8.8 C
Скопје
17/09/2024 10:11
МАКТЕЛ

     

АНАЛИЗА: Долговите на општините растат, градоначалниците се „мобилизираат“ за државна инјекција

     

                    Град Скопје со 526.502 жители, на крајот на јуни пријавил доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 10,9 милиони евра, пишува „Порталб“ Сто милиони евра треба да добијат годинава општините, пари кои се всушност финансиска инјекција што ќе се обезбеди од унгарскиот кредит. Оваа сума следната година ќе изнесува 250 милиони евра. Предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ веќе се преточува во реалност, пишува Порталб. Според најавите, парите ќе бидат наменски, за проекти. Клучен критериум ќе биде бројот на жители, односно најголемите општини ќе може да земат и најголем дел од „финансискиот колач“. Но, во исто време, некои од тие општини долго време имаат најголеми долгови.

 

„Лична карта“ на скопските општини

  

Локалните власти се мобилизираат – се кројат проектите со кои ќе аплицираат за добивање на финансиски средства од државата. Според последните најави од Владата и од Министерството за финансии, еден од клучните критериуми за поделба на парите ќе биде бројот на жители, а во опција е критериумот кој се однесува и на територијалната големина на општината. Вкрстените податоци преку повеќе институции, што ги направи „Порталб“, покажуваат дека најголемите општини, потенцијални добитници на државните пари, воедно се и должници кои високо котираат на „должничката листа“ на Министерството за финансии, со доспеани а неплатени милионски сметки.

На ниво на Град Скопје, од 10 општини, според податоците од пописот во 2021, најголем број на жители, како резидентно население, има Аеродром со 77.735 жители. Оваа општина, според податоци од Министерството за финансии, заклучно со првата половина од годинава пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 400.000 евра. Втора, со 69.626 жители е Гази Баба која пријавила доспеани а неплатени сметки од скоро 13.000 евра, а на трето место е скопски Карпош со 63.760 жители. Оваа општини долги години пријавуваше високи износи на долгови а во одредени периоди поради финансиска „неликвидност“ сметките и беа под блокада. Заклучно со првото економско полугодие, Карпош пријавил нешто над 1 милион евра долг, сума која е многу пониска во споредба со состојбата во изминатите години.

Скопски Чаир со 62.586 жители е следната најголема општина. Според податоците од Министерството за финансии, долгот на оваа општина на крајот на јуни надминал 760.000 евра. Општина Кисела Вода според пописот имала 61.965 жители. Доспеаните, а неплатени обврски на крајот на вториот квартал надминале 1,3 милиони евра. Останатите пет општини имаат помалку од 45.000 жители. Така, Општина Ѓорче Петров со 44.844 жители пријавила долг од 24.900 евра, а скопски Бутел со 37.968 жители – 665.000 евра. Општина Сарај со 38.399 жители пријавила долгови во износ од 817.400 евра. Општина Шуто Оризари е со најмал број на жители, 25.726 и има долг од 52.500 евра.

Општина Центар не пријавила доспеани, а неплатени обврски 

Општина Центар со 43.893 жители е единствената која на крајот од првото економско полугодие не пријавила доспеани а неплатени обврски. Овие податоци покажуваат дека девет општини на територијата на Град Скопје, кои според бројот на жители се потенцијални апликанти за државна логистика, се наоѓаат на должничката листа на МФ, а само една е без долгови. Две општини имаат доспеани, а неплатени обврски во износ поголем од 1 милион евра, а од општините со помал број на жители како Бутел и Сарај, имаат долгови повисоки од половина милион евра.

Град Скопје со 526.502 жители, на крајот на јуни пријавил доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 10,9 милиони евра и на новата листа е рангиран на високото 9-то место од вкупно 910 институции во кои се вбројуваат сите оние кои се под централно и локално ниво.На крајот од вториот економски квартал вкупните доспеани а неплатени обврски на сите општини во земјава изнесувале 60,9 милиони евра и само за три месеци, или во споредба со првиот квартал се зголемени за 4,5 милиони евра. Во следното продолжение на „Анализа“ ќе се споредат податоците за најголемите и најзадолжените општини на ниво на државата.

