„Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка, на невидено, само за да не биде повторно косоваризиран македонскиот парламент. Противуставно е да се зборува на друг јазик освен македонскиот кога се претседава со седница“, рече Апасиев.
Тој посочи дека противуставен е Законот за јазици по кој претходно Талат Џафери претседаваше со седниците на албански јазик.Тој додаде дека ако зборува на македонски, може да преседава.„Си ги гласавте патриотите тоа ќе ви биде реалноста“, додаде Апасиев.