Ќе направиме сè што е во наша моќ да нема поскапување на електричната енергија за граѓаните од следната година, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Ова прашање, како што кажа таа на Сител, зависи и од планот за производство на електрична енергија на ЕСМ, но додаде оти ќе се потрудат да ги заштитат граѓаните од ценовни шокови.
Ценатата по која што ЕСМ во моментов ја снабдува ЕСМ за крајните потрошувачи е 60 евра што е многу пониско ако се спореди се реалните цени, што, според министерката, покажува дека оваа Влада покажува интерес и се грижи за граѓаните. -Хидрологијата е многу лоша, под 20 проценти се водените резерви и тоа е веќе многу мал број и поради тоа се правеше увоз на електрична енергија.
Се надеваме дека од први декември и првиот блок во РЕК Битола ќе биде во функција и тој увоз ќе биде многу мал, односно ќе се обидеме да се произведат доволно мегават-часови за целото население – рече таа. За ситуацијата во РЕК Битола, каде во моментов работат два од трите блока, рече дека минатата недела два пати била таму и имала долги дискусии и разговори со новиот менаџмент, за затекнатата состојба ја оцени како катастрофална.
-Лично видов што се случува таму. Ми беше презентирана ситуацијата која ја наследиле. Можам да кажам дека има многу аномалии и ќе кажам дека е катастрофална состојбата. Немало направено ремонти, има голема непотребна залиха и, најважно од сè, механизацијата не била употребувана и квалитетот на јагленот е несоодветен – рече Божиновска.