23.8 C
Скопје
08/09/2024 01:33
МАКТЕЛ

     

(Анализа) Тема на неделата: „Дестабилизација“ – реална закана, политичко пророштво, или теорија на заговор?

     

Пишува: Жарко ТРАЈАНОСКИ

Агрегаторите на вести на македонски јазик само во август регистрираа неколку стотици објави во кои се среќава изразот „дестабилизација“. Најголем дел од „вестите“ не се однесуваа на она што се случило, или на она што се случува во сегашноста, туку на непроверливи политички изјави за она што би можело да се случи во иднината (наесен). Политичките изјави за иднината не содржат информации кои можат да се проверат или потврдат.  Оттаму, бројните новинарски и аналитички прилози на тема „дестабилизација“ тешко можат да се наречат „актуелни вести“,  туку тие поскоро спаѓаат во рубриката „вести од иднината“.

 

Сепак, може да се забележат и пропагандни медиумски известувања дека „дестабилизацијата“ веќе се случува и дека станува збор за „реална закана“. Меѓутоа, главните извори на „вести од иднината“ (премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ) не и понудија на јавноста никакви сериозни докази и факти за постоење на конкретни планови или сценарија за дестабилизација на државата и за повреда на суверенитетот и територијалниот интегритет. Токму затоа, во отсуство на факти, хипотетичкото прашање за „дестабилизација“, со кое е преокупирана јавноста последнава седмица, може да се сведе на трилемата: дали станува збор за реална закана, за политичко пророштво, или пак за теорија на заговор заради пропагандни цели? Со лиферувањето на непотврдени информации и шпекулации за некакви „планови за дестабилизација“ (без докази за нивно постоење), а по кои не уследува соодветна институционална акција, се намалува довербата во државните институции кои треба да се грижат за безбедноста. Должност на премиерот е со својата комуникација да ја јакне довербата во државните и безбедносните институции, а не да ја подрива.

Кој прв ја покрена темата за „дестабилизација“ на владата?

  

Темата „дестабилизација“ (на владата) на крајот на јули ја лансираше лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, по повторното истакнување на албанското знаме со иста големина како и македонското, на координативен состанок одржан во владата од коалиционите партнери: „колегите од ВРЕДИ многу грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата или излегување на ЗНАМ“, соопштија повеќе медиуми.
Во „ВЕСТИ ПЛУС” со Максим Димитриевски 31.07.2024, Димитриевски зборуваше и за „пост-изборен маркетинг“ на ВРЕДИ, укажувајќи дека незаконскиот потег на ВРЕДИ со знамето е „самовластие“, и им порача на коалиционите партнери дека ако практикуваат самовластие „тогаш не ви е место во владата“.

Кој продолжи да зборува за „дестабилизација“ на државата?

Потоа, темата „дестабилизација“ (на државата) беше медиумски покрената по интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски за „Фокус“ од 01.08.2024, во насловот на ТВ Сител од 04.08.2024 – Мицкоски: Нема да дозволиме дестабилизација на државата.
Симптоматично е дека во насловот на ТВ Сител централен израз е „дестабилизација“, кој не се среќава ниту во прилогот, ниту во цитираната изјава од премиерот Мицкоски во која се споменува „криза“ во однос на „територијалниот интегритет и суверенитет“.

Како темата „дестабилизација“ стана медиумска тема на денот?

Темата „дестабилизација“ стана медиумска тема на денот на 05.08.2024 кога премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со премиерот на Република Косово, Албин Курти, како одговор на новинарско прашање, изнесе непотврдени „информации“ за „чекори во насока на дестабилизирање на државата“, кои наводно наесен ќе ги презема раководството на ДУИ:
„…имаме информации со кои што располагаме, кои се информации добиени по повеќе канали, дека раководството на Демократската унија за интеграција, ова раководство на Демократската унија за интеграција, во обид да го заштити капиталот којшто го создаваше изминативе 20, 22 години, ќе превзема чекори во насока на дестабилизирање на државата, што е многу значајно да се спомене, а ние како Влада имаме полно право да го браниме територијалниот суверенитет, интегритет и мирот на граѓаните. Тоа практично е и целта на една држава.“

