7.8 C
Скопје
24/04/2024 09:24
МАКТЕЛ

  

     

 

БОМБА НА ИНФОМАКС: Документи за Ленин Јовановски и „Слобода Превоз“ – каде се пет милиони евра, и зошто не е платен ДДВ?

      

Пет години, или 560 месеци приватните превозници успеале да продадат само две карти за едно возење, истите да ги валидираат и да издадат фискална сметка.Значи, за пет години, приватните превозници продале две карти за едно возење. Во истиот овој период, „Слобода Превоз“ фактурирал 24.000.000 денари (24 милиони денари) месечно за наводно извозени 400.000 километри во секој тековен месец. Велам наводно, бидејќи ниту еден од системите за ГПС локациско следење на возилата кој е поврзан со системот на ЈСП не функционирал соодветно и непрекинато. Којзнае што правеле кога апаратите биле „расипани“. Впрочем, и знаеме што правеле. На секоја извозена тура, една се стои во место на паркинг, а потоа се наплаќа од ЈСП.

   

24.000.000 денари се приближно 400.000 евра. Оваа сума „Слобода Превоз“ ја фактурирале секој месец за наводно извозените 400.000 километри, од кои средства потоа, трошеле – според зборовите на Ленин Јовановски, шеф на групата приватни превозници „Слобода Превоз“, околу 200-300.000 евра за гориво и трошоци. Ако наплаќале 400.000 евра месечно, трошеле 200-300.000 евра за трошоци и гориво, се поставува прашањето каде се останатите 100.000 евра секој месец. Или, ако за пет години наплатиле нешто повеќе од 22 милиони евра, по серивисрањето на трошоците за горива и трошоци останале нешто околу пет милиони.

 

Но, да почнеме од почеток. Во 2016. година двете здруженија на приватни превозници „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ склучиле два идентични договори со кои се уредуваат правата и обврските, начинот на вршење на јавен градски транспорт но и условите. Согласно овие договори, и двете здруженија имале обврска во своите автобуси да постават ГПС уреди и фискални апарати кои служат како алатки за интегрирање во системот за наплата на ЈСП, кој освен по продадени карти, плаќа и по изминат километар на приватниот превозник.

   

     

Цената која ЈСП согласно договорт ја исплаќале на приватните превозници по изминат километар е едно евро. Согласно достапните податоци, автобусите на групата превозници „Слобода Превоз“ во просек изминувале околу 400.000 километри секој месец, што било евидентирано до ГПС системот, по што им биле вкалкулирани и 400.000 евра кои треба ЈСП да им ги исплати на „Слобода Превоз“. Од оваа сума од 400.000 евра или 24.000.000 денари кои се исплаќаат по изминат километар, се одбива сумата на продадