СДСМ во ек на најголемата економска криза покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, над 200.000 граѓани помагаме во следните четири месеци, преку пакет антикризни мерки, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Долнени.
Битиќи посочи дека не се заборавени ниту земјоделците, дека и ним им се помага преку дополнителни 52 милиони евра и нов модел на субвенционирање и најави мерки за поддршка на компаниите кои произведуваат основни продукти како леб, масло за јадење, млеко и млечни производи.