Почитувани,
Врз основа на чл.25 од Статутот на Општина Прилеп, советничката група на
СДСМ и Коалицијата денеска, 07.02.2023 година, до претседателот на Совет на
општина Прилеп поднесе барање за свикување вонредна седница, со една точка
на дневниот ред: Носење Одлука за давање хуманитарна помош на настраданите
граѓани во катастрофалниот земјотрес во Република Турција.
Бараме вонредната седница на општинскиот Совет да се одржи утре, среда
08.02.2023 година, со цел помошта до настраданите да стигне што поскоро.
Општина Прилеп е збратимена со две Општини од Република Турција, Тире и
Бакиркој. Поради тоа, сметаме дека нашата општина треба да биде меѓу првите
која ќе испрати хуманитарна помош до настраданите подрачја и дека носењето
ваква Одлука е издржана и оправдана.
Со почит,
Советничка група на СДСМ и Коалицијата
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп