9.9 C
Скопје
28/03/2025 03:47
МАКТЕЛ

    

Беса Адеми добила надоместоци од скоро 400 илјади денари од Академијата за судии и обвинители, а не присуствувала ниту на половина од седниците на Управниот одбор!

      

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, е член на Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители назначен од редот на судиите. За време на мандатот од 2022 до 2024 година, се одржале 41 седница на Управниот одбор, но, според податоците што ги добивме од Академијата, Адеми присуствувала на 18 од нив и добила надоместоци во вкупен износ од 397.835 денари. Иако Законот налага отсуствата да бидат пријавувани благовремено, сепак, како што велат од АСЈО, таа тоа најчесто го правела непосредно пред почеток на седниците, па немало можност да биде повикан заменик-членот на УО. Адеми, пак, тврди дека поканите и материјалите за одржување на седници на УО не се доставувувани благовремено. Во периодот од 2022 до 2024 година, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, добила надоместоци во вкупен износ од нецели 400.000 денари од Академијата за судии и јавни обвинители, иако не присуствувала на повеќе од половина од седниците на Управниот одбор на Академијата. Притоа, од Академијата велат дека Адеми отсуството го пријавувала непосредно пред почеток на седниците, па немало можност да биде повикан заменик-членот на УО. Таа, пак, тврди дека поканите не биле навремено доставувани. Според податоците што ги добивме од Академијата за судии и обвинители, користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Адеми била член на претходниот состав на Управниот одбор, со мандат од 29.11.2022 до 29.11.2024 година. Исто така, таа е член и на новиот, т.е. актуелниот состав на УО, кој се конституира на крајот на ланската година (30.12.2024) и има мандат до 2028 година (30.12.2028).

Што се однесува на мандатот 2022-2024 година, како што не информираа од Академијата, Управниот одбор одржал 41 седница, додека Адеми присуствувала на 18 седници, што значи дека таа не присуствувала ниту на половина од седниците во наведениот период. Патем, додаваат од таму, таа отсуствата ги пријавувала најчесто непосредно пред почетокот на седницата, па од таа причина немало време и можност да биде повикан заменик-членот. „Отсуствата од седници најчесто се пријавувани од кабинетот, со телефонско јавување или е-маил порака, и од таа причина не е повикана замената“, велат од Академијата за судии и јавни обвинители, од каде на нашето дополнително прашање дали тоа значи дека Адеми добила надоместок и за седниците на кои не присуствувала, ни одговорија дека согласно начелото на транспарентно и отчетно работење ни ги доставија информациите со кои располагаат, но не можат да изразуваат лични ставови и мислења. Што говорат информациите што ни ги доставија? Имено, во рамки на мандатот 2022-2024 година на Адеми и се исплатени надоместоци во вкупен износ од 397.835 денари. Земено по години, таа во 2022 година добила 10.00 денари за еден месец, кога се одржале 6 седници, од кои Адеми присуствувала на 5. Во следната 2023 година, пак, се одржале 11 седници, при што Адеми присуствувала на 4 од нив и добила надоместоци од 168.285 денари. И, во ланската 2024 година добила 219.550 денари за учество на 9 од вкупно 24 седници.

Податоци од Академијата за судии и обвинители.

   

