4.8 C
Скопје
28/11/2023 21:04
МАКТЕЛ

      

БЕСТСЕЛЕР НА МАЛИ АВТОМОБИЛИ: OPEL ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА CORSA

      

  • Мал и полн со карактер: со лицето на брендот Opel Vizor и нов дизајн на задниот дел
  • Дигитален и интуитивен Cockpit базиран на Snapdragon® Cockpit платформи од Qualcomm Technologies, Inc., нова инфозабава со голем 10-инчен екран на допир во боја
  • Уште попрецизно: нови Intelli-Lux LED® matrix светлa
  • Corsa Electric: нов електричен мотор со 115 kW/156 КС и опсег до 402 km (WLTP)
  • Хибрид за сите: новата Corsa е првиот Opel со 48-волтен хибриден систем

   

Доаѓа новата Opel Corsa – и доаѓа оваа година. Уште посмела, уште поемотивна, уште поинтуитивна за управување и со целосно нови електрични и хибридни погони, новата генерација ќе ја зајакне традиционалната моќна понуда на Opel во сегментот на мали автомобили.

 

Новата Corsa воодушевува со својот нов дизајн, вклучувајќи го карактеристичното лице на брендот Opel Vizor напред и буквите на Opel поставени самоуверено во средината на задниот дел. Најсовремените технологии го прават возењето порелаксирано. Како опција, новата Corsa е опремена со целосно дигитален кокпит базиран на Snapdragon Cockpit платформи од Qualcomm Technologies со нова, интуитивen инфозабавен систем и 10-инчен екран на допир во боја. Intelli-Lux LED® matrix светла без сјај, кои Corsa ги донесе во сегментот на мали автомобили во 2019 година, се исто така уште подобри и попрецизни – сега со 14 LED елементи.

   

     

А најновата интерпретација на бестселерот на мали автомобили може да се пофали и со висока технологија под капакот на моторот. Corsa Electric сега доаѓа и со поголема моќност и подобрена батерија што овозможува опсег до 402 km според WLTP. Останатите погони се исто така вистинска новина. Corsa е првиот модел на Opel кој ќе биде достапен како хибрид со систем од 48 волти. Така, новата Corsa им овозможува на клиентите избор на погони, од чисто електричен до хибридни и високоефикасни мотори со внатрешно согорување, што е незабележано во овој сегмент.

„Opel Corsa е бестселер повеќе од 40 години. Во изминатите две години беше најпродаваниот мал автомобил во Германија и во 2021 година најпродаван автомобил во Велика Британија. За нас, овој успех е потврда за нашата работа и дава дополнителна мотивација за уште поголемо напредување. Новата Corsa е уште помодерна, уште поемотивна и подобра. Со нејзиниот неверојатен дизајн, најсовремените технологии кои се карактеристични за повисоките сегменти и новата електрична и хибридна технологија без емисии, сакаме да ги инспирираме клиентите и да им покажеме што можат да очекуваат од еден мал автомобил денес“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl.

Смел, елегантен, полн со емоции: новиот дизајн на Corsa со Opel Vizor

Совршени пропорции и прецизност до најмалите детали, сето тоа спакувано во смел и елегантен изглед – ова е новата Opel Corsa. Дизајнерите го направија бестселерот на мали автомобили уште помодерен и уште постилски. Највпечатлива карактеристика е непогрешливиот Opel Vizor, карактеристичното лице на брендот кое ги краси сите нови модели на Opel. Црниот Vizor го покрива предниот дел на Corsa и беспрекорно ги интегрира решетката на возилото, LED предните светла и централниот Opel Blitz во еден елемент. Во зависност од нивото на опременост, логото на брендот на предната и задната страна е претставено во привлечна црна или мат сатенска сребрена боја. Оптичките „влезови за воздух“ во долниот дел на предниот браник се поголеми и поистакнати од порано, што ја прави Corsa уште повпечатлива на патот.

Страничниот поглед на новата Corsa импресионира и со карактеристичните линии. Се чини дека „пробиениот“ С-столб дозволува покривот, кој доаѓа во црна боја (во зависност од нивото на опременост), да „лебди“ над возилото. Задниот дел исто така прикажува јасна слика: табличката на Corsa сега се појавува, како што за прв пат беше видено пред неколку месеци на ограниченото издание „Opel Corsa 40“, во центарот на задната врата. И бојата Grafik Grey, достапна за прв пат за Corsa, помага на оваа најнова генерација да блесне во нов сјај.

