При реализацијата на мерките, додава Богоев, клучно е да се слушне мислењето на компаниите, се со цел да се има јасен увид во резултатите на реализираните мерки.
-Преку континуираниот дијалог заедно креираме мерки и политики кои што го забрзуваат транспортот и ја олеснуваат трговијата. Како Царинска управа посветени сме на подобрување на услугите кон македонските компании и сузбивање на криминалот и корупцијата. Истовремено, компаниите од нас чекаат испорачување на ветеното и забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и поставување на основите за функционирање на единствен пазар – истакна Богоев.Директорот за правни и општи работи во Витаминка, Орде Георгиевски, вели дека Витаминка е една од првите компании кои се стекнале со статус за овластен економски оператор, што како доверлив партнер им овозможува побрз проток на стоката.