30.8 C
Скопје
07/09/2024 19:36
МАКТЕЛ

     

БОЖЕМ „ПОЛИТИЧКИ ПРОГОНЕТИОТ“ МАНЧЕВСКИ САМИОТ ПРОГОНУВА МАКЕДОНСКИ ФИЛМАЏИИ?! Главната улога во филмот „Држете го крадецот“ ја игра Бисера Костадиновска Стојчевска

     

Македонскиот режисер Милчо Манчевски ја извести јавноста дека Меѓународната организација Филм индастри воч (Film Industry Watch) објавила текст во кој го опишува случајот на режисерот и „повикува да запре политичкиот прогон против него“.  Манчевски информира дека во текстот се говори за неговите проблеми кои почнале кога тој ги пријавил Агенцијата за филм на Република Македонија (АФРСМ) и Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) за корупција, а Државниот завод за ревизија, Антикорупциската комисија и Транспаренси Интернешнл го потврдиле она што го кажал. Како одмазда, вели тој, политичкиот систем ги блокирал неговите проекти, веќе завршениот „Кајмак“ и новиот филм „Збогум, Копакабано“. „Ова е студија на случај за политички прогон на истакнат свиркач (укажувач) кој пријавил корупција на највисоките нивоа на власта“, се вели во објавата на Манчевски на Фејсбук.

 

Манчевски потсетува дека реномираниот Филмски фестивал во Венеција, здруженијата на филмски работници на Италија, како и Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ и Македонската секција на ФИПРЕСЦИ му изразиле поддршка, „повикувајќи да запре политичката репресија против него која е предизвикана од фактот дека тој пријавил корупција во Агенцијата за филм и во Друштвото на филмски работници на Македонија“.
И во кусо интервју за МИА, Милчо Манчевски пред некој ден ги обнови своите обвинувања за „ моќни поединци“ од Агенцијата за филм и од ДФРМ, кои наводно тргуваат со моќ и распределуваат пари за филмската дејност. Манчевски ги нарекува „кланови“ кои „имаат заземено позиции и мафијашки владеат со државни институции“.

  

Плусинфо во неколку наврати досега ги пренесуваше ставовите на Манчевски и на институции и поединци коишто го поддржуваат како како жртва на политички прогон и како автор кому Агенцијата за филм и Друштвото за филмски работници му ги банира проектите. Почитувајќи ја етичката обврска да се слушне другата страна, по најновото актуелизирање на јавната полемика од негова страна, Плусинфо побара став од луѓето што тој ги обвинува, нарекувајќи ги клановска и мафијашка структура. Во оваа и во неколку други реакции кои ќе уследат, засегнатите први луѓе на ДФРМ говорат за „случајот Манчевски“.

Прво да се расчисти како „Банана филм“ успеа да „стопи“ 1 милион евра!

Манчевски е под истрага за финансиски злоупотреби на буџетски пари, потсетуваат од Друштвото на филмски работници на Македонија. Станува збор за пари на државната Агенција за филм. Прецизно, непокриени или неотчитани 950.000 евра. И покрај фактот што бил должен да поднесе извештај со материјални докази за тоа каде се потрошени речиси 1 милон евра, Манчевски тоа го нема сторено до ден денешен. Истражните дејствија за финансиското работење на продукцијата „Банана филм“, во сопственост на Милчо Манчевски, за овие пари, се во тек. И покрај јавните и институционални прозивки, Милчо Манчевски се уште нема одговорено и за други сомнителни парични трансакции, како на пример за префрлување на строго наменети државни пари во негови лични фирми регистрирани во други држави, велат од ДФРМ. Освен тоа, и покрај забраната, Агенцијата за филм под раководство на доскорешниот директор Владимир Ангелов, со негов потпис, а секако бесправно, самоволно донесува решение со кое ја симнува забраната за „Банана филм“ и овозможува Милчо Манчевски и понатаму да троши државни пари – спротивно на одредбите од Законот за филмска дејност, спротивно на одлуката на Управниот одбор на Агенцијата за филм (АФРСМ) и спротивно на одлуката на Вишиот управен суд. И за овој бесправен чин е поднесена пријава до Оосновното јавно обвинителство.

Манчевски добил пари за новиот проект и покрај институциионалната забрана

За појаснување, решението за финансирање на новиот проект на Манчевски, наспроти актуелната одлука на Управниот одбор, злоупотребувајќи ја својата позиција и користејќи ја надвор од директорските овластувања, го потпишал доскорешниот директор на Агенцијата за филм, Владимир Ангелов. За овој преседан во работата на АФРСМ, Ангелов немал поддршка од Управниот одбор. Новиот останал на истата правна линија со стариот состав на Управниот одбор, кој исто така констатирал неотчетност и сомнежи за финансиски проневери од страна на продукцијата во сопственост на Милчо Манчевски, што го потврдува и одлуката на Вишиот управен суд.