Интуитивен и фокусиран на најважното: новиот дизајн на кокпитот

Благодарение на бројните нови карактеристики како новите модели на седиштата, новата рачка на менувачот и дизајнот на управувачот, кај Corsa се создава современа атмосфера во внатрешноста. Сепак, најважното – и визуелно и технички – е опционалниот целосно дигитален кокпит со нов инфозабавен систем. Интегрираната платформа Snapdragon Cockpit од Qualcomm Technologies има подобрена графика, мултимедија, компјутерска визија и вештачка интелигенција (AI) за да обезбеди поинтегриран, контекстуално свесен и постојано приспособлив систем на кокпит кој може да се развива за да ги задоволи преференциите на патниците.

Исто како и во развојот на најновата генерација на Astra, беше применет принципот „Детокс до максимум“: системот за навигација овозможува поврзани услуги, препознавање на природниот глас „Hey Opel“ и ажурирања преку воздух. Дополнително, дисплеите на 10-инчниот екран на допир во боја на навигацискиот и мултимедијалниот систем и на екранот за информации за возачот се уште појасни, така што сите важни информации можат да се видат во дел од секунда. А најновата генерација има уште еден адут. За прв пат, паметните телефони компатибилни со Apple CarPlay и Android Auto ќе бидат поврзани со мултимедијалните системи на возилото и исто така ќе се полнат – и двете безжично.

Уште попрецизно: Intelli-Lux LED® matrix светлa со 14 LED елементи

Од 2019 година, приспособливите Intelli-Lux LED® matrix светлата без сјај кај Corsa покажаа како иновациите во сегментот на мали автомобили се достапни за секого. Инженерите континуирано работат на нивен понатамошен развој и новата Corsa има придибивки од тоа. Вкупното 14 наместо осум поединечно контролирани LED-елементи обезбедуваат стадиумско искуство во возењето што сега ги „отсекува“ другите учесници во сообраќајот уште попрецизно од порано.

Има и бројни други најсовремени системи за помош кои го прават возењето и маневрирањето порелаксирано. Понудата се движи од новата панорамска камера за возење наназад со висока резолуција до приспособливиот темпомат и ограничувачот на брзината и странична заштита до предупредувањето за можен преден судир со автоматско сопирање при итни случаеви и детектирање на пешаци.

Помоќна, поефикасна: Corsa Electric со подобрена батерија и нов мотор

Opel ќе стане целосно електричен бренд во Европа до 2028 година, 12 модели се веќе електрифицирани денес – а Corsa беше пионер во демократизацијата на електричните погони во портфолиото на Opel. Затоа, не е изненадувачки што Corsa-e ја освои наградата „Златен управувач“ во 2020 година. Целосното електрично возење во Corsa значи: патување без емисија на штетни гасови без компромиси – и кога ги извршувате секојдневните задачи и кога возите поради задоволство.

Новата Corsa Electric сега го носи ова на повисоко ниво: со поширок избор, поголема моќност, подобрена батерија и поголем опсег. Corsa Electric ќе доаѓа со две опции за електричен погон: бестселерот на мали автомобили ќе се нуди со 100 kW/136 КС и дополнително подобрен опсег до 357 km, како и со 115 kW/156 КС и опсег до 402 km според WLTP. Така, Corsa Electric не само што е многу ефикасна – со својата електрична енергија од батеријата и вртежниот момент од 260 Nm, таа исто така обезбедува чисто уживање при возењето. И кога Corsa Electric треба да се наполни, тоа може да се направи брзо. При брз полнач, батеријата достигнува до 80 проценти од вкупниот капацитет за само 30 минути (20-80 проценти).

Најновата генерација освен одличен опсег овозможува и забава при возење со одговорност: за прв пат, Opel на клиентите ќе им понуди можност да се префрлат на хибрид со систем од 48 волти. Моторите од 74 kW/100 КС и 100 kW/136 КС доаѓаат со нов автоматски менувач со двојна спојка. Во иднина, тие ќе ја надополнуват широката палета на економични погонски верзии од високоефикасни мотори со внатрешно согорување до целосно електричната Corsa Electric, со што постојано ќе ја продолжат електрификацијата на брендот.

За ЕУРОИМПЕКС

Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.

Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.

    

Најново

Столтенберг: Ситуациите во Газа и Украина се различни, Украина никогаш не ја нападнала Русија

Sase Ivanovski

Хамас: Израел го крши примирјето, ние и натаму сме посветени на прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Над 20.000 просветни работници штрајкуваат во Германија

Sase Ivanovski

Нов пакет антикризни мерки: Пари за основците и средношколците, ваучери за студентите, по 3.000 денари за пензионерите со најмали пензии

Sase Ivanovski

Поради Лавров, присуство на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје откажаа шефовите на дипломатии на Украина, Литванија, Естонија, Латвија

Sase Ivanovski

МЗШВ: Владата го усвои предлог законот за рибарство и аквакултура

Sase Ivanovski

Палестинка за тортурата во израелските затвори: Ме тепаа додека не останаа лузни на моето тело

