По притисокот и неподготвеноста на албанските власти, градоначалникот на албанскиот град Химара Фреди Белери доби дозвола да замине во Стразбур и да положи заклетва како пратеник во Европскиот парламент, објавија грчките медиуми. Тој во понеделник наутро ќе лета за Атина, која ќе биде меѓустаница и од Атина ќе замине за Стразбур. Се очекува тој да пристигне на атинскиот аеродром Елефтериос Венизелос во 12.30 часот.
Белери во мај 2023 година, два дена пред општинските избори во Албанија, каде во Хемара беше кандидат за градоначалник, е уапсен под обвинение за купување гласови. Судот во Авлона, каде што беше упатен од регионалниот обвинител, изјави дека тој нема надлежност за случајот и го упати до Специјалното обвинителство за антикорупција, па Белери остана во притвор. Поради овој случај со градоначалникот од грчко потекло се заладија грчјо – албанските односи и Грција најави дека ќе го блокира патот на Албанија кон Европската Унија. На европските избори, Балери беше избран за пратеник во Европскиот парламент од редовите на владејачката грчка партија Нова Демократија.