ОДГОВОРИ НА ВАШИ ПРАШАЊА:
1. Дали Сребреница е геноцид?
Почитувани граѓани,
настанот во Сребреница не е геноцид за МК! Тоа е одмазнички инцидент на паравоени формации, после направен масакар врз невино христијанско население во Босна и Херцеговина од страна на исламистички радикали и муџахедини од Блиски Исток.
Геноцид е систематско уништување, истребување на определена група луѓе / народ поради расни, верски или етнички причини, организиран од државни институции или регуларни воени единици.
Во судирот помеѓу Србите и Бошњаците, ние стоиме до македонските национални интереси!
2. На која страна е МК во конфликтот помеѓу Израил и Хамас?
Почитувани граѓани,
МК е секогаш на страна на меѓународното право, што значи на страна на Израил против терористите на хамас!
Во судирот помеѓу Евреите и Арапите од Израил (наречени палестинци), ние стоиме до македонските национални интереси!
3. Дали ја поддржувате Русија во војната со Украина?
Почитувани граѓани,
за нас Русија е агресор врз суверена земја Украина и ние стоиме на страна на меѓународното право за одбрана на Украина. На истиот начин на кој Косово се отцепи од Србија, Путин го окупира и отцепи Крим од Украина, но и други територии!
Истите уцени на Путин и Русија кон Украина, ги прави Радев и Бугарија кон Македонија.
Сметаме дека војната во Украина треба веднаш да престане, а во судирот помеѓу Русите и Украинците, ние стоиме до македонските национални интереси!
4. Дали Косово е одземено на Србија?
Почитувани граѓани,
Косово не ги исполнува меѓународните стандарди за независност и Македонија треба да го повлече признавањето на таа провинција, со цел да го спречиме Путин, случајот на Косово да го употребува како алиби за окупацијата врз Украина и промена на меѓународни граници на суверени земји, надвор од меѓународно право, што е важно за суверенитетот на Македонија!
Во судирот помеѓу Србите и Косоварите, ние стоиме до македонските национални интереси!