Скопје 30.05.2023 година
Северна Македонија, исто како и остатокот од Европа го почуствува силно негативното влијание од војната во Украина врз енергетскиот сектор, што предизвика пораст на цените на природниот гас поради нарушувањето на снабдувањето со природен гас од Русија. Но, и покрај енергетската криза ние засилено работевме на трансформација на енергетскиот систем во земјата, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на панелот „Политики и технологии кон декарбонизација“ на годинешниот МЕФ 2023 форум.
„Во последните години работиме на реформи за зголемување на инвестиции во обновливи извори на енергија. Само во последните години имаме инсталиран капацитетет од обновливи извори на енергија, од фотонапонски централи од 110 мегавати што е за скоро 100% повеќе споредено со тоа што е направено од осамостојувањето на земјата. Врз основа на побарувачката од компаниите и од инвестициите на државната компанија ЕСМ до крајот на годината ќе имаме повеќе од 350 мегавати инсталиран капацитет од фотонапонски централи. На барање на Стопанските комори се размислува на опцијата производството на електрична енергија од обновливи извори од приватни инвеститори да биде откупено од државната компанија ЕСМ со цел да е зачува хидропотенцијалот и другите извори на обезбедување на енергија, како што се термоелекртани. Така ќе бидеме подготвени за следната зима и во наредниот период што е во согласност со нашата стартегија за развој на енргетиката“ кажа министерот Бектеши.
Министерот потенцираше дека Северна македонија е целосно зависна од рускиот гас но со поддршка на нашите партнери САД и ЕУ минатата година државата успеа да обезбеди дополнителни капацитети во гасоводот со Бугарија со што се диверзифицираа снабдувањето со гас за земјата.„Успеавме да ослободиме дел од капацитетите на единствениот гасовод кој го имаме со Бугарија кој е целосно закупен од руски Гаспром, односно успеавме да го зголемиме капацитетиот на гасоводот за да ја диверзифицираме набавката на гас за нашите енергетски капацитети и секако да обезбедиме греење на граѓаните. Од сега почнуваме со подготовки за следната зима, се со цел да имаме уште поголема независност од руски гас. До крајот на годината ќе започне изградбата на интерконекторот со Грција кој ќе овозможи да набавуваме гас од ТАП и од други извори“ кажа Бектеши.
Министерот најави дека Северна Македонија работи на реализација на проект за инвестиција во изградба на гасна централа од 600 до 800 мегавати која според првичниот план би се градела во нашата земја, но во чија изградба би учествувале со дел од инвестицијата сите земји во регионот.„Нашиот план е да ги поканиме нашите соседи да учествуваат во реализација на овој енергетски проект, кој ќе биде на регионално ниво. Нашиот предлог е да биде во Северна Македонија на место на ТЕЦ Неготино и сите земји кои имаат интерес во овој проект кој планираме да почнеме со реализација следната година да учествуваат како стејкхолдери“ потенцираше Бектеши.