14.8 C
Скопје
21/05/2025 22:52
МАКТЕЛ

     

Амбасадорката на САД во НАТО, Џулијан Смит: И се заблагодарувам на Северна Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

      

Самитот на НАТО во јули во Вашингтон, прво и основно, ќе биде славење на 75 години работа како трансатлантски партнери преку Атлантикот, но ќе се дискутира и на повеќе различни теми и сакаме да поминеме одредено време во разговор за споделување на товарот и фактот дека многу земји напорно работеа во последната деценија во зголемувањето на трошоците за одбрана, вели постојаната претставничка на САД во Алијансата, Џулијан Смит во интервју за МИА.

– Овде сакам навистина да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија. Ова е земја што донесе навистина тешки одлуки за да го достигне прагот од два проценти од БДП за одбраната. Северна Македонија е сега над прагот, над два процента и ги поздравуваме тие напори и сите земји што го направија тоа, нагласува Смит.
Таа најави дека веројатно следната седмица НАТО ќе објави нов извештај за споделување на товарот, кој ќе покаже дека околу две третини од членките на Алијансата сега трошат над два проценти од БДП за одбрана, што според неа, е важно бидејќи значи дека сојузниците можат да ги исполнат своите обврски.

   

– На самитот ќе зборуваме и за Украина. Очекуваме (украинскиот) претседател Зеленски лично да ни се приклучи, а Алијансата ќе најави дополнителни форми на помош за Украина, политичка поддршка, односно веќе сте слушнале како зборуваме за мост кон членство. Градиме мост кон членство за Украина, истакна американската амбасадорка.
Смит нагласува дека САД сметаат оти најголем дел од земјите членки на НАТО прават се што можат за да и помогнат и наоѓаат начини да ја поддржат Украина, некои преку обезбедување хуманитарна и економска помош, други преку безбедносна поддршка, а голем број ги даваат сите три видови на поддршка.

– Да започнам со тоа што ќе се заблагодарам на Северна Македонија за нејзиниот значителен придонес за украинските сили. Овој придонес е од клучно значење и поздравуваме сè што направи Северна Македонија и продолжува да прави за народот во Украина.Според неа, сојузниците мора да бидат упорни и да продолжат да изнаоѓаат дополнителни финансиски ресурси или капацитети што може да се испратат во Украина.

– Ја чувствувам посветеноста во рамките на Алијансата дека мора да продолжиме и дека не можеме да си дозволиме да застанеме, бидејќи на Украина ѝ е потребна нашата поддршка и тие треба да преовладаат на крајот и да ја истиснат Русија надвор од својата територија, заклучува Смит.
Во врска со барањето на Унгарија да не биде вклучена во „новата активност“ што НАТО ја подготвува за поддршка на Украина, американската амбасадорка вели дека тоа не е нешто што не се случило во рамките на Алијансата во минатото, бидејќи изминатите 75 години не секоја членка на Пактот учествувала во секоја од неговите мисии или активности.

– Не сметаме дека ова е многу шокантно. Ова е пракса што сме ја виделе и претходно, но она што е важно е дека Унгарија ги исполнува своите обврски кон Алијансата, учествува во други НАТО мисии, ја одржува обврската да троши два проценти од БДП на одбраната и продолжува да биде активен учесник во рамките на НАТО, потенцира Смит.
Американската амбасадорка потврди дека шефовите на држави или влади на НАТО на средбата во Вашингтон ќе решат и кој ќе биде новиот генерален секретар на НАТО, кој ќе го наследи актуелниот вршител на оваа должност Јенс Столтенберг.

– Столтенберг извонредно ѝ служеше на Алијансата во период од 10 години и сега Алијансата е подготвена да го поздрави и да го слави неговиот придонес, но исто така и да посака добредојде на новиот генерален секретар, вели Смит.
Таа потенцира дека Алијансата во последните месеци разгледуваше двете официјални кандидатури за нов генерален секретар и тоа на на холандскиот премиер во заминување Марк Руте и на романскиот претседател Клаус Јоханис.

