– Ветивме просечна плата од 600 евра, во моментот просечната плата е повисока од тоа. Просечната пензија ја зголемивме за 50%, додека минималната плата ја зголемивме за 100%. Целта на СДСМ е подобар животен стандард на граѓаните, затоа во услови на криза, изминатите три години преку деветте пакети на антикризни мерки вративме 2.6 милијарди евра назад кај граѓаните и компаниите. Само за споредба Владата предводена од СДСМ со последниот пакет на антикризни мерки кај граѓаните и компаниите враќа 662 милиони евра, а Владата предводена од ДПМНЕ со проектот „Скопје 2014та“ потроши исто толку пари на стиропор. Сигурен сум дека граѓаните ја препознаваат оваа разлика , рече Богоев.Потпретседателот потенцира дека на изборите граѓаните ќе одлучат помеѓу два концепти, едниот предводен од СДСМ кој води кон европеизација и вториот предводен од ДПМНЕ и Левица кој води кон изолација.
-На изборите граѓаните ќе треба да одлучат помеѓу два концепти. Едниот, предводен од СДСМ, кој води кон европеизација и другиот предводен од ДПМНЕ и Левица кој води кон изолација. Европскиот пат е одговор на предизвиците со кои се соочуваме денес. Пристапот до европските фондови значи нова механизација за земјоделците, темелни реформи во судовите и обвинителството, инвестиции во модернизација на болниците, патиштата, училиштата и градинките. Овој концепт значи повисоки плати, пензии и подобар животен стандард.
Крајна цел на концептот на европеизација е достоинствен и нормален живот во Македонија, повеќе правда, инвестиции и работни места во државата. Концептот на изолација кој го нудат ДПМНЕ и Левица се залага за сосема спротивното. Поклопени судови, замолчени медиуми, мизерни плати и пензии. ДПМНЕ и Левица сакаат да нѐ вратат во времето на режимот на Груевски каде што младите вадеа бугарски пасоши за да заминат од земјата, бевме скарани со соседите и изолирани од светот. Граѓаните ја препознаваат и оваа разлика и затоа сум сигурен во двојна победа на изборите на Европскиот фронт, вели Богоев.