Притоа, самиот Мицкоски укажа дека неговите информации се непотврдени и дека времето ќе покаже дали тие информации ќе се потврдат или нема да бидат точни: „И очекуваме тоа да се случи оваа есен, врз основа на тие информации кои што ги имаме. Да почекаме, времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или дали информациите нема да бидат точни“.
Иако во изјавата на премиерот не се употребува и акцентира изразот „дестабилизација“, туку се зборува за „дестабилизирање“, изразот „дестабилизација“ стана составен дел од клучните медиумски наслови: Имаме информации дека ДУИ за да го заштити капиталот кој го таложеше ќе предизвика дестабилизација вели МицкоскиМицкоски предупредува за дестабилизацијата од ДУИ – Ахмети молчиМицкоски: Имаме информации дека ДУИ оваа есен може да преземе чекори за дестабилизација на државатаМицкоски тврди: ДУИ наесен ќе презема чекори во насока на дестабилизацијаМицкоски повтори: Имаме информации дека ДУИ есенва подготвува дестабилизација!Мицкоски: Се очекува ДУИ да преземе чекори за дестабилизација на државата, но времето ќе покаже дали информациите се точни или не

Медиумско-експертски дезинформации и теории на заговор на тема „дестабилизација“

Иако премиерот изнесе непотврдени „информации“ кои се однесуваат за иднината, некои медиуми почнаа да известуваат за обиди за дестабилизација во сегашно време. На пример, во насловот на „Вечер“ „По најавите на ДУИ за дестабилизација, стручњаците коментираат: На секој повик за уривање на уставниот поредок, треба соодветно да се одговори“ (05.08.2024), се инсинуира дека ДУИ веќе најавила дестабилизација и дека веќе имало „повик за уривање на уставниот поредок“. Во текстот се пренесува изјава на „Професорот за безбедност и проректор за настава на Европски универзитет – Скопје, Александар Нацев“ (без да се нагласи неговата политичка поврзаност како гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ), во која дезинформира дека „Какви било протести се безбедносна закана, на која мора соодветно да се одговори и да се третира“.  Претходно, во интервју за „Фокус“, Мицкоски не зборуваше за „какви било протести“, туку за идни насилни протести: „Јас говорам за протести. Сѐ додека се демократски и мирни, тие се легитимни. Ако преминат во насилни, тогаш, повторно ќе кажам, како влада имаме право да го браниме територијалниот интегритет и суверенитет на државата.“

И јавниот сервис МТВ во централните вести излезе со „Анализа: за обидите за дестабилизација на државата“, наслов кој сугерира дека има конкретни обиди за дестабилизација. Во прилогот на МТВ аналитичарот Ристо Никовски тврди дека премиерот Мицкоски е „апсолутно во право“: „Мислам дека Мицкоски е апсолутно во право. ДУИ спрема некаква дестабилизација на државата…“.  Никовски во изјавата дезинформира дека јавното зборување за нов концепт за уставно рекомпонирање на државата е загрозување на уставниот поредок: „А прво и основно е што тие зборуваат јавно за некакво уставно рекомпонирање на државата, некој нов концепт, што значи го загрозуваат уставниот поредок на државата.“ Дополнително, Никовски инсинуира дека станува збор за кривично дело рушење на уставниот поредок, за кое мора кривично да се одговара: „Секоја одговорна власт го штити својот уставен поредок, и секој што се појавува како рушител на тој уставен поредок мора да одговара веќе кривично“.

­Иако во прилогот на МТВ емитуван по 19.30 часот се тврди дека „Од ДУИ засега нема одговор по сериозните обвинувања од страна на премиерот Мицкоски дека интегративците се подготвуваат за немири и дестабилизација оваа есен“, на веб-страницата на ТВ21 во 19.00 часот беше објавена веста ДУИ со одговор до Мицкоски: Ние сме гарант за мирот, стабилноста и европската иднина на државата, по соопштението на ДУИ кое е објавено на нивната Фејсбук страница во 18.47 минути.


ДУИ тврди дека е гарант на мирот и стабилноста и дека ќе презема демократски мерки

Неколку часа по изјавата на Мицкоски и медиумското прозивање на ДУИ на тема „дестабилизација“ следуваше соопштението на ДУИ во кое се тврди дека се државотворна партија, гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на државата, и дека ќе ги користи „сите демократски мерки“. Соопштението на ДУИ беше пренесено од повеќе медиуми на македонски јазик, а од Канал 5 ТВ како демант во насловот „ДУИ демантира дека ќе прави дестабилизација, биле државотворна партија“.