Од Академијата појаснуваат дека во периодот од 29.11.2022 до јуни 2023 година исплатите се вршени според член 19 од тогаш важечкиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители. Со донесувањето на новиот Закон за АСЈО, пак, од јули 2023 година до денес исплатите се вршат согласно член 13 од овој закон. Што предвидуваат споменатите законски членови, врз основа на кои се вршеле или се вршат исплати на надоместоци за членување во Управниот одбор од АСЈО? Според Законот за АСЈО од 2015 година (член 19), „претседателот и членовите на Управниот одбор имаат право на надоместок на патни и дневни трошоци, согласно со прописите со кои се уредуваат тие прашања, освен членовите по функција“. Новиот закон од средината на 2023 година, пак, го уредува ова прашање поконкретно и попрецизно преку член 13, кој гласи: „Членовите на Управниот одбор имаат право на месечен паричен надоместок кој изнесува 50% од просечната месечна плата исплатена во последните 3 месеци. Членовите на УО, кои имаат живеалиште или престојувалиште надвор од седиштето на Академијата, имаат право на надоместок на патни трошоци, согласно со актите на Академијата. Месечниот надоместок предвиден за работа на членот на УО се исплаќа на членот и заменикот-член пропорционално на бројот на седници на коишто присуствувал во тековниот месец за кој се врши исплатата“. Оттука, освен тоа што актуелното законско решение ја утврдува висината на месечниот надоместок за учество во работата на УО на АСЈО на ниво од 50 проценти од просечната плата во последните 3 месеци, пропишува дека овој месечен надоместок се исплаќа на членот и заменик-членот пропорционално според бројот на седници на коишто присуствувале во тековниот месец за кој се врши исплатата. Сепак, во случајов заменикот на Адеми не бил повикан, од причина што, според Академијата, таа отсуствата ги пријавувала непосредно пред почеток на седницата. Во врска со тоа, до Врховниот суд упативме неколку прашања. Прво, зошто претседателката Адеми не присуствувала на повеќе од половина од седниците на УО на АСЈО во периодот 2022-2024? Второ, зошто отсуствата најчесто ги пријавувала непосредно пред почетокот на седниците, поради што немало време и можност да биде повикан заменик-членот? И трето, дали АСЈО исплатила, т.е. Адеми добила надоместок и за седниците на кои таа не присуствувала? Од таму го добивме следниот одговор во име на Адеми: „Согласно Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, еден член и негов заменик во Управниот одбор се судии назначени од Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Првенствено, би сакала да укажам дека неприсуството на одредени седници е поради несоодветната координација на службите на Академијата со членовите на Управниот одбор.

Во таа насока, потенцирам дека по извршената проверка за доставените покани и материјали за одржување на седници на УО, може да се заклучи дека истите не се доставувувани благовремено и согласно Деловникот работа, до членот на Управниот одбор, дури и има ситуации на доставување на материјали на истиот ден во кус временски период пред одржување на седницата. Имено, членот 6 од Деловникот за работа на УО кој бил во сила во конкретниот период, децидно пропишува дека предлогот на дневниот ред со материјалите се доставуваат до членовите најдоцна 7 дена пред одржување на седницата. За ваквиот проблем континуирано сум укажувала. Материјалите благовремено не биле доставувани ниту до членот, ниту пак до заменикот-член на Академијата, кој, пак, воопшто не добива материјали. Сметам дека заменикот-член потребно е да ги добива материјалите, бидејќи членот на Управниот одбор не секогаш може благовремено да извести за спреченоста бидејќи тоа зависи од природата и видот на спреченоста. И за ова прашање укажав дека е потребно да се дорегулира. Проблематична е и воспоставената несоодветна практика за закажување на седниците, па и дискусија за одредени точки преку вибер апликација, за што во неколку наврати сум регаирала до службите и до Управниот одбор. Исто така, треба да се нагласи дека работата во Управниот одбор, практично подразбира и работа вон седниците, особено за актите за кои е потребен поширок консултативен процес и подготовка на предлози. Со оглед на надлежностите на Врховниот суд и на претседателот на судот, како и на судиите на Врховниот суд, секако дека отсуствата биле оправдани и истите во голема мера се должат поради наведените причини, односно при свикување на истите морало и мора да се води сметка за усогласувањето на термините во поглед на службените обврски и должности на членот, кои произлегуваат од неговата примарна функција. Важно е да истакнам дека за одредни прашања од јавен интерес укажав дека треба да се одржат седници на Управниот одбор, за што никогаш не беа свикани седници, ниту пак ми се даде соодветно образложение зошто не се свикуваат седници за така суштински прашања со импликации за целото судство. Исто така, би сакала да напоменам дека на одредени седници не сум присутвувала бидејќи во тој период ја водев јавно познатата правна битка за одбрана за независноста на судството.

На тој начин, како претседател на Врховниот суд и член на Управниот одбор на Академијата докажав како се штити независноста на судството. Имено, една од законски утврдените цели на Академијата е независно извршување на судиската функција. Лично сметам дека тоа е и една од работните задачи на член на Управниот одбор, кој не се извршува само на седница, туку во поширок општествен контекст. И крајно, во врска со надоместокот во одговорот на Академијата се наведува дека е реализиран согласно член 13 од новиот закон, а претходно согласно член 13 од тогаш важечкиот закон и покрај тоа што членовите на Управниот одбор не добиваат никакво сметководствено известување за надоместокот, а кое би требало да го добиваат согласно правилата за материјално и финансиско работење. Управниот одбор согласно Законот, не е надлежен да управува со финансиските средства, односно тоа е во надлежност на органот на раководење и на утврдените работни задачи на Одделението за материјално и финансиско работење, кое за евиденцијата за присуства на седниците потребно е да соработува и да добива податоци од службата за стручно-технички работи на Академијата, особено во поглед за присуството на седница кое се докажува со потпис на списокот за евиденција, согласно правилникот за надоместоците. Во оваа смисла, Одделнието за материјално-финасиско работење во однос на надоместоците е должно да постапува согласно позитивните прописи, односно да изрши законска пресметка и правилна исплата на надоместоците на членовите на Управниот одбор, а доколку се сторени пропусти, потребно е истите веднаш да бидат корегирани согласно закон“. Инаку, Академијата за судии и обвинители има надлежност да врши прием и стручно усовршување на кандидатите за судии и јавни обвинители, континуирана обука за унапредување на стручноста на судиите и на јавните обвинители, континуирана обука на стручните служби во судството и во јавното обвинителство, специјализирана обука за судиите поротници, обука на субјектите кои учествуваат во спроведување на законите од областа на правосудството, како и заради вршење аналитичко-истражувачка дејност од областа на правосудната теорија и практика. Со Академијата управуваат директор, Програмски совет, како и Управен одбор, кој го сочинуваат 9 члена, при што 4 члена и нивни заменици се назначуваат од редот на судиите, од кои двајца членови и нивни заменици се судии назначени од Судскиот совет, еден член и негов заменик се назначени од Здружението на судиите, а еден член и негов заменик се назначени на општата седница на Врховниот суд. Останатите члена и нивни заменици се назначуваат од редот на јавните обвинители. Работите од својот делокруг, Управниот одбор ги врши на јавна седница доколку е присутно мнозинството од вкупниот број членови. А, во случај кога член на УО е спречен да присуствува на закажана седница, како што пропишува член 12 став 8 од Законот, тој е „должен благовремено да ја извести Академијата, а на седницата се поканува да присуствува неговиот заменик член, на кој му се доставуваат дневниот ред и материјалите за седницата“.

  

Најново

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Sase Ivanovski

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Sase Ivanovski

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Sase Ivanovski

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Sase Ivanovski

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Sase Ivanovski

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Sase Ivanovski

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Sase Ivanovski

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана, Средба Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво, благодарност за медицинската поддршка во згрижувањето на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Фотогалерија од пречекот на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“- Охрид

Sase Ivanovski

Потона туристичка подморница кај Хургада – најмалку шест лица загинаа

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Трамп сака да се претстави како миротворец, праведниот мир му е помалку важен

Sase Ivanovski

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палестинците на протест со порака до Хамас – „Вие сте терористи“

Sase Ivanovski

Филмови од „Киненова“ во Кисела Вода, приходите ќе одат за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Милановиќ: Декларацијата за воена соработка со Косово не е сојуз и нема правна тежина

Sase Ivanovski

„Протече“ ДНК на Путин? Се тврди дека е по потекло од Балканот

Sase Ivanovski

Русија тврди: Над 3.300 платеници од 70 земји се борат на страната на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСВРТ – Давитковски: Само со професионалци, а не со партиски војници се ресетира гнилиот систем

Sase Ivanovski

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се вратија дома од Белгија

Sase Ivanovski

Папата Франциск закрепнува, објавен датумот кога ќе се појави во јавноста

Sase Ivanovski

Измама со стари акумулатори во Штип, направена е штета од три и пол милиони евра

Sase Ivanovski

Мисајловски се заблагодари за турската медицинска поддршка со повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ОН: Во Газа има храна за уште две недели

Sase Ivanovski

„Туркиш ерлајнс“ воведува четири лета неделно на релацијата Истанбул-Охрид

Sase Ivanovski

Не верувајте им на мастите за изгореници кои се продаваат на интернет, порачуваат лекарите

Sase Ivanovski

Дачиќ: Испративме протестна нота до Интерпол во врска со барањето за налог за апсење на Додик и Стевандиќ

