Бадникова работичница во Кисела Вода 05/12/2024 21:41 Најмили наши дечиња, да ја пренесеме Божиќната радост во цело Скопје, во секоја општина, секое маало и населба! Започнуваат подготовките за БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2025! Со радост во срцата, ве известуваме дека започнува со работа првата Бадникова работилница на која ќе се изработуваат ѕвезди и ќе се вежба песничката ,,Вечниот Бог”. Недела 15 декември | 12:00 часот; Голема сала во Општина Кисела Вода. Сите дечиња се добредојдени! Да се подготвиме за најрадосното празнично чекорење и да ја пренесеме Божиќната радост до секое срце! Лица за контакт: Ана Ѓуровска +38971391167 Дарко Петровски +3978383746