24.8 C
Скопје
28/09/2023 19:05
МАКТЕЛ

   

    

Битиќи од МЕФ: Го отворивме патот за одржлива и просперитетна енергетска иднина

    

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на МЕФ Енергетскиот форум 2023 година, на кој денес и утре во Скопје, голем број на високи владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации. ќе дискутираат на темата „Подобрување на триаголникот ‘Политики – Финансиска – Енергетска технологија’ за енергетска отпорност и зелена транзиција“.

   

Во продолжение ви го испраќаме неговото интегрално обраќање:
„За мене е голема чест што втора година по ред сум покровител на МЕФ Енергетскиот форум во организација на ЗИП институт и што ги имаме следните два дена да разговараме за предизвиците и можностите кои се пред нас, од областа на енергетиката. Ако земеме предвид дека секторот енергетика креира 10 – 15% од БДП во нашата економија, тогаш јасно е дека, изборите што ги правиме во енергетскиот сектор, денес, ќе имаат големо влијание врз иднината на нашата економија и благосостојбата но и енергетската безбедност на идните генерации. Токму затоа, сметам дека Форумот ќе послужи како инклузивна платформа за дијалог, размена на знаења, но и за споделување иновативни пристапи, најнови достигнувања, трендови и стратегии за решавање на прашањата поврзани со енергетиката.

 

Зелената енергија, не нарушувајќи ја рамнотежата на нашиот комплексен еко систем, е клучна за зачувување на животната средина. Токму забрзаните климатски промени и деградацијата на животната средина, не водат кон итна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија со ниска емисија на стакленички гасови, која треба да ја сметаме за императив и во креирањето и спроведувањето на политиките.

   

     

Велат, константа е само промената па така и енергетските трансформации се постојан процес, во моментов со забрзан чекор кон обновливи извори на енергија, но планирањето и подготовката за идните фази е она што гарантира одржливост и стабилност.Според податоците на Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија, минатата година во светот е остварен историски рекорд во инсталирањето на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, кој изнесува 295 GW (гигавати), што претставува 83 отсто од вкупните инвестиции во производство на електрична енергија. Пред економијата се портретира иднина во која изворот на виталната енергија од фосилните горива се поместува кон ветрот, сонцето и водата. Оваа трансформација ќе вклучи и креирање на нови зелени и високо продуктивни работни места, кои според проекциите за 2030 година велат дека во овој сектор ќе бидат отворени 38 милиони работни места, а во 2050 година овој број ќе се зголеми на 50 милиони.

Почитувани,
Развивањето на пазарите, за да можат да ги следат промените, е можно само преку креирање на овозможувачка и поттикнувачка средина. Нашата држава е лидер во регионот со донесените и веќе имплементирани закони и подзаконски акти, кои се целосно усогласени со Европската енергетска заедница, со кои е овозможена либерализација на енергетскиот пазар.Со усогласување на енергетските политики, современите енергетски технологии и мобилизирање на финансии, го отвораме патот за одржлива и просперитетна енергетска иднина која ги ублажува климатските промени, ја подобрува енергетската безбедност и го поттикнува економскиот раст.

Сите политики и мерки на Владата, со кои креираме подобра енергетска иднина на земјата, се фокусирани на изградба на нови капацитети на базна енергија и истовремено производство на енергија од обновливи извори.
Во однос на производство на базна електрична енергија, при крај е процесот на евалуација на понудите за изградба на најголемиот извор од хидро капацитетите за проектот „Чебрен“, со проценета вредност на инвестиции од милијарда евра и предвиден капацитет на производство на базна енергија од 300 – 330MW.

Истовремено, со зголемен интензитет растат јавните и приватни инвестиции во обновливи извори на енергија. Во последните две години во државата има инсталирано и ставено на мрежа повеќе од 207MW фотоволтаични централи. Дополнително на ова, нашите политики привлекоа приватни инвестиции од повеќе од милијарда евра, кои во наредниот период ќе изградат капацитет од над 1GW.

Регионалната конкурентност и поврзаност се клучни за развој на регионот, во поширока смисла на зборот. Во оваа насока покрај засилените инвестиции во патната инфраструктура, во последните пет години, засилено се работи и на енергетско поврзување, преку изградба на интерконекторот со Албанија со кој ќе се комплетира Коридорот 8 за пренос на електрична енергија Исток – Запад, помеѓу Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Италија.
Дополнително, државата будно ги следи трендовите во изградба на фотоволтаични централи, кои земаат голем замав не само во нашата земја туку и во соседството, и нашиот систем оператор МЕПСО работи на зголемување и на капацитетот на пренос на електрична енергија по Коридорот 10, преку зголемување на капацитетот на интерконекторот Битола – Лерин, кој треба да биде удвоен во наредните неколку години.

