го предложи Ковачевски за настан

Sase Ivanovski

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ЈА ПОЧНУВА КАМПАЊАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ?! ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НЕ СЕ ПРОТИВ ЕУ, ТУКУ ИМААТ ОПРАВДАН СТРАВ ДЕКА ОВА НЕ Е КРАЈ НА БАРАЊАТА, ВЕЛИ ШЕКЕРИНСКА

Sase Ivanovski

СО ЛИТУРГИЈА ВО ОХРИД ЦРКВАТА НА ВРАНИШКОВСКИ ПРИПОЕНА КОН МПЦ-ОА, СИНОДОТ ЌЕ ЈА ПОТВРДИ ОДЛУКАТА НА 20 ЈУНИ

Sase Ivanovski

ВИДЕО ТЕЛМА: Условни казни за поранешните директори на тетовската болница, докторот Вучевски ослободен од вина за пожарот во модуларната

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ ГО РАЗРЕШИ ОД РАКОВОДИТЕЛ НА КАРДИОХИРУРГИЈА Д-Р ЈОВЕВ КОЈ ЈА ВОДЕШЕ ПРВАТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ, РЕЧЕ НЕ ТОЛЕРИРА ДИРЕКТОРИ БЕЗ РЕЗУЛТАТИ

Sase Ivanovski

Возовите запреа, вработените во влеча на протест оти не ја добиле платата за април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕТРОВСКА ВО ПОСЕТА НА САД, ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ВРВОТ НА ПЕНТАГОН

Sase Ivanovski

Средбата Ковачевски и Мицкоски во среда во клубот на пратеници, тема уставните промени

Sase Ivanovski

ЛЕВИЦА: СОЛИДАРНОСТ СО СРПСКИОТ НАРОД НА КОСОВО И МЕТОХИЈА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: МАФИЈАТА НАСКОРО ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА СРУШИ ВЛАДАТА НА КОВАЧЕВСКИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....