Џо Бајден / Фото EPA-EFE/ALLISON DINNER
Американскиот претседател Џо Бајден денеска, по состанокот со тимот за национална безбедност, објави дека посветеноста на САД за безбедноста на Израел е „железна“.
-Само што се сретнав со мојот тим за национална безбедност во врска со иранските напади врз Израел. Нашата посветеност на безбедноста на Израел е железна – напиша Бајден на социјалната мрежа Икс.Светот изрази голема загриженост поради иранскиот напад врз Израел
Бајден го прекина своето викенд патување во Делавер за да разговара за настаните на Блискиот Исток, пишува Ерусалим Пост.
Претседателот на САД претходно беше информиран за ситуацијата на Блискиот Исток од советникот за национална безбедност Џејк Саливан и главниот заменик советник за национална безбедност Џон Фајнер. Секретарот за одбрана Лојд Остин, државниот секретар Ентони Блинкен и началникот на Генералштабот, генерал Чарлс Браун присуствуваа на состанокот, заедно со Саливан и Фајнер.
Иран синоќа лансираше стотици беспилотни летала и крстаречки ракети кон Израел како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицерите кои ги придружувале.Иран лансираше серија балистички ракети во правец на Израел, објавија иранските медиуми.