Филипче: 
Доколку Мицковски поседува информации за дестабилизација, да ги достави до надлежните институции

Истата вечер на 5.08.2024 повеќе медиуми го споделија и статусот на лидерот на СДСМ Венко Филипче, со пораката дека Доколку Мицковски поседува информации за дестабилизација, да ги достави до надлежните институции.

Во својата реакција, Филипче истакнува дека „Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба“.

 

Партиски и аналитички препукувања на тема „дестабилизација“

На 06.08.2024 беа објавени стотина вести и анализи на тема „дестабилизација“ од најразлични извори. Најнапред, владејачката „ВМРО-ДПМНЕ“ ги прозва „СДС и ДУИ“ да кажат „кој е планот за дестабилизација“, без да посочи било какви докази за постоење на таков план. СДСМ пак апелираше до Обвинителството да го повика Мицкоски на сослушување за информациите за дестабилизација, барајќи „Сиљановска Давкова да го свика Советот за безбедност ако е воопшто конституиран“. Медиумската  Битка со соопштенија околу наводната дестабилизација се продлабочи откако медиумите ја пренесоа изјавата на пратеникот на „Вреди“, Сали дека  Вреди нема информации за план за дестабилизација на ДУИ. Сепак, истиот ден и ВЛЕН во посебно соопштение ја обвини ДУИ за иден обид за дестабилизација: „ДУИ ќе се обиде, но нивниот капацитет за дестабилизација е слаб“.

Покрај партиските извори, темата „дестабилизација“ медиумите ја форсираа и со изјави од повеќе аналитичари и новинари. На пример, во анализата Каде оди и каде нѐ води Мицкоски, Ерол Ризаов тврди дека „Последниот обид да се прикријат катастрофалните потези на владата во низа, додека гори од пожари цел месец државата, е дека ДУИ подготвува дестабилизација на Македонија  и нарушување на територијалниот интегритет.“ Ризаов сугерира дека  причините за можната дестабилизација на државата треба да се бараат во одложувањето на преговорите со ЕУ, што е „многу опасна и скапа работа која ја прави неизвесна иднината на Македонија“. Во прилогот Героски: Премиерот не дава паушални изјави, веројатно има информации од разузнавачките служби, се потенцира изјава на „новинар“ кој без докази и аргументи изнесува политичко пророштво дека „ДУИ може да се обиде да го мобилизира членството, но не може многу да ја дестабилизира државата“.

 

Претседателката не планира да го свика Советот за безбедност, иако МВР постапува по индициите за „дестабилизација на државата“

Повикувајќи се на „вознемирената јавност“, дел од медиумите уште веднаш побараа и повеќе одговори од надлежните институции, како на пример, прилогот Партиите вријат за можната дестабилизација, а надлежните спијат. „360 степени“ соопшти дека до кабинетот на претседателката на државата ги испратиле следниве прашања: „Дали во врска со овие информации претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова планира да го свика Советот за безбедност? Дали вакви информации поседува и кабинетот на претседателката?“, а дека од кабинетот добиле мошне кус одговор „Почитувани, одговорот на вашето прашање е: не.“ (Сиљановска-Давкова нема да го свика Советот за безбедност и покрај сознанијата на Мицкоски за можна дестабилизација на државата). Истиот одговор го соопшти и ТВ24, на прашањето „дали Сиљановска-Давкова ќе го свика Советот за безбедност, по индициите на премиерот?“.

Сепак, Сител извести дека МВР постапува по индициите дека се спрема дестабилизација на државата, а по гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија на министерот Тошковски, повеќе медиуми го пренесоа неговото тврдење „Точно е дека постојат информации кои се во насока на тоа што го говори премиерот“ (И Тошковски тврди дека ДУИ подготвува дестабилизација на државата – не открива детали).

 

Кој треба да ја провери информацијата за „заканите за дестабилизација“?

