Од првично утврдената фактичка состојба може да се заклучи дека вчерашното загадување на амбиенталниот воздух е резултат на испарување од дивата депонија Вардариште поради големата количина метан.
За жал депонијата Вардариште која е затворена пред 30 години е сериозен еколошки проблем на граѓаните, а истата е во целосна надлежност на Град Скопје.
До моментот на отпочнување за решавање на овој горлив проблем односно избор на начинот на искористување на депонискиот гас и нејзината рекултивација, потребно е да се превземат активности за нејзино физичко затварање, затварање на сите пристапни патишта и редовна инспекциски надзор од Град Скопје.
Апелирам Градот Скопје да превземе итни мерки во оваа насока, бидејќи граѓаните тоа го бараат и го очекуваат!