Поранешниот директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, во чиј мандат е потпишано решението за стопирање на проектите на продуцентската куќа „Банана филм“, неодамна изјави дека постапил според Законот за филмска дејност, односно согласно налогот на УО и тој како директор бил должен да ја почитува одлуката на Управниот одбор на АФРСМ.
– Во мојот мандат го потпишав решението за стопирање финансирање на проектите на продуцентската куќа „Банана филм“, а врз основа на одлуката  на Управниот одбор на АФРСМ. Според Законот за филмска дејност, директорот е должен да ги почитува одлуките на Управниот одбор, кој е управен орган на Агенцијата.  За сомнежите поткрепени со документи, врз основа на кои е донесена одлуката на УО, беа известени сите надлежни институции, а Вишиот управен суд, постапувајќи по жалбата на АФРСМ од одлуката на Управниот суд, ги отфрли барањата на тужителот „Банана филм“ како неосновани и донесе решение проектите да останат стопирани до конечното затворање на истрагата – објасни Лазаревски.

Koja e спрегата меѓу Бисера Костадиновска Стојчевска и „Банана филм“?

Обвинетите за клановско и мафијашко поведение очекуваат и персонални и институционални одговори за тоа дали дали доскорешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е во спрега со „Банана филм“, односно со сопственикот Милчо Манчевски и кој е нејзиниот евентуален интерес во случајот „Манчевски“.
– Ќе има ли одговор прашањето зошто Костадиновска Стојчевска, која била добро информирана за случајот, за сомнежите, за индикациите, но и за фактите за финансиски злоупотреби на компанијата на Манчевски, па и за тековните проблеми на филмаџиите, не соработувала зо решавање на состојбите? – прашуваат тие.

Бисера Костадиновска Стојчевска мора да одговори и на прашањето зошто и ресорното министерство – кое исто така било во тек со тоа дека филмската фела, односно Друштвото на филмски работници е бомбардирано со најразлични пријави од страна на „Банана филм“, за кои  постапиле и инспекции на Министерството, Државната комисија за спречување на корупцијата и други органи, при што сите пријави биле отфрлени како неосновани – не застанало во институционална заштита на филмските работници.
– Зошто, откако Костадиновска Стојчевска го именува Ангелов за директор, тој бесправно одобрува исплата на буџетски пари на Манчевски? – прашуваат од ДФРМ.
Патем, според правни експерти, во постапката на директорот Ангелов постои ризик за казниво дело „неизвршување судска одлука“, поточно делото предвидено во Кривичниот законик во член 377, став 2: „Службено лице или одговорно лице во правно лице што ќе одбие да изврши правосилна и извршна судска одлука што е должно да ја изврши, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.“

Зошто наумила министерката за култура да го „оправа“ Друштвото на филмски работници?

Во меѓувреме, за сомнежите врз кои е донесена оваа одлука на Управниот одбор и судот,  истрага се води во Основното јавно обвинителство и во Управата за финансиска полиција , а известена е и Државната комисија за спречување на корупцијата. Севкупната документација за овие предмети на „Банана филм“ , Управата за финансиска полиција ја побарала од Агенцијата за филм во јули минатата година и до денес се води истрага.

И додека институциите не го кажале конечниот збор во истрагата за „Банана филм“, а доскорешната министерка останува заштитена со пратеничкиот имунитет со кој неодамна се стекна, сега потписот на Ангелов станува предмет на ОЈО.
– Зошто, од кои причини и со кои наменски мотиви, покрај контролните органи во Агенцијата, Управниот и Надзорниот одбор и нивните извештаи, Костадиновска Стојчевска формира т.н. „инспекциска комисија“ и објавува извештај со невистини за работењето на Агенцијата за филм и на Друштвото за филмски работници? – прашуваат првите луѓе на ДФРМ.

Тие сакаат да знаат зошто, од кои причини и од кои мотиви, во јавноста се пласира  т.н. „Извештај за подобрување на работата на АФРСМ“, подготвен по налог на доскорешната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска и тоа нестрпливо и набрзина, во политичко време на предизборие.
– Tој „извештај“ преполн со невистини, лаги, тенденции со кои, несвесно или свесно, се оцрнуваат и целата македонска кинематографија и нејзините меѓународни достигнувања – велат тие.