„Дестабилизацијата“ беше една од клучните медиумски теми и на 07.08.2024, како што сведочат и насловите Дестабилизацијата засега постои само во изјавите на Мицкоски и ТошковскиДестабилизација или театар?, Дестабилизација од ДУИ или дефокус на ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, некои „експерти“ за безбедност добија простор во национални медиуми (чија основна работа е да проверуваат информации), за да ја убедуваат јавноста дека информацијата за „заканите за дестабилизација“ била „проверена“ информација, затоа што премиерот „ја добил од некои служби“ (Хаџи-Јанев: Заканите за дестабилизација треба да се земат сериозно). Но, токму новинар(к)ите имаат етички кодекс да не објавуваат непроверени информации, а обврската за „проверка на факти“ важи како за тврдењата на премиерот, така и за тврдењата на експертите кои не треба да се земаат „здраво за готово“.

ДУИ продолжи јавно да укажува дека станува збор „за лажна пропаганда и обвинувања“, дека „Не е исклучена можноста за протести наесен но во рамки на демократските механизми кои стојат на располагање“, и дека „И протестите се демократски начин за изразување на политичката волја“.
Истовремено, медиумите продолжија да шират оцрнувачки политичко-пропагандни пораки од владејачката ВМРО-ДПМНЕ против ДУИ: Додека ДУИ заседава, од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека нема да дозволат една криминална банда да ја киднапира државатаВМРО-ДПМНЕ: ДУИ во моментот е во заложништво на мала група бандити во врвот.

 

Пропагандни наративи на ВМРО-ДПМНЕ: Пред избори „дуизација“, по избори „дестабилизација“, а каде е „институционалната реакција“?

И во наредните неколку дена повеќе медиуми одиграа улога на пропаганден сервис на ВМРО-ДПМНЕ во оцрнувачката кампања против ДУИ и СДСМ, во која се спомнуваше „план“ или „сценарио“ за „дестабилизација“, без да се наведат било какви конкретни докази за постоење на таков план или сценарио.

Некои критичари укажаа на отсуството на соодветна институционална реакција по „заговорот за безбедносна дестабилизација на државата“: „Кога премиерот и министерот за внатрешни работи ви тврдат дека постои заговор за безбедносна дестабилизација на државата, очекувате институционална реакција, а не ширење страв од говорница и пред камери“ (Џабир Дерала); „Како граѓанин не очекувам од премиер на телевизија да ми кажува дека има индиции оти некој сака да ја дестабилизира државата, па и да ми најавува дека таа дестабилизација ќе се случи наесен. Од премиер очекувам да ми соопшти што презеле државните органи.“ (Горан Михајловски); „Што прават институциите за да одговорат сериозно на овие закани, доколку тие закани навистина постојат?… Доколку е состојбата толку сериозна, што бара премиерот да оди на одмор?“ (Петрит Сарачини).

И поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски апелираше „Институциите да преземат мерки ако навистина постојат индиции за дестабилизација на државата“.
Наместо институционална реакција во врска со „заканите од дестабилизација“, следуваа партиско-пропагандни пораки дека „Дестабилизацијата е осуетена“. Истиот ден, на 10.08.2024 повеќе медиуми во насловот ја акцентираа изјавата на Мицкоски „ја стабилизираме државата“, која пак имплицира дека и сега државата не ни е стабилизирана.

 

Реална закана од дестабилизација, теорија на заговор или пророштво на „гатачката“ на ВМРО-ДПМНЕ?

Во отсуство на факти, прашање за „дестабилизација“, со кое е преокупирана јавноста последнава седмица, е хипотетичко прашање кое може да се сведе на трилемата: дали станува збор за реална закана од дестабилизација, за теорија на заговор заради пропагандни цели, или пак ВМРО-ДПМНЕ повторно ја ангажирало „гатачката на Груевски“ за предвидување на иднината?

Отсуството на соодветна институционална реакција, 10 дена откако премиерот Мицкоски на 1 август јавно предупреди на можен конфликт и опасност по територијалниот интегритет, напоредно со зголеменото присуство на оцрнувачка партиска пропаганда од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се индикатори кои наведуваат на заклучокот: И доколку има некаква реална закана од дестабилизација, тогаш нема реална институционална реакција, туку само партиска пропагандна кампања.