 

Најново

(VIDEO) Како беше создадено кафето “Lavazza”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мароко ќе гради најголем стадион на светот за FIFA Светско првенство 2030 година

Sase Ivanovski

Костадинов: Градежната офанзива денеска ја продолживме во населеното место Просениково каде што втор слој асфалт е ставен на улица во должина од 370 метри, а во вредност од 1,7 милиони денари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасувачки хеликоптер извлекува пожарникари од излеана река во Чешка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Извршителите не одраа – се збудалеа од пари

Sase Ivanovski

Мицкоски: Бугарите сакаат да покажат мускули

Sase Ivanovski

Вкупно 11 претстави од Македонија, Србија и Бугарија годинава ќе бидат на репертоарот на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожарникари спасени од врвот на камион потопен од надојдената вода во Чешка

Sase Ivanovski

НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА: Владата бара пари за нови електроенергетски проекти на ЕСМ и МЕПСО

Sase Ivanovski

МАМЕЊЕ НА ТУРИСТИ: Ова е најголемата антиреклама што самите на себеси си ја правиме

Sase Ivanovski

Нема место за политичко насилство никаде во светот – домашните и странските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп

Sase Ivanovski

Бугарскиот амбасадор Радуков одби да ја прими протестната нота од МНР

Sase Ivanovski

Омилената тосканска вила на кралицата Викторија се продава за повеќе од 55 милиони долари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Левица предлага да се ограничат кириите на 250 евра за стан што вреди 100.000 евра

Sase Ivanovski

Талибанците ги прекинаа кампањите за вакцинација против детска парализа во Авганистан, соопшти ОН

Sase Ivanovski

Бугарскиот амбасадор: Протоколот беше почитуван, не се замарајте со формата, фокусирајте се на суштината на проблемите

Sase Ivanovski

Задолжителен воен рок од 75 дена во Србија, ќе важи само за мажите, жените может да одбијат ако не сакаат да мрзнат во ров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Џо Бајден до новинар кој го праша за заканите од Путин: Молчи кога јас зборувам

Sase Ivanovski

„Тој не пукаше“: Осомничениот се појави на суд додека официјални лица изнесоа детали за обидот за атентат над Трамп

Sase Ivanovski

Нови трошоци за студентите…

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ во Нови Сад присуствуваше на одбележување на празникот “Ден на српското единство и националното знаме”

Sase Ivanovski

Со одигрување на првото коло во Будимпешта Унгарија започна 45-тата Шаховска Олимпијада

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јаначковска: Бруцошите од Македонија не се сами, има кој да ги запознае со студентскиот живот во Словенија

Sase Ivanovski

„Мислев да си заминам, но ќе направев скандал“: Силјановска Давкова за случајот со знамето

Sase Ivanovski

Русија добива серија оклопни возила „Чекан“

Sase Ivanovski

Руската војска доби нова серија стелт-ловци Су-57

Sase Ivanovski

Економистите предвидуваат лоши последици од продирањето на десничарската АФД

Sase Ivanovski

Русија се заканува дека ќе го потопи „малиот остров“ Британија

Sase Ivanovski

Кинеските подморнички сили се јасна закана за американската морнарица

Sase Ivanovski

Запалениот грчки танкер безбедно одвлечен по нападот на јеменските бунтовници

Sase Ivanovski

„АКО СЕ РОДАТ НЕКАКВИ ЧУВСТВА“ Романот на Блаже Миновски е најдобра прозна книга за 2023 година

Sase Ivanovski

НЕ САКАВ ДА НАПРАВАМ СКАНДАЛ ПОРАДИ ЗНАМЕТО Нема да има одговорност за шефот на протоколот

Sase Ivanovski

Бројот на жртви од циклонот ,,Борис” се искачи на 15

Sase Ivanovski

Црвен аларм во Унгарија поради поплави

Sase Ivanovski

Гаши нема да свика комисиска седница за Законот за бранителите: Деловникот не ми дозволува

Sase Ivanovski

УХМР: Август беше екстремно топол месец

Sase Ivanovski

По поплавите Романија ја погоди силен земјотрес

Sase Ivanovski

(Видео) Апокалиптични снимки од поплавите во Европа: Цел град под вода, починати и исчезнати, автомобил со деца го однесе поројот…