Sase Ivanovski

Авиосообраќајот за време на состанокот на ОБСЕ регуларно, не се очекуваат доцнења

Sase Ivanovski

ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА: На Денот на албанското знаме, ден кој треба да биде одбележан со единство и славење на различностите, отсуството на македонското знаме на повеќе локации низ Македонија покренува сериозни прашања за почитување на националните закони

Sase Ivanovski

Борел ќе присуствува на средбата на ОБСЕ во Скопје, но нема да разговара со Лавров

Sase Ivanovski

Кривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“: извршиле нелегална сеча на над 100 стебла молика и ела

Sase Ivanovski

Шефот на украинската дипломатија Кулеба нема да присуствува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје

Sase Ivanovski

МВР објави фотографија и опис на исчезнатото девојче од Скопје

Sase Ivanovski

Починато бебе пронајдено во импровизирана куќичка во Скопје

Sase Ivanovski

Жирафата Флопи беше од најзагрозениот Ротшилд вид, од кој има околу 1.600 единки на планетата!

Sase Ivanovski

Денес се вклучуваат и кучиња трагачи по изчезнатото девојче во Скопје!

Sase Ivanovski

Блинкен ќе ја истакне лидерската улога на Северна Македонија во ОБСЕ и поддршката на сојузниците за Украина

Sase Ivanovski

Иницијатива за разрешување на претседателка на Врховниот суд Беса Адеми?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Од 1-ви декември нов пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра, се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата МојДДВ, 600 илјади домаќинства и над 70 илјади компании

Sase Ivanovski

Спасовски од Брисел: Неопходен е поширок заеднички пристап со земјите од ЕУ за успешно сузбивање на криумчарењето мигранти

Sase Ivanovski

Бухова со остра реакција: ДСЗИ нема никаква законска надлежност за препишување на терапија, ова е политички реваншизам

Sase Ivanovski

Ковачевски: Самитот на ОБСЕ е одлична можност за промоција на државата и понатамошно политичко етаблирање

Sase Ivanovski

Бесими: Деветтиот пакет антикризни мерки ќе се финансира од Буџетот за 2023 и 2024, средствата се планирани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРУБИ: УШТЕ Е РАНО ЈАС ДА БИДАМ ПРЕМИЕР, НАЈДОБАР БИ БИЛ АЛИ АХМЕТИ, НО ТОЈ НЕМА ДА ПРИФАТИ, НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ ЖЕНА

Sase Ivanovski

Лукаревска: СДСМ ќе ја формира идната влада по изборите во 2024 година

Sase Ivanovski

ЦВЕТКОВИЌ: За мене отсекогаш бил чуден тој факт да живеам во земја со премногу „патриоти“, а со толкаво отсуство на патриотизам

Sase Ivanovski

Лукаревска: Државата има европска иднина, ја извадивме од изолацијата во која беше заробена

Sase Ivanovski

Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО, соопштија од Зоолошката

Sase Ivanovski

Крушево – лидер по посети од туристи за алтернативен, спортски и еколошки туризам

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КРУЗЕРИТЕ СЕ ПЛОВЕЧКИ ГРАДОВИ

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ПРИЗНАЕН ВО ЕУ ВО БРИСЕЛ!

Sase Ivanovski

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во еден 4 годишен мандат ќе одвои 1 милијарда евра или 250 милиони евра годишно за проекти во општините

Sase Ivanovski

Сезоните во скијачките центри низ Македонија ќе подранат

Sase Ivanovski

Во чест на празникот на албанското знаме улицата „Вуковарска“ во Чаир стана „28 ноември“

Sase Ivanovski

Чеченскиот лидер вели дека уште три илјади негови борци се спремни да заминат во Украина

Sase Ivanovski

ГЕРМАНИЈА: Ја убил сопругата пред четирите деца, најстарата ќерка се обидела да го спречи па и таа завршила со тешки повреди

Sase Ivanovski

КСЗД: Најмногу случаи на дискриминација преку јавно информирање и медиуми врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Sase Ivanovski

Ќе поевтинат горивата – ова се новите цени

Sase Ivanovski

В петок Отворен ден на УКИМ за идните студенти

Sase Ivanovski

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, оствари одделна средба со Алесандро Џилио Вигна: Италијанска поддршка за нашите евроинтегративни процеси

Sase Ivanovski

Мицкоски: Мој интерес, но и интерес на државата е да расчистиме еднаш засекогаш со криминалот и корумпираните политичари во Македонија

Sase Ivanovski

Јавниот превоз со изменет режим за неколку линии денеска до 12, утре автобусите ќе сообраќаат по зимен делничен ред, а во четврток по саботен возен ред

Sase Ivanovski

Укината забраната за тешки товарни возила преку Стража

Sase Ivanovski

МВР: Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи во Скопје утре и задутре (29 и 30.11.2023) ќе работат со полно работно време, закажаните термини да се почитуваат

Sase Ivanovski

АПИС: Мнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно!