Колку за потсетување, како држава имаме многу лошо искуство со водењето на слични негативни кампањи од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2015-2017, кога напоредно со руската пропаганда се ширеа теории на заговор за дестабилизација на Македонија со „втора хибридна војна”, со „украинско сценарио“, со „сценарио за дестабилизација на државата и за пуч во државата“, со некаква „соросоидна“ „обоена револуција“. Наспроти руската пропаганда за некакво насилно „украинско сценарио”, насилството како метод беше искористено од страна на провладините демонстранти на 27 април и тоа за спречување демократска промена на власта од страна на новоформираното парламентарно мнозинство.

Токму затоа, сегашните пропагандни анализи дека „И Ахмети ќе проба да направи шарена револуција“, потсетуваат на еден пропаганден период кога власта се обидуваше да ги делегитимира и дискредитира опозициските протести како насилни (како „украинско сценарио“ или „обоена револуција“), пред истите воопшто да се случат. Оцрнувачките партиски кампањи, во кои се препознатливи намерите за дискредитирање на секои идни опозициски протести како насилни и дестабилизирачки, потсетуваат на времето кога Груевски водеше црни кампањи против „федерализација“ и „кантонизација“, а беше под влијание на неговата гатачка.

Целата оваа хаотична ситуација со „заканите од дестабилизација“ е резултат на несоодветната комуникација со јавноста на премиерот за тема од врвен национален интерес како што е безбедноста, преку споделување на непроверени информации. Крајно несериозно е премиерот да споделува во јавност безбедносни информации, кои не се ни потврдени, ниту пак можат да се потврдат, затоа што се однесуваат на иднината. Премиерот воопшто не треба јавно да споделува ваков вид информации, затоа што тогаш се претвора во извор на шпекулации, теории на заговори, па и дезинформации.

Ваквиот несериозен пристап во владините комуникации на тема „дестабилизација на државата“ нанесува сериозни штети и на националната безбедност и на државните институции.  Со лиферувањето на непотврдени информации и шпекулации за некакви „планови за дестабилизација“ (без докази за нивно постоење), а по кои не уследува соодветна институционална акција, се намалува довербата во државните институции кои треба да се грижат за безбедноста на државата и нејзините граѓани. Должност на премиерот е со својата комуникација да ја јакне довербата во државните и безбедносните институции, а не да ја подрива.

 

Најново

СДСМ: За секоја надлежност на Владата имаме по еден министер, заменик министер, државен секретар, советник на премиерот и национален координатор.

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали Владата ќе се вработи Национален координатор за координирање на координаторите?

Sase Ivanovski

Убиство во Кочани: Заедно пиеле со соседот, а потоа го убиле

Sase Ivanovski

Николоски за неделникот „Фокус“: За пругата со Бугарија е избрана најтешката траса за да се напумпа цената

Sase Ivanovski

Се проширува пожарот во Мариово, периметарот на огнената линија изнесува 110 километри

Sase Ivanovski

ЦУК: Активни седум пожари, три под контрола

Sase Ivanovski

Филков за Вечер: Во моментов сите решенија за Судски совет се на маса и се бара најдоброто решение

Sase Ivanovski

Митева: Венко Филипче како пратеник и министер пријавил различни анкетни листови за имот стекнат и пред да биде на државна функција

Sase Ivanovski

(Видео) Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ,

Sase Ivanovski

Позицијата на албанската жена во руралните области во Македонија сè уште е далеку од посакуваната

Sase Ivanovski

Анкета: Дали сте биле вознемирувани од сообраќајната полиција во РСМ?

Sase Ivanovski

Од јануари до август издадени лиценци за нови фотонапонски централи со вкупна моќност од речиси 250 мегавати

Sase Ivanovski

Откако загинаа татко и син во сообраќајка, Обвинителството нареди итно да запрат градежните работи на патот кон Куманово

Sase Ivanovski

Словенечката термоелектрана „Шоштањ“ е на работ на банкрот, државата ќе ја спасува

Sase Ivanovski

Вучиќ на средба со рускиот амбасадор – главни теми: Самитот на БРИКС и Косово

Sase Ivanovski

Последни обиди на Грција и Кипар за воспоставување на најголемиот морски интерконектор

Sase Ivanovski

Украински пилоти почнуваат обука на борбени авиони во Канада

Sase Ivanovski

Остин: Конфликтот во Украина ќе се реши на преговарачка маса, кога – не се знае

Sase Ivanovski

Власта достави измени на Законот за локална, да нема избори во општините каде градоначалниците станаa министри и пратеници

