Ова уште еднаш ја доведува во прашање неговата способност да биде на функцијата претседател, токму пред претседателските избори во САД во ноември.Со емотивни, но и лути забелешки, Бајден ги негираше наводите на специјалниот советник Роберт Хур дека неговата меморија била ограничена, зашто кога обвинителите го интервјуирале не можел да се сети на годината кога почнал да служи како потпретседател на претседателот Барак Обама или на годината кога починал неговиот син Бо.
„Има дури и упатување дека не се сеќавам кога починал мојот син. Како, по ѓаволите, некој се осмелува да зборува за тоа? Не треба никој да ме потсетува кога Бо почина“ рече Бајден за својот син, кој почина од рак на мозокот во 2015 година.Хур вели дека Бајден намерно ги задржал и ги открил материјалите, вклучително и документите за воената и надворешната политика на САД во Авганистан. Извештајот вклучува фотографии од документи во оштетена картонска кутија во гаражата на неговиот дом во Делавер.
Во својот говор, Бајден го нарече погрешен наводот дека намерно ги задржал документитеВо извештајот на специјалниот обвинител на Министерството за правда, Роберт Хур, се наведува и дека Бајден неправилно чувал доверливи документи додека ја извршувал функцијата потпретседател на САД. Сепак, Бајден нема да биде обвинет за тоа.Во извештајот на Хур пишува дека кога како дел од истрагата разговарал со 81-годишниот американски претседател повеќе од пет часа, Бајден не можел ни да се сети кога починал неговиот син Бо.