Да се носи националниот дрес на грб и да се бранат националните бои е највисоката чест и одговорност за еден спортист. Како Претседател на Кошаркарската Федерација имам огромна одговорност кон националните тимови заедно со моите соработници да им ги овозможам најповолните услови за работа и успех.
Среќен сум што луѓе како Претседателот на Владата, господинот Христијан Мицкоски @hristijan_mickoski ја препознаваат напорната работа на тимот во целост и ни даваат дополнителен ветер во грб за да продолжиме ние како Федерација да им ја пружаме најголемата поддршка на нашите репрезентации, а тие достојно да го трасираат патот кон успехот. Благодарен сум и на Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски @mucunski кој неуморно стои зад нас во сите наши подвизи.
Благодарен сум и на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан кој одвои дел од неговиот ден да се сретнеме и да поразговараме. Последно, и можеби најважно, благодарен сум и на сите кои одвоија дел од своето време да ги бодрат нашите момци од трибините во изминатите 10 дена.