Sase Ivanovski

МНР ѝ врачи протетстна нота на Бугарија, но амбасадорот Радуков одби да ја прими

Sase Ivanovski

Трамп ги обвини Бајден и Харис за атентатот

Sase Ivanovski

Унгарскиот премиер Орбан на крајот на месецот ќе дојде во Македонија

Sase Ivanovski

Муцунски очекува извинување од Бугарија

Sase Ivanovski

Сиљановска: Одлучив дека е подобро да не правам скандал во Бугарија

Sase Ivanovski

БРАНИТЕЛИТЕ низ призмата на Македонски Концепт

Sase Ivanovski

Мицкоски: Животот не е Тикток и Инстаграм

Sase Ivanovski

Путин потпиша указ за зголемување на вооружените сили за речиси 1,5 милион војници

Sase Ivanovski

Во прва посета на Општина Куманово беше делегација од ЕУ, на чело со Еди Греиф

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ако не те бива, пријатно!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Денес имавме работна средба на комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика со делегација од германскиот Бундестаг

Sase Ivanovski

Иџе Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1!

Sase Ivanovski

ЕУ под вода! Дали невремето доаѓа кај нас…

Sase Ivanovski

Израелската војска регрутира африкански имигранти за да учествуваат во ризични операции во Газа, ветувајќи им постојан престој

Sase Ivanovski

Стојаноски: Додека СДС го стави партискиот интерес пред државниот интерес и избегаа од дебата, општините предводени од СДС први се пријавија на повикот за 250 милиони евра за општините

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Првиот вицепремиер Меџити се сретна со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас

Sase Ivanovski

Советот за соработка со граѓанското општество мора да проработи во интерес на граѓаните

Sase Ivanovski

Притвор за 24-годишник од Кочани, кој со нож избодел лице кое му продавало телефон

Sase Ivanovski

Не е точно дека Зоран Заев има бугарско државјанство

Sase Ivanovski

Работник на ОН во Западен Брег застрелан од израелски снајперист

Sase Ivanovski

Истражување во фокус: детектирање на политички говори фалсификувани низ текст, аудио и видео

Sase Ivanovski

Запалено возило во Кисела Вода, пукања на стакла ги разбуди граѓаните

Sase Ivanovski

Поплави во централна и источна Европа

Sase Ivanovski

Слетаа астронаутите од мисијата со првата комерцијална вселенска прошетка

Sase Ivanovski

Говор на омраза и поделби на етничка основа во антиалбанска кампања на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

И по еден месец од јавниот повик, Арсовска тактизира и не поставува директор на Зоолошката градина

Sase Ivanovski

Google казнет со 2,7 милијарди долари од ЕУ

Sase Ivanovski

СДСМ со писмо бара Гаши да закаже седницата законот за бранители. Гаши одби велејќи дека не е надлежен

Sase Ivanovski

Во следните неколку недели ќе се направи модификација и на составот на заедничката комисија со Грција, велат извори од МНР

Sase Ivanovski

Таравари за Законот за бранителите: Сега не е моментот да се разговараат такви теми

Sase Ivanovski

Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови

Sase Ivanovski

Со голем концерт ќе им се оддаде почит на македонските музички легенди кои прерано заминаа!

Sase Ivanovski

МНР ќе му врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор

Sase Ivanovski

Успешно финале на турнирот во мал фудбал „8 Септември“, „Астра казино“ ја продолжува поддршката

Sase Ivanovski

Додик му напиша на Трамп: Претседателе, чувајте се. Ни требате да победите

Sase Ivanovski

Муцунски не реагирал веднаш за фотографирањето без македонското знаме од почит кон Бугарија за авионската несреќа

Sase Ivanovski

Лукаревска: Со новото задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот од 60%

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на дискусијата „Младите и внатрепартиската демократија“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави” да глуми загриженост сега кога се врати достоинството на државата

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Претседателката Сиљановска Давкова и министерката Јаневска се сретнаа со ученици кои година освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари

Sase Ivanovski

Град СКОПЈЕ: Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата

Sase Ivanovski

Работна средба на Комисијата за социјална политика, демографија и млади со бундестаг пратеници

Sase Ivanovski
Вчитувам....