На овој начин, градоначалничката на Скопје рече дека сака да ги демантира манипулациите на оние „што ставиле в џеп десетици милиони евра за да си го скријат сопствениот криминал“, алудирајќи притоа на раководството, односно директорите на двете здруженија на приватни превозници.
Ќе возат овие луѓе што работат за корка леб. Меѓутоа ќе работат чесно ќе работат со фискални апарати и ќе работата директно, а не преку овие што ги злоупотребувале во изминатите пет години и тие пари си ги ставале в џеп, а се гледа тоа и по самите луѓе и по сето она со кое располагаат, кој е оној кој е богат, а кој е оној кој работи да си го прехрани семејството,рече Арсовска на прес-конференцијата. Одговарајќи на новинарско прашање како ЈСП „Скопје“ ќе го надомести недостатокот од околу 200 автобуси кои во моментов не сообраќаат на неколку линии во градот, поради случајот со двата приватни превозници, Арсовска рече дека не станува збор за толку автобуси и оти откако таа е дојдена возниот парк на ЈСП е зголемен речиси двојно.
„Не се двеста автобуси, се работи за бројка од педесетина автобуси преку здружението на `Слобода превозѝ, не е толку голема бројката затоа што едните опслужуваа пет линии, другите опслужуваа 11 линии. Она што ние го начекавме во ЈСП беа 140 автобуси, останатите не возеле за да можат овие две здруженија да прават повеќе километри кои што гледаме си ги полнеле џебовите со средства на граѓаните. Во меѓувреме ЈСП се консолидира, се реформира и од 140 автобуси, со тоа што е овозможено да се репарираат да имаат соодветни делови, да се овозможи да бидат функционални со што сега се оспособени над 270 автобуси. Сметаме дека со полниот капацитет ЈСП ќе може да биде квалитетен и самодоволен .Меѓутоа не нѝ е целта да ги исклучиме овие луѓе затоа што тие инвестирале, бараат и тие некава правна сигурност и тоа ќе биде овозможено на начин кој ќе биде чесен и транспарентен“,рече градоначалничката на Скопје, Арсовска.