Владата на Република Северна Македонија работи и на диверзификација на снабдувањето со природен гас, преку градење на интерконектор со Грција. Преку кој ние ќе обезбедиме гас за идните генерации. Тоа за нас значи дека нема да бидеме зависни само од руски гас кој доаѓа преку интерконекторот со Бугарија, туку за нас ќе е достапен и гасот од ЛНГ терминалот во Александруполи.

Регионалната поврзаност се случува и во насока на изградба на интерконектори за гас и со останатите соседи, што покрај диверзификација, за нашата земја ќе значат дека сме на енергетската карта, поставени како хаб на Балканот.Сето ова го правиме за безбедноста на нашата иднина, креирање на предвидувачка околина за бизнисот како и поевтини енергенси за нашите домаќинства.
Покрај одржливото и зелено производство на енергија, важно е и зголемувањето на ефикасноста на потрошувачката на енергија. За таа цел работиме на формирање на Националниот фонд за енергетска ефикасност, како и овозможување на финансии преку проектот PEEB COOL за зголемување на енергетската ефикасност на јавните згради.

Почитувани,
Особено задоволство ми е да споделам со вас дека оваа година Република Северна Македонија, воспостави сопствена берза на електрична енергија, со која раководи МЕМО, а која ќе овозможи транспарентно тргување и придружување на еден високо конкурентен и динамичен европски пазар на електрична енергија. Берзата значи стабилност и за домашните и странски инвеститори, а за државата нови странски инвеститори кои се охрабруваат да инвестираат во обновливи извори на енергија.

Целосно либерализираниот енергетски пазар, со веќе формирана берза на електрична енергија, отвореноста како за странски така и за домашни инвеститори, поедноставените административни процедури за поставување на фотоволтаици и сите други мерки кои оваа Влада ги носеше во изминатиот период, ми даваат за право да констатирам дека се движиме во вистинската насока, креирајќи додадена вредност, го отворивме патот за одржлива и просперитетна енергетска иднина за нашата држава.Ви благодарам и посакувам продуктивни и плодоносни дискусии во следните два дена“.

    

Најново

СПАСОВСКИ: Денеска во Струга се обратив на отворањето на 14. Меѓународна научна конференција на тема „Стратешки и безбедносен концепт за земјите од ЈИЕ“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Фридрих Еберт“

Sase Ivanovski

ЛОГА ДО АПАСИЕВ: Почитуван професор Апасиев, научете ги децата во правниот сектор во Левица да пишуваат вистинито и соодветно за одлуката на Уставниот суд

Sase Ivanovski

МВР со Демант: Одредени портали шират лаги за вчерашната заплена на дрога во Автокоманда

Sase Ivanovski

Легендарниот украински фудбалер Шевченко стана надворешен советник на Зеленски

Sase Ivanovski

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Sase Ivanovski

ЈО за фемицидот во Кочани: Убиство на свиреп начин и убиство на жена при вршење родово базирано насилство се истоветни во поглед на запретената санкција

Sase Ivanovski

Собранието на Косово усвои резолуција: Најостро го осудуваме терористичкиот напад организиран од Република Србија

Sase Ivanovski

Германската амбасадорка во Канада била дел од скандалот во Парламентот кога беше поздравен нацист

Sase Ivanovski

Македонија е најголем трговски партнер на Обединетото Кралство- формирана првата Британска бизнис асоцијација

Sase Ivanovski

Лога: Семејното насилство и предмети врзани со семејно насилство нема да бидат дел од амнестијата

Sase Ivanovski

Арсовска: Ќе покренеме постапки против лица кои ширеа лаги за безбедноста на мостот „Беласица

Sase Ivanovski

НАТО: Најдобар пат до траен мир е зголемување на помошта за Украина

Sase Ivanovski

Зоран Милановиќ: Босна и Херцеговина не функционира, умира на рати, и затоа треба да влезе во ЕУ за да се спаси

Sase Ivanovski

Арамии од три села од различни краеви на Македонија, здружени среде бел ден тргнале во кражба на бакар!