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ХРВАТСКА Невремето создаде хаос, ветрот носеше сѐ пред себе

Sase Ivanovski

ТИНЕЈЏЕР ГО НАПАДНАЛ СВОЈОТ ТАТКО МУ го скршил стаклото на возилото, па го истепал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХОЛИВУДСКИ АКТЕР ПЦУЕ И ВИКА НА УЛИЦА Сакал да се пресмета со неколкумина, но минувачите спречиле тепачка

Sase Ivanovski

ДРАМА НАД ТУРЦИЈА Авион принудно слета поради закана за бомба

Sase Ivanovski

ДЕФАНЗИВЦИТЕ ГРЕШЕЛЕ, А ГОЛМАНИТЕ ПУШТАЛЕ ГОЛОВИ! Голем скандал во германскиот фудбал, 17 натпревари се наместени

Sase Ivanovski

НЕ Е БЕЗБЕДНО ДА ИМА КАТНА ГАРАЖА ДО СОБРАНИЕТО Поради стара и неразумна одлука Гаши ќе преговара со инвеститорот за отштета

Sase Ivanovski

Грозоморно злосторство ја крена Франција на нозе: Сопругот ја дрогирал сопругата и договарил да ја силувааат над 80 странци

Sase Ivanovski

Општина Центар: Немаме правен механизам да го спречиме градењето на катната гаража до Собранието

Sase Ivanovski

Зеленски побара дозвола Украина да гаѓа цели подлабоко на руска територија

Sase Ivanovski

Мадрид ги протерува изнајмувачите на електрични тротинети

Sase Ivanovski

Денот на независноста ќе се одбележи под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директорката Стефанова: “Камбаната” е старо училишно ѕвоно, не е вистинска камбана

Sase Ivanovski

Албанец вооружен со мачета сакал да убие полицајци во Германија, извикувал:„Алаху акбар“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Камбаните ќе и го преземат приматот на државната химна. Гордата директорка на велешкото училиште „Панко Брашнаров“им рече на првачињата дека со тропањето на камбаната ги викнале на првиот час

Sase Ivanovski

Нови 25 заболени со голема кашлица, петмина хоспитализирани

Sase Ivanovski

Андоновска со апел до матичните – суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна клиника или во ИЈЗ

Sase Ivanovski

Величковски: Според досегашните перформанси на Владата: Платформата #1198 означува број на проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира или ќе ги запре?

Sase Ivanovski

Училиштата ќе добијат асистенти во вторник, учениците ќе имаат повеќе спорт и информатика

Sase Ivanovski

Бајден планира да прими 125.000 бегалци во САД следната година

Sase Ivanovski

Јаневска: Воведувањето на едносменската настава е со цел учениците да бидат подолго на училиште и така да стекнуваат на повеќе знаење

Sase Ivanovski

Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Притвор од 30 дена за скопјанец за обид за силување – ja нападнал на бул. Борис Трајковски и ја влечел кон споредна уличка

Sase Ivanovski

Ацо Пејовиќ ќе пее во Кавадарци, ама ќе се слуша до Неготино: Пејачот носи аудио новитет на Тиквешки Гроздобер!

Sase Ivanovski

РКЕ одлучи: Од полноќ и бензинот и дизелот со рекордно ниска цена

Sase Ivanovski

Гаши на приемот по повод 8 Септември: Пред нас се отвора нова развојна перспектива, која доаѓа со новата генерација на политичари

Sase Ivanovski

СТОИЉКОВИЌ И НИКОЛОВСКИ ВО БЕЛГРАД: Со изградба на гасен интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија, што треба да следи по гасното поврзување на земјата со Грција, Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: 15-годишно момче падна од катна гаража, починало на лице место

Sase Ivanovski

Герасимовски: Јас и советниците на СДСМ нема да ја поддржиме донацијата која ја бара МПЦ, граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации

Sase Ivanovski

Бранко Тричковски: Со мало, задоцнување, драга Искра, ти испраќам честитки за големото германско признание, Гете медалот за културни творци надвор од Германија