– Сите 32 земји треба да се согласат околу следниот генерален секретар. Се уште не сме стигнале до тој момент, но сме многу близу и верувам дека во следните недели ќе дојдеме до точката кога сите 32 земји членки ќе се согласат околу следниот генерален секретар, потенцира Смит во интревјуто за МИА.
Американската амбасадорка најави и дека на Самитот ќе бидат промовирани „голем број нови политики“ поврзани со кибер безбедноста, која во 2016 година Алијансата ја означи како нов домен, што значи дека одредбата од Членот 5 од Договорот од Вашингтон за основање на НАТО, кој предвидува дека напад врз еден членка ќе се смета за напад врз сите членки и ќе бидат преземи сите неопходни активности за да му помогне на нападнатиот сојузник, во иднина ќе може да се примени и за некој вид кибер напад.

– Како и секогаш кога се започнува со ново прашање, Алијансата започнува со заедничка разработка на природата на предизвикот. Па така повеќе години разговараме со сојузниците во однос на нивните искуства со кибер напади и какви се нивните национални политики за одвраќање, спречување или справување со кибер напади. Откако ќе поминеме одредено време за проценка на проблемот, потоа преминуваме на работа, односно сега се обидуваме да изградиме алатки во рамките на Алијансата за подобро да се опремат сојузниците со своја експертиза, како и експертиза од некои наши далечни партнери. Разговараме со нашите пријатели во Јапонија и Јужна Кореја околу нивните национални стратегии за кибер безбедност. Кибер безбедноста останува клучна карактеристика на нашата работа во рамките на Алијансата. Внимателно следете го самитот, мислам дека ќе видите четири-пет нови политики. И секако Северна Македонија ќе има корист од тие политики и ќе придонесе со своја експертиза во рамките на Алијансата, истакнува Смит.

Во врска со изјавата на поранешниот американски претседател и претседателски кандидат на претстојните избори во ноември Доналд Трамп дека ако биде избран САД нема да застанат во одбрана на оние членки на НАТО кои не одвојуваат доволно средства за одбрана доколку бидат нападнати, што предизвика бурни реакции во Европа, Смит вели дека не може да ги коментира неговите ставови околу Алијансата, но дека во САД постои голема двопартиска поддршка за НАТО.

– Редовно не посетуваат делегации од Конгресот и од Демократската и од Републиканската партија и она што го гледам при тие посети е посветеноста за одржување на лидерството на САД во Алијансата како и нашето активно учество во самото НАТО. Не знам што ќе се случи понатаму, не можам да го предвидам исходот од изборите во САД, ниту како некој кандидат ќе се однесува во иднина. Она што можам да ви го кажам е дека американската јавност и Конгресот продолжуваат доследно ја да искажуваат силната посветеност кон НАТО, истакна Смит.
За идеите за зајакнување на заедничката европска одбрана, па дури и за создавање на европска армија, кои се појавија по изјавата на Трамп, Смит вели дека во последните две години ЕУ презеде „голем број интересни и храбри чекори“ за зајакнување на својата внатрешна одбрана и безбедносни политики и САД го поздравуваат сè она што Унијата го прави за Украина и големината на поддршката што доаѓа од тело што нема толку многу искуство во тоа.

– ЕУ креира многу нови политики и сега има своја одбранбена индустриска стратегија, работи на јакнење на своите одбранбени и безбедносни алатки. ЕУ прави огромни чекори напред во областа на одбраната и доколку ја погледнеме на пример Холандија, што е членка и на ЕУ и на НАТО и опсегот до кој ЕУ ги јакне холандските сили и она што го прави НАТО, тоа е придобивка за двете институции. Затоа, ние сме доста задоволни од она што го прави ЕУ, вели Смит.

Според неа, Алијансата неуморно работи низ децениите за да ги одржи стандардите и сака да се осигура Европа во иднина да се потпира на стандардите на НАТО и сака да избегнеме непотребно дуплирање.
– Откако започна војната во Украина, ЕУ и НАТО работат рамо до рамо во поддршката на нашите пријатели во Украина и очекуваме тоа да продолжи. Ја почитуваме желбата на ЕУ да ја реши фрагментацијата што постои во нивната одбранбена индустрија, но сакаме да останат отворени за купување на опрема од земји што не се членки на ЕУ, како Обединетото Кралство, САД, Норвешка, Турција и Јужна Кореја. САД ги поздравува напорите на Брисел, но ќе продолжиме да разговараме со цел да нема непотребно дуплирање, порачува американската амбасадорка при НАТО во интревјуто за МИА.

