Вчера во Гелзенкирхен се сретнаа екипите на Србија и Англија, а славеше селекцијата на „Гордиот Албион“ со 0:1.Во овој натпревар беше поставен и еден анти-рекорд. Имено двете репрезентации упатија вкупно 11 удари кон двата гола. Србија шутна шест пати кон голот на Пикфорд, додека Англичаните на спротивната страна пет пати се заканија. Бројката од 11 удари е најмалку на еден натпревар од Европско првенство уште од 1980 година.
Србија имаше еден удар повеќе од Англија, но не успеа да постигне гол. Така Англија ја зачува својата мрежа по петти пат во групната фаза на еден континентален собир и тоа не ѝуспеало на ниту една друга репрезентација. Oд останатите интересни податоци поврзани за овој натпревар, Белингам стана првиот европски играч кој пред 21 година настапил на три големи натпреварувања и првиот кои на две постигнувал гол, а да не играл во Премиер лигата.