Sase Ivanovski

Грција бара враќање на скулптурите од Партенон, Сунак ги откажа разговорите со Мицотакис

Sase Ivanovski

Ни трага, ни глас од 14-годишната Вања Ѓурчевска, ја нема повеќе од 24 часа – потрагата продолжува

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е за укинување на техничка влада, корисно и здраво е ДУИ да помине одреден период во опозиција

Sase Ivanovski

(Видео) ДПМНЕ бега од седница на Анкетната комисија за Онкологија

Sase Ivanovski

Османи: Со договорот Малта да го преземе претседавањето победи демократскиот свет, ОБСЕ е безбедно

Sase Ivanovski

Мисајловски: СДСМ со две раце би прифатила да нема техничка влада, но нема храброст да каже НЕ на ДУИ

Sase Ivanovski

Со купена ски карта во Ресорт Маврово може да се ужива и во убавините и услугите на „Олимпискиот центар Јахорина“, Босна и Херцеговина, „Скијалишта Србије“ – Копаоник, Златибор и Стара Планина, „Олимпискиот Центар Бјелашница и Игман“ и центарoт Колашин 1600 на „Скијалишта Црнa Горе“

Sase Ivanovski

Костадиновска Стојчевска: Коалицијата на ДПМНЕ и Левица е коалиција на безредие

Sase Ivanovski

Столтенберг очекува Турција и Унгарија да го ратификуваат членството на Шведска во НАТО

Sase Ivanovski

СТОЈЧЕВСКА: Вложивме повеќе од милиони денари за капитални дотации во неколку општини, а целта ни е наредната години сите општини да аплицираат за оваа програма.

Sase Ivanovski

Експанзија на изградба на инфраструктурни објекти во Кавадарци, како никогаш досега!

Sase Ivanovski

Кривична пријава против скопјанец за „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Револуционерно откритие: Лекот за Паркинсонова и Алцхајмерова болест може да лежи во талогот од кафе

Sase Ivanovski

Костовски: До првото тримесечје од пролетта која што доаѓа ќе стигнеме до 100% реализација од програмата за секое населено место

Sase Ivanovski

Митевски: Со средства од буџетот на Општина Петровец, без ниту еден денар од централната власта, изградивме општинска зграда, пешачка и велосипедска патека, улици, водоводи, канализации

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ние мора да имаме производен центар кој што ќе произведува базна енергија, која што ќе биде најмалку 50-тина проценти од портфолиото на државата

Sase Ivanovski

Кадиевска Војновиќ: Потребно е образовниот систем во државата да произведува кадри какви што бара бизнисот за економијата да тргне напред

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе има реструктуирање на владините кабинети, енергетиката, рударството и минералните суровини ќе бидат посебно министерство

Sase Ivanovski

Булдожер дониран од македонската влада чистеше снег во Голо Брдо

Sase Ivanovski

Мицкоски: Меѓународно ќе ја профилираме Македонија како држава со најнизок данок на добивка, 8% за добивка од 20-30 милиони, 6% од 30 – 50, и 5% за добивка над 50 милиони

Sase Ivanovski

Санкционирани 17 возачи под дејство на алкохол на територијата на Битола и Прилеп

Sase Ivanovski

Георгиев: Прекин на мандатот за мене е многу реално

Sase Ivanovski

Русковска: Имав притисоци за Рашковски, ме чекаа „на пенал“!

Sase Ivanovski

Трпковски: Идејата на ВМРО-ДПМНЕ за децентрализација на 250 милиони евра годишно ќе ги реши проблемите во општините

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали вредностите на Енвер Хоџа ќе ги преговара Мицкоски на маса со коалицискиот партнер Левица?

Sase Ivanovski

Бесими: „Златно правило“- капиталните инвестиции повисоки за 187 милиони евра од дефицитот во 2024 година

Sase Ivanovski

Николоски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ за 4 години од претстојните избори ќе биде постабилно и попристојно место за живеење

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Македонски Брод, украденото ќе биде вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Ромалитико: Судските органи да престанат со селективната правда кон Ромите

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Куманово, одземеното  пронајдено и вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Вања се’ уште ја нема, се проверуваат камери, полицијата ќе ја бара и во текот на ноќта

Sase Ivanovski

Абдиу-Халили од Брисел: Поглавјето 12 важно за здравјето на нашите граѓани, нема ништо поважно од здрава и безбедна храна

Sase Ivanovski

МФ: Издадена 22-та емисија Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

Sase Ivanovski

589 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

Врховниот суд на Пакистан ја прифати молбата на Имран Кан за кауција

Sase Ivanovski
Вчитувам....