   

Најново

(ВИДЕО) ВАКОВ СРАМ САД НЕМААТ ДОЖИВЕАНО НИКОГАШ: Претседателот на Јужна Африка се пошегува со Трамп – НЕМОЖАМ ДА ТИ ПОДАРАМ АВИОН?!

Sase Ivanovski

Македонија за првпат добива претставник во Ревизорскиот одбор на НАТО

Sase Ivanovski

Германија формира тенковска бригада на источното крило на НАТО

Sase Ivanovski

Гренланд даде дозвола за копање на анортозит – еколошка алтернатива на алуминиум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Комити направија одлична атмосфера во Куп финалето меѓу Вардар и Струга

Sase Ivanovski

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Sase Ivanovski

Уште една пресуда во случајот „Рибникар“: Кецмановиќ ќе мораат да ѝ платат отштета на тешко повредената наставничка по историја

Sase Ivanovski

Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје

Sase Ivanovski

Во Србија властите планираат зголемувње на пензиите годинава и просечна плата од најмалку 1.174 евра до крајот на 2026

Sase Ivanovski

САД размислуваат дали повторно да ги прогласат талибанците за странска терористичка организација

Sase Ivanovski

Билетите се распродадоа: АЕК го чека пекол, Алкалоид ќе игра пред полни трибини

Sase Ivanovski

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Sase Ivanovski

Затворски казни за расистички навреди кон Винисиус

Sase Ivanovski

Владата ги запре финансиските средства за Дневниот центар кој згрижува деца од улица – Пет месеци функционираат со донации

Sase Ivanovski

Љубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист

Sase Ivanovski

Нема чисти чаршафи за креветите на Клинички центар

Sase Ivanovski

Нова: Кривична за Милчо Манчевски и неговата „Банана филм“ – обвинителството ја почна постапката

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Премиерот одговара за Скај њуз за мигрантите пред средбата со Стамер во Тирана

Sase Ivanovski

Рамафоса повика на обновување на односите со САД, Трамп презентираше запис за наводен геноцид

Sase Ivanovski

САД прифатија луксузен Боинг 747 од Катар како подарок

Sase Ivanovski

Д-р Самади за „Њузмакс“: Ракот на простата Бајден го имал најмалку пет години, ова што го објавија нема никаква смисла

Sase Ivanovski

Петтата рунда разговори меѓу САД и Иран ќе се одржи в петок во Рим

Sase Ivanovski

Актерката Весна Петрушевска – лауреат на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово

Sase Ivanovski

Западни држави обвинија руски хакери за кампања на кибер напади

Sase Ivanovski

ФОТО + ДОКУМЕНТИ: Македонија една од можните дестинации за мигранти, Обединети Нации дале зелено светло, објавува британски Тајмс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Изјава на Николоски по средбата со УКЕФ во Лондон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патот за ЗОВИЌ и СКОЧИВИРСКАТА КЛИСУРА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: Ги вратив сите долгови кои ги направиле моите претходници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: Пола Скопјани не плаќаат данок на имот а бараат врвни услуги од градот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: На нашите инспектори за животна средина редовно им вадат пиштоли и палки, често завршуват во Болница со повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Toп Тема – Управен го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска

Sase Ivanovski

И синот на премиерот ќе студира на Машински

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПНЕ: Денот во 60 секунди – Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе биде транспарентно, во Македонија се инвестира во здравствените капацитети за подобра здравствена заштита

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова го достави предлогот за гувернер на Народната банка

Sase Ivanovski

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Sase Ivanovski

Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

Sase Ivanovski

Трамп ја претстави американската „Златна купола“, ракетен систем инспириран од израелската „Железна купола“

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не значи предност, туку еднаков терен за сите

Sase Ivanovski

Политико: Нема прекин на огнот во Украина. Никогаш

Sase Ivanovski

Додека хуманитарната помош сè уште не е стигната во Газа, Израел е „многу блиску“ до извршување воени злосторства