Sase Ivanovski

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Sase Ivanovski

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Тузла: Полицајци и осомничени криминалци завршија во надојдена река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напад во Амстердам: Бодел со нож сè пред себе, полицијата го застрела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ВО УКРАИНА НЕМА ДА ОДАТ ВО БИТКИ Според Макрон, ќе имаат пацифистички пристап

Sase Ivanovski

Уставниот суд оформи 22 нови предмети во февруари

Sase Ivanovski

ЗАГИНАА ЧЕТВОРИЦАТА ИСЧЕЗНАТИ АМЕРИКАНЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Генсекот на НАТО вели дека ова е застрашувачка вест

Sase Ivanovski

НАТО СЀ УШТЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ Руте прерано ги прогласи за мртви

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ УПОРНО БАРА ЕДНА СНИМКА ОД РЕНОТО, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ТАКВА Тврди дека ноќта пред убиството на Панче возилото е во Скопје

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО ВО СЛОБОДЕН ПАД ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ БОРИ ЗА МИНЕРАЛИ Македонија ризикува да го изгуби сопствениот потенцијал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗЛЕЗЕ ТРЕЈЛЕРОТ НА „РЃА“ Ова е филмот за време на чие снимање Алек Болдвин ја уби снимателката

Sase Ivanovski

Дописникот на Би-Би-Си Марк Ловен протеран од Турција

Sase Ivanovski

Панел-дискусија: Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Граѓанска „интерпелација“ за пратеници што ја штитат Владата

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи, МОН обезбеди неповратен грант од 1,1 милион евра

Sase Ivanovski

Таравари: Денес девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија, а ВМРО-ДПМНЕ е да има истрага за се наместо од несреќата да се печалат политички поени

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата

Sase Ivanovski

СДСМ: (Документи) Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

Sase Ivanovski

Штипска апелација одлучува дали поранешните градоначалници на Кочани ќе останат во куќен притвор

Sase Ivanovski

Приведени двајца разбојници кои се обиделе да извршат кражба во фирма во Неготинско

Sase Ivanovski

Колку е јака или слаба Европа без САД да биде гарант на мир во Украина

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор планира да отпушти 10.000 здравствени работници

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Драчево тешко повредена 27-годишна сопатничка, едниот од возачите избегал

Sase Ivanovski

„МОРА ДА ГО ПРИФАТИШ ОНА ШТО ГО ЗНАЕШ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ“ Бен Афлек конечно проговори за разводот од Џенифер Лопез

Sase Ivanovski

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА ЌЕ КУРТУЛИ? Дванаесет членки на ЕУ се спремни да го финансираат медиумот

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Недостасуваат околу 40 инспектори за соодветно работење на општините

Sase Ivanovski

Јована е последната српска пејачка која настапи во Пулс – Се огласи по трагедијата

Sase Ivanovski

Приведен насилникот од Радовиш кој тепаше жена во живо на „ТикТок“

Sase Ivanovski

Додик се огласи од Израел по распишаната потерница: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Со Орбан ќе направиме нешто големо во одбраната

Sase Ivanovski

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем напредок во евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Курти измамен од руските „пранкери“, мислеше дека разговара со претседателот на Латвија

Sase Ivanovski

Ќе ја растури ли Таравари Вреди пред локалните избори?

Sase Ivanovski

Илон Маск ќе ја води истрагата за еден од најголемите безбедносни скандали во американската историја

Sase Ivanovski

Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, македонката која ја пишува историјата за нашата земја во алпско скијање

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Скерлев: Ѕид со повеќе од 200.000 срца за петгодишнината од пандемијата на ковид-19

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога и пушка, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во неготинско, следува пријава…

Sase Ivanovski

Поранешниот телохранител на Марадона е уапсен поради лажно сведочење

Sase Ivanovski

Три големи трагедии, ниту еден правосилно осуден виновник

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Советничката Атина Мургашанска жестоко против градоначалникот Максим Димитриевски

Sase Ivanovski

Владата ќе го следи новинарството и социјалните мрежи, за да се поправела

Sase Ivanovski

Таравари: Денеска ќе бидат испишани девет пациенти, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

Тројца повредени во пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Ниш

Sase Ivanovski
Вчитувам....