Sase Ivanovski

Под клуч ставени уште пет маркети кои не ги продавале артиклите по „гарантирана цена“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ПЕЏА АРСОВСКИ: КОГА ЌЕ ГИ ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ПО УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ, ЕУ ЌЕ НИ ДАДЕ 900 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ЗА ПАТИШТА, ШКОЛИ, ГРАДИНКИ И БОЛНИЦИ

Sase Ivanovski

Лидер во земјоделското осигурување за 2023 – Признаниеза СН Осигурителен Брокер АД Битола

Sase Ivanovski

Од 188-та владина седница: Нови одлуки и допрецизирања на одлуки за заштита на животниот стандард на граѓаните – намалувања на цените на зеленчук и овошје, ориз, јужно овошје; најниска повластена даночна стапка за основните прехранбени прозводи

Sase Ivanovski

Арсовска: Сакајќи Мицкоски да го подигне својот рејтинг, доста работи да го подигне и мојот

Sase Ivanovski

Обвинителството отсега е слепо и глуво, нема повеќе ПИ- мерки за криминалците кои ќе се гонат за ,,Злосторничко здружување”!

Sase Ivanovski

Ќе се присоедини ли Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка?

Sase Ivanovski

Арсовска ниту потврди ниту демантира дека ќе формира партија, на Мицкоски му порача да продолжи да се занимава со неа оти ѝ го крева рејтингот

Sase Ivanovski

Момчето од Битола починало од тежок инфект и внатрешно крварење, покажа обдукцијата

Sase Ivanovski

Бектеши: Граѓаните ќе купуваат поевтино јужно овошје оваа зима, зголемени се квотите за увоз

Sase Ivanovski

Работиме на побрзи процедури за царинење и олеснување на трговијата, велат од Царина

Sase Ivanovski

Прилепска гимназија им забрани на учениците да носат тренерки и хеланки, пирсеви, маици на прерамки и машки со долга коса и репче!

Sase Ivanovski

Лога ќе донесе ново упатство пак со етничка графа во матичните книги

Sase Ivanovski

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

Sase Ivanovski

537 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

Судските административци на протест – бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

На граѓаните треба да им се објасни дека проширувањето на ЕУ е во нејзин интерес, порача Фон дер Лајен

Sase Ivanovski

Тренчевска: Имаме 51 пратеничка во Парламентот – лидери сме во регионот и пошироко

Sase Ivanovski

НЕРВОЗА ВО ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО ДПМНЕ: Пратеничката Дафина Стојановска се испокара со сите, обвинувања и навреди кон Маричиќ

Sase Ivanovski

Од затвор нема да излегуваат академици, Лога на пратениците ќе им даде албум со слики од „Идризово“

Sase Ivanovski

Ќе се врши вонреден надзор во битолската болница по смртта на 24-годишното момче, наложи МЗ

Sase Ivanovski

Измените на Кривичниот законик не ги подготвуваше работната група, туку заменик министерката, вели Лога

Sase Ivanovski

Момче на 24 години починало во Битолската болница по седум дена висока температура

Sase Ivanovski

Спортско-рекреативен простор во Долно Лисиче на површина од 1000м2

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ: Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА АКТИВИСТИТЕ КОИ ГО НАПРАВИЈА МУРАЛОТ ВО КУМАНОВО ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ДИВО НАСЕЉЕ

Sase Ivanovski

ПРИЈАВИЛ ПРАТКА СО ЛЕКОВИ, НО ИСПАДНАЛЕ ЧАСОВНИЦИ Царинската управа спречи обид за шверц на брендирани часовници

Sase Ivanovski

ФОНДАЦИЈАТА ЕДУКАТА ЌЕ СТИПЕНДИРА УШТЕ 8 СТУДЕНТИ Стипендиите се за бруцоши на државниот универзитет во Тетово

Sase Ivanovski

ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА ЌЕ ГО ЗАБАВИ РАСТОТ Македонската економија годинава ќе порасне за 2%, предвиде ЕБОР

Sase Ivanovski

МОРАВМЕ ДА ГО ПРЕЗЕМЕМЕ ОВОЈ ЧЕКОР Тајван произведе своја подморница, ќе произведува уште

Sase Ivanovski

Герасимовски: „КК Работнички“ е домаќин и организатор на натпреварите од квалификациската „А“ група во ФИБА Европа купот

Sase Ivanovski

СТОЈЧЕВСКА: Битола по 44-ти пат, во чест на „Браќата на светлината“, Јанаки и Милтон Манаки, достоинствено и достојно ја чествува магијата на филмската камера

Sase Ivanovski

ГОШЕВ СО ФЕЉТОН ВО ПЛУСИНФО: Љубчо сонуваше конфедерација со Бугарија и со Грција, Бранко веруваше во Југославија, а Глигоров матеше со Изетбеговиќ