Sase Ivanovski

Компанијата „Релиф“ произведува биоразградлива хартија од листовите на дрвата без токсични хемикалии

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хорор игрите „Dead Island 2“ и „Happy Game“ бесплатни на платформата Epic Games до четврток

Sase Ivanovski

Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас за клевети

Sase Ivanovski

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Sase Ivanovski

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Sase Ivanovski

ЦИКП: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

Sase Ivanovski

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Sase Ivanovski

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Sase Ivanovski

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Sase Ivanovski

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Sase Ivanovski

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Sase Ivanovski

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква, работиме на целосно унапредување на сите полициски капацитети

Sase Ivanovski

ЈП „Комунална хигиена“: Висар Ганиу пласира лажни вести во обид да ја покрие неспособноста

Sase Ivanovski

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС

Sase Ivanovski

Проф. д-р Татијана А. Балоска е избрана за декан на Факултетот за детективи и безбедност на АУЕ – ФОН!

Sase Ivanovski

Ректорот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република С. Македонија – ИСОС, м-р Весна Прентоска, потпишаа Меморандум за соработка

Sase Ivanovski

Второ место за Дино Табаковски од АУЕ-ФОН на Универзитетско првенство во шах

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН: 21 Мај – Светски ден за културна разноликост за дијалог и развој „Различни култури. Заедничка иднина. Еден универзитет.“

Sase Ivanovski

Студентите од четврта година на Факултетот за дизајн и мултимедија, при АУЕ – ФОН остварија посета на печатницата „Пропоинт“

Sase Ivanovski

Помогни им на животните – биди Херој!

Sase Ivanovski

Наставен кадар од АУЕ- ФОН на ЕРАЗМУС+ мобилност во Бугарија: Интерактивни предавања за дигитална комуникација и заштита на лични податоци

Sase Ivanovski

Развој на Cloud-базирани сервиси со AWS и AI алатки

Sase Ivanovski

Студентите на Факултетот за правни и политички науки на АУЕ-ФОН зедоа учество на практична работилницита која ја организира (ЦУП) во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација

Sase Ivanovski

Одбележување на 22 годишниот јубилеј на АУЕ –ФОН со промоција на новата генерација дипломци и Саем за кариера

Sase Ivanovski

Откриена тајната на добрите партии на Роџерс Мато од Вардар…

Sase Ivanovski

ГРАДИНКАТА ,,ПРОЛЕТ” ВО КАРПОШ НАПОЛНИ 60 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

ЈАВЕН ОГЛАС за прибирање понуди од здруженија за организирање и реализирање на културната манифестација во Општина Карпош, Карпошово културно лето 2025 година

Sase Ivanovski

НАГРАДЕНИ ЕКО –ДВОРОВИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

ГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОД КАРПОШ ОДБЕЛЕЖА 80 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ РАЗГОВАРАШЕ СО ОСНОВЦИТЕ ОД КОЗЛЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ ДЕЛ ОД ПРВИОТ НАУЧЕН КАРАВАН

Sase Ivanovski

Општина Карпош започна акција за испитување на нисконапонската електрична инсталација во сите основни училишта и детски градинки на своја територија

Sase Ivanovski

МЕЃУНАРОДНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ – СПОРТИСТИ ОД КАРПОШ

Sase Ivanovski

ДРЖАВНО СРЕБРО ЗА ОДБОЈКАРКИТЕ ОД ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ: ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕДЕН ОД ОБЈЕКТИТЕ ЗА КОЈ БЕВ ОСУДЕН ЈА ВОДЕЛ АДВОКАТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ ЗБОРУВА (БОБАН СТЕФКОВСКИ)

Sase Ivanovski

Стефковски: Изградивме градинки, спортски сали, асфалтиравме улици во општина Гази Баба, тоа е доказ дека покажавме како се работи

Sase Ivanovski

Средба на Градоначалникот на Гази Баба со младите таленти од ООУ „Дане Крапчев“

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Македонскиот полициски синдикат!

Sase Ivanovski
Вчитувам....