Sase Ivanovski

ФУДШ И ФИШ ОДРЖАА ИНФОДЕН ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТУДЕНТИ Течат последните рокови за уписи на словенечките факултети

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Министерот Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина

Sase Ivanovski

Јаневска: Подолг престој во училиште за повеќе знаења, но и за повеќе спорт и воннаставни активности

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО АФРИМ ГАШИ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ: ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ДЕЛ ОД ПРОГРАМИТЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ УЧИЛИШТА

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Јаневска: Унапредувањето на стручното образование преку практична настава за зелени вештини ја подобрува вработливоста на учениците

Sase Ivanovski

На 5ти Септември, 2024-та година во 19:30 часот во Рим беше оддржан концертот на ДУО СКУПИ составен од Јета Старова Мехмети на флејта и Ермаљ Мехмети на виолина, истиот го отвори со говор амбасадорката на Р.С.Македонија Марија Ефремовска

Sase Ivanovski

Брисел: Заокружена работната посета на Муртезани со средбата со Санино

Sase Ivanovski

СДСМ: Јаневска ги обвинува училиштата, а таа не им ги продложи договорите на личните асистенти

Sase Ivanovski

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, на ден 7.09.2024 година (сабота) и 9.09.2024 (понеделник) година ќе се работи по неделен возен ред.

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Калтрина Зеколи Шаќири: Заменик министер на Министерство за Транспорт Во рамките на капитален проект од Европската Унија, имав прилика да пречекам високи функционери од Полска, вклучувајќи го министерот Артур Чапиевски, кој е исто така Главен инспектор за патен транспорт во Полска, г. Михајл Ржезњевски, советник за проектот Twinning, и заменик-амбасадорот на Полска во РМВ, Пјотр Висоцки

Sase Ivanovski

Вработувањата на стручниот кадар во ЈОУДГ „8 Март“, Општина Струга е оневозможен поради неименување на директор од страна на градоначалникот

Sase Ivanovski

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ ОСТВАРИ ПРВА СРЕДБА СО НОВИОТ АМБАСАДОР НА ФРАНЦИЈА ЛЕ РИГОЛЕР

Sase Ivanovski

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

Sase Ivanovski

МВР: СВР Скопје го расчисти случајот со обид за силување во Кисела Вода, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас

Sase Ivanovski

Пазарна е на терен! Сите кои ќе забележат неправилност, да пријават во пазарниот инспекторат

Sase Ivanovski

Гранит Џака номиниран за “Златната топка”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шумскиот пожар во Шпанија изгоре најмалку 300 хектари

Sase Ivanovski

ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО на бессемена лубеница: Годината беше успешна, родот богат, а квалитетот одличен

Sase Ivanovski

Видео со Никола Мицевски. Кој им понудил мито за коридор 8?

Sase Ivanovski

Митева до Кузеска: Дали е вистина дека компанија од Македонија која е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е во сопственост на поранешен премиер и претседател на СДС?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митева: Браќата на Филипче и Заев, преку брза шема стануваат сопственици на Фос Имерас – Соларна електрана

Sase Ivanovski

Се е подготвено за големата Get EXIT-ед забава – во Струмица пристигаат Agents Of Time, Meduza, Layla Benitez и Senidah, а влезот е слободен!

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Николоски: Надзорот над „Бехтел и Енка“ е неспособен – фирма од Италија на глумец главно работи во Македонија и Молдавија!

Sase Ivanovski

СИРИЗА: Ги осудуваме прекршувањата на Договорот од Преспа од турскиот министер за надворешни работи

Sase Ivanovski

Тешко повредена прилепчанка која возела мопед, се судрила со автомобил

Sase Ivanovski

Кавадарчанец прегази скопјанка на паркинг пред угостителски објект во скопски Аеродром

Sase Ivanovski

Кривична за 14-годишник за пожарот во Расадник – од петарди се потпалила сувата трева

Sase Ivanovski

Дуров: Помогнав во борбата против тероризмот во Франција

Sase Ivanovski

Златан Ибрахимовиќ: „Никогаш нема да станам тренер. „ Тие работат 12 часа дневно и немаат апсолутно слободно време

Sase Ivanovski

Костадин Костадинов: Јас како градоначалник и Советот на општина Струмица не е прв пат да ги наградиме нашите пожарникари

Sase Ivanovski
Вчитувам....