Ветувањето кое го даде ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања од денес станува реалност. Пензионерите денес добија линеарно покачување на пензиите од 2500 денари, а во март процесот ќе се заокружи со ново покачување од уште 2500 денари.
Денес заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министрите Гордана Димитриевска Кочовска и Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски и пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска го посетивме Здружението на пензионери Гази Баба каде што имавме средба со пензионерите.
Среќен сум и горд што припаѓам на оваа генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ кои го исполнуваат дадениот збор. Пензионерите заслужуваат повисоки пензии со цел достоинствено и без грижи да ги поминат пензионерските денови бидејќи тоа се луѓето кои го поминаа својот работен век градејќи ја Република Македонија.