„На повиците истовремено присуствуваат нашите вработени, припадници на МВР, итна медицинска помош или противпожарна единица. Така го кратиме времето зп ренос на информација и граѓаните добиваат побрза помош, без разлика што им е потребно“ рече Ангелов.Директорот на ЦУК потенцираше дека тие имаат комуникација и со останатите институции доколку е потребно да бидат вклчени и тие во разрешување на ситуацијата.„Водиме уредна статистика и во просек имаме од 1500 до 2000 повици дневно, со тоа што бројката варира“ рече Ангелов.