Sase Ivanovski

АВСТРИЈА РАЗВИВА ПЛАН „ВО ЕУ ПРЕД ЕУ“ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН Не мора да чекаме да се имплементира секоја запирка, рече министерот Шаленберг

Sase Ivanovski

АКО ВУЧИЌ НЕ ЗНАЕЛ, ТОГАШ КОЈ Е ПРВА ФИГУРА ВО БЕЛГРАД Српска активистка за човекови права тврди дека Вучиќ го најавил нападот на Бањска

Sase Ivanovski

НАЈМАЛКУ 10 ГОДИНИ ЗАТВОР На напаѓачите од Бањска ќе им се суди за нарушување на уставниот поредок на Косово

Sase Ivanovski

САНКЦИИТЕ ПРОТИВ МОСКВА НЕ СЕ ДОВОЛНИ Зеленски најави повеќе украински акции против Русија

Sase Ivanovski

Редовен координативен состанок на заменик претседателката Сања Лукаревска со претседателите на централните партиски комисии на СДСМ

Sase Ivanovski

ГЕНСЕКОТ НА СДСМ, МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ ВАРДАРСКИ ВО СТРУМИЦА: СДСМ секогаш ја движи Македонија во вистинска насока и по вистинскиот, европскиот пат

Sase Ivanovski

Предупредување: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

Sase Ivanovski

Маричиќ: Целата држава е огромно градилиште за нова патната мрежа, во тек е година на инвестиции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ЗА ВАГНЕР: 150 ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА ОТКАКО ИЉУШИН НЕ УСПЕА ДА ЗАКОЧИ НА ПИСТАТА ВО МАЛИ, АФРИКА

Sase Ivanovski

Европска конвенција на шефови на полиции: Република Северна Македонија успешно се справува со криумчарите на мигранти

Sase Ivanovski

Тренчевска: Продолжуваме со плодна соработка со Словенија во делот на безбедност и здравје при работа

Sase Ivanovski

Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Sase Ivanovski

СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ Ахмети со поддршка до жените да продолжат да ги бараат правата кои ги заслужуваат

Sase Ivanovski

ЌЕ ПАДНЕ ЦЕНАТА И НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Бектеши за ТВ21 откри дека ќе се намалат царинските тарифи

Sase Ivanovski

ВИЛМА РУСКОВСКА ЌЕ ЛЕТА ОД ОБВИНИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА? Советот за јавни обвинители расправа за три дисциплински постапки

Sase Ivanovski

Грковска: Судиите мора да ја чуваат својата независност

Sase Ivanovski

Индиското вселенско летало кое слета на Месечината престана да работи

Sase Ivanovski

Јовески е оптимист дека нема да застарат многу предмети по измените на Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Министерот Лога ја поздравува одлуката на Уставниот суд и очекува судот да постапува ажурно и за останатите прописи

Sase Ivanovski

Маричиќ од Штип: Северна Македонија е крстосница на дел од најважната европска патна инфраструкутра

Sase Ivanovski

БЕКИМ САЛИ: АМНЕСТИЈАТА ОПФАЌА И ПЕДОФИЛИ, ОВА НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО!

Sase Ivanovski

Речиси 30.000 луѓе досега избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија

Sase Ivanovski

Со измените функционер може да украде милијарда и да се спаси, а обичен граѓанин да лежи, вели Тортевски

Sase Ivanovski

Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Ељшани за настаните во Бањска: Целта на косовската полиција не беше да ги убие напаѓачите, туку да ја ослободи територијата од криминалната група

Sase Ivanovski

Пендаровски: Руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметна потребата ЕУ да се фокусира на интеграцијата на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Бектеши- Ако трговците продолжат со зголемен извоз на овошјето и зеленчукот, кои се за домашниот пазар, ќе предложиме целосно укинување на увозните давачки

Sase Ivanovski

Азербејџан: Го уапсивме поранешниот водач на Нагорно Карабах

Sase Ivanovski

Во Македонија пронајден француски државјанин кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Sase Ivanovski

Амбасадор на САД во Косово: Нападот беше координиран, планот беше да се дестабилизира регионот

Sase Ivanovski

Езерската полиција во Охрид летово спасила десет лица

Sase Ivanovski

Млад велешанец го ризикуваше животот и се фрли во Вардар да спаси давеник

Sase Ivanovski

Николоски како известител од Мониторинг комисијата на ПС на Советот на Европа учествува во мисија за утврдување на фактите во Босна и Херцеговина

Sase Ivanovski
Вчитувам....