Има ли корупција и кај Бисера Костадиновска Стојчевска?

Од ДФРМ се сомневаат дека со овој т.н. извештај, Костадиновска Стојчевска прави обид да се сврти вниманието на јавноста, па и на институциите, од веќе и институционално констатираните неправилности за работата на „Банана филм“ на Милчо Манчевски, за кои постапува Основното јавно обвинителство. Дотолку повеќе што споменатиот извештај е подготвен од работна група, на чие чело е Весна Илиевска, државен советник во Министерството за култура, позната како блиска пријателка на Манчевски, која освен фабрикуваниот извештај, се јавува и како автор на серија таканаречени „правни мислења“ што служат како инструмент за олеснување на процедурите при извршување на спорните дејства поврзани со финасирањето на проектите на Манчевски, велат од ДФРМ. Но, според правните експерти, овие „правни мислења“ немаат вистинска правна тежина, тие се само параван кој на ниту еден начин не ги штити потписниците и извршителите на против правните дејствија во случаите со Манчевски и на неговата продукциска компанија.

Ваквите чудни постапки, несомнено мирисаат, најблаго речено, на коруптивни дејствија и притисоци кон поединци и институции, евентуално во насока да се спречи натамошната истрага кон Манчевски која се води пред ОЈО во соработка со Управата за финансиска полиција.
– Дали е ова обид да се попречи истрагата и да се видоизмени впечатокот во јавноста додека Манчевски веќе со години, а без никаков ефект, прави постојан притисок, со неосновани кривични пријави кон сите инволвирани кои одлучувале за поддршка на неговите проекти во Агенцијата за филм, во обид да го прикрие сопствениот криминал? – прашуваат засегнатите од ДФРМ.

Како успеа „прогонетиот“ Манчевски од владата на СДСМ да добие 2,5 милиони евра за 3 филма?

Тие прашуваат дали ова е негов обид, тој самиот, Милчо Манчевски, според сопствени написи во јавноста, себеси да се прикажува како жртва на политички прогон и тоа токму во време на политички околности во кои од доскорешната влада на СДСМ тој лично добива поддршка за три играни филмови, односно финансиски средства во вредност од безмалку 2,5 милиони евра?
За неговото „незадоволство“ од поддршката од државата, од која секогаш го исползувал максимумот, своевремено реагираше и министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска која во 2017 година изјави:
„Особено значајана финансиска помош од државата е издвоена и за режисерот Милчо Манчевски кому преку Министерството за култура и Филмскиот фонд на Манчевски во изминатите 10 години му се исплатени близу 280 милиони денари“.

Филмските работници ги чекаат одговорите и резултатите на институционалните постапки и процедури, пред се како морална сатисфакција за нивната посветеност на филмската уметност. Од друга страна, финалето на истрагите конечно треба да ја расчисти и дилемата дали во Македонија навистина постојат филмаџиски кланови и мафијаши, како и политички прогонети лица. А ако постојат такви нешта, дефинитивно треба да се разбистри и тоа кој кого прогонува и зошто.

 

Најново

СДСМ: За секоја надлежност на Владата имаме по еден министер, заменик министер, државен секретар, советник на премиерот и национален координатор.

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали Владата ќе се вработи Национален координатор за координирање на координаторите?

Sase Ivanovski

Убиство во Кочани: Заедно пиеле со соседот, а потоа го убиле

Sase Ivanovski

Николоски за неделникот „Фокус“: За пругата со Бугарија е избрана најтешката траса за да се напумпа цената

Sase Ivanovski

Се проширува пожарот во Мариово, периметарот на огнената линија изнесува 110 километри

Sase Ivanovski

ЦУК: Активни седум пожари, три под контрола

Sase Ivanovski

Филков за Вечер: Во моментов сите решенија за Судски совет се на маса и се бара најдоброто решение

Sase Ivanovski

Митева: Венко Филипче како пратеник и министер пријавил различни анкетни листови за имот стекнат и пред да биде на државна функција

Sase Ivanovski

(Видео) Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ,

Sase Ivanovski

Позицијата на албанската жена во руралните области во Македонија сè уште е далеку од посакуваната

Sase Ivanovski

Анкета: Дали сте биле вознемирувани од сообраќајната полиција во РСМ?

Sase Ivanovski

Од јануари до август издадени лиценци за нови фотонапонски централи со вкупна моќност од речиси 250 мегавати

Sase Ivanovski

Откако загинаа татко и син во сообраќајка, Обвинителството нареди итно да запрат градежните работи на патот кон Куманово

Sase Ivanovski

Словенечката термоелектрана „Шоштањ“ е на работ на банкрот, државата ќе ја спасува

Sase Ivanovski

Вучиќ на средба со рускиот амбасадор – главни теми: Самитот на БРИКС и Косово

Sase Ivanovski

Последни обиди на Грција и Кипар за воспоставување на најголемиот морски интерконектор

Sase Ivanovski

Украински пилоти почнуваат обука на борбени авиони во Канада

Sase Ivanovski

Остин: Конфликтот во Украина ќе се реши на преговарачка маса, кога – не се знае

Sase Ivanovski

Власта достави измени на Законот за локална, да нема избори во општините каде градоначалниците станаa министри и пратеници

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ХРВАТСКА Невремето создаде хаос, ветрот носеше сѐ пред себе

Sase Ivanovski

ТИНЕЈЏЕР ГО НАПАДНАЛ СВОЈОТ ТАТКО МУ го скршил стаклото на возилото, па го истепал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХОЛИВУДСКИ АКТЕР ПЦУЕ И ВИКА НА УЛИЦА Сакал да се пресмета со неколкумина, но минувачите спречиле тепачка

Sase Ivanovski

ДРАМА НАД ТУРЦИЈА Авион принудно слета поради закана за бомба

Sase Ivanovski

ДЕФАНЗИВЦИТЕ ГРЕШЕЛЕ, А ГОЛМАНИТЕ ПУШТАЛЕ ГОЛОВИ! Голем скандал во германскиот фудбал, 17 натпревари се наместени

Sase Ivanovski

НЕ Е БЕЗБЕДНО ДА ИМА КАТНА ГАРАЖА ДО СОБРАНИЕТО Поради стара и неразумна одлука Гаши ќе преговара со инвеститорот за отштета

Sase Ivanovski

Грозоморно злосторство ја крена Франција на нозе: Сопругот ја дрогирал сопругата и договарил да ја силувааат над 80 странци

Sase Ivanovski

Општина Центар: Немаме правен механизам да го спречиме градењето на катната гаража до Собранието

Sase Ivanovski

Зеленски побара дозвола Украина да гаѓа цели подлабоко на руска територија

Sase Ivanovski

Мадрид ги протерува изнајмувачите на електрични тротинети

Sase Ivanovski

Денот на независноста ќе се одбележи под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директорката Стефанова: “Камбаната” е старо училишно ѕвоно, не е вистинска камбана

Sase Ivanovski

Албанец вооружен со мачета сакал да убие полицајци во Германија, извикувал:„Алаху акбар“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Камбаните ќе и го преземат приматот на државната химна. Гордата директорка на велешкото училиште „Панко Брашнаров“им рече на првачињата дека со тропањето на камбаната ги викнале на првиот час

Sase Ivanovski

Нови 25 заболени со голема кашлица, петмина хоспитализирани

Sase Ivanovski

Андоновска со апел до матичните – суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна клиника или во ИЈЗ

Sase Ivanovski

Величковски: Според досегашните перформанси на Владата: Платформата #1198 означува број на проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира или ќе ги запре?

Sase Ivanovski

Училиштата ќе добијат асистенти во вторник, учениците ќе имаат повеќе спорт и информатика

Sase Ivanovski

Бајден планира да прими 125.000 бегалци во САД следната година

Sase Ivanovski

Јаневска: Воведувањето на едносменската настава е со цел учениците да бидат подолго на училиште и така да стекнуваат на повеќе знаење

Sase Ivanovski

Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Притвор од 30 дена за скопјанец за обид за силување – ja нападнал на бул. Борис Трајковски и ја влечел кон споредна уличка

Sase Ivanovski

Ацо Пејовиќ ќе пее во Кавадарци, ама ќе се слуша до Неготино: Пејачот носи аудио новитет на Тиквешки Гроздобер!

Sase Ivanovski

РКЕ одлучи: Од полноќ и бензинот и дизелот со рекордно ниска цена

Sase Ivanovski

Гаши на приемот по повод 8 Септември: Пред нас се отвора нова развојна перспектива, која доаѓа со новата генерација на политичари

Sase Ivanovski

СТОИЉКОВИЌ И НИКОЛОВСКИ ВО БЕЛГРАД: Со изградба на гасен интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија, што треба да следи по гасното поврзување на земјата со Грција, Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: 15-годишно момче падна од катна гаража, починало на лице место

Sase Ivanovski

Герасимовски: Јас и советниците на СДСМ нема да ја поддржиме донацијата која ја бара МПЦ, граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации

Sase Ivanovski

Бранко Тричковски: Со мало, задоцнување, драга Искра, ти испраќам честитки за големото германско признание, Гете медалот за културни творци надвор од Германија

Sase Ivanovski

ФУДШ И ФИШ ОДРЖАА ИНФОДЕН ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТУДЕНТИ Течат последните рокови за уписи на словенечките факултети

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Министерот Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина

Sase Ivanovski

Јаневска: Подолг престој во училиште за повеќе знаења, но и за повеќе спорт и воннаставни активности

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО АФРИМ ГАШИ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ: ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ДЕЛ ОД ПРОГРАМИТЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ УЧИЛИШТА

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Јаневска: Унапредувањето на стручното образование преку практична настава за зелени вештини ја подобрува вработливоста на учениците

Sase Ivanovski

На 5ти Септември, 2024-та година во 19:30 часот во Рим беше оддржан концертот на ДУО СКУПИ составен од Јета Старова Мехмети на флејта и Ермаљ Мехмети на виолина, истиот го отвори со говор амбасадорката на Р.С.Македонија Марија Ефремовска

Sase Ivanovski

Брисел: Заокружена работната посета на Муртезани со средбата со Санино

Sase Ivanovski

СДСМ: Јаневска ги обвинува училиштата, а таа не им ги продложи договорите на личните асистенти

Sase Ivanovski

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, на ден 7.09.2024 година (сабота) и 9.09.2024 (понеделник) година ќе се работи по неделен возен ред.

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Калтрина Зеколи Шаќири: Заменик министер на Министерство за Транспорт Во рамките на капитален проект од Европската Унија, имав прилика да пречекам високи функционери од Полска, вклучувајќи го министерот Артур Чапиевски, кој е исто така Главен инспектор за патен транспорт во Полска, г. Михајл Ржезњевски, советник за проектот Twinning, и заменик-амбасадорот на Полска во РМВ, Пјотр Висоцки

Sase Ivanovski

Вработувањата на стручниот кадар во ЈОУДГ „8 Март“, Општина Струга е оневозможен поради неименување на директор од страна на градоначалникот

Sase Ivanovski

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ ОСТВАРИ ПРВА СРЕДБА СО НОВИОТ АМБАСАДОР НА ФРАНЦИЈА ЛЕ РИГОЛЕР

Sase Ivanovski

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

Sase Ivanovski

МВР: СВР Скопје го расчисти случајот со обид за силување во Кисела Вода, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас

Sase Ivanovski

Пазарна е на терен! Сите кои ќе забележат неправилност, да пријават во пазарниот инспекторат

Sase Ivanovski

Гранит Џака номиниран за “Златната топка”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шумскиот пожар во Шпанија изгоре најмалку 300 хектари

Sase Ivanovski

ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО на бессемена лубеница: Годината беше успешна, родот богат, а квалитетот одличен

Sase Ivanovski

Видео со Никола Мицевски. Кој им понудил мито за коридор 8?

Sase Ivanovski

Митева до Кузеска: Дали е вистина дека компанија од Македонија која е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е во сопственост на поранешен премиер и претседател на СДС?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митева: Браќата на Филипче и Заев, преку брза шема стануваат сопственици на Фос Имерас – Соларна електрана

Sase Ivanovski

Се е подготвено за големата Get EXIT-ед забава – во Струмица пристигаат Agents Of Time, Meduza, Layla Benitez и Senidah, а влезот е слободен!

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Николоски: Надзорот над „Бехтел и Енка“ е неспособен – фирма од Италија на глумец главно работи во Македонија и Молдавија!

Sase Ivanovski

СИРИЗА: Ги осудуваме прекршувањата на Договорот од Преспа од турскиот министер за надворешни работи

Sase Ivanovski

Тешко повредена прилепчанка која возела мопед, се судрила со автомобил

Sase Ivanovski

Кавадарчанец прегази скопјанка на паркинг пред угостителски објект во скопски Аеродром

Sase Ivanovski

Кривична за 14-годишник за пожарот во Расадник – од петарди се потпалила сувата трева

Sase Ivanovski

Дуров: Помогнав во борбата против тероризмот во Франција

Sase Ivanovski

Златан Ибрахимовиќ: „Никогаш нема да станам тренер. „ Тие работат 12 часа дневно и немаат апсолутно слободно време

Sase Ivanovski

Костадин Костадинов: Јас како градоначалник и Советот на општина Струмица не е прв пат да ги наградиме нашите пожарникари

Sase Ivanovski
Вчитувам....