БОБИ СТЕФКОВСКИ: Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа!
Младиот Никола ја победи болеста
Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази.
Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото.
Ова е победа на сите хумани луѓе!
Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа!