Ја поздравуваме разумноста на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, за која се надеваме дека е искрена и во насока на одблокирање на процесите во градот Скопје.
Апелираме, премиерот Мицкоски да ги вразуми советниците во Советот на град Скопје да не тераат инает и уште веднаш на следната седница да ја изгласаат програмата за работа на Комуналма хигиена која седум месеци досега одбиваат да ја донесат. За прв пат во градот Скопје по 30 години Комунална Хигиена нема програма за ангажирање на сезонски работници кои се задолжени за одржување на градската хигиена и чистота на градот само поради инаетот на советниците од мнозинството.
Апелираме, Мицкоски да ги вразуми советниците да го изгласаат и планот за набавка на нови еколошки автобуси.Апелираме до премиерот, кога веќе освои апсолутна власт, да ги одблокира претпријатијата кои досега беа блокирани од членовите на Управните одбори од неговата партија.
Доколку е потребно, градот Скопје е подготвен да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата со единствена цел – граѓаните на градот Скопје да добијат град каков што заедно градоначалничката Арсовска и премиерот Мицкоски ветија во 2021 година.
Со почит,Одделение за односи со јавност на Град Скопје