Во реакцијата на платформата „Х“ по изјавите на амбасадорот Хил, Роде потсети на пораката на германскиот канцелар, Олаф Шолц дека нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград значи взаемно признавање, што е и услов за влез на двете држави во ЕУ.
– Само за потсетување: прочитајте ја јасната изјава на германскиот канцелар Шолц за време на неговата посета на Косово и Србија во јуни 2022 година за нормализација, вклучително и меѓусебно признавање. Ова сè уште стои: Патот е таму: Целосно спроведување на договорите Брисел/Охрид од двете страни што е можно поскоро“, напиша Роде.
Во објавата Роде ја сподели и веста со изјавата на канцеларот Шолц, кој рече дека „е незамисливо две земји кои не се признаваат една со друга да станат членки на ЕУ“.
– Политичкиот договор меѓу двете земји е важен услов за инвестиции и работни места, а со тоа и за перспективата на младите во Косово. Јасно е дека договорот мора конечно да го реши прашањето на признавањето на Косово, бидејќи е незамисливо две земји кои меѓусебно не се признаваат да станат членки на ЕУ, изјави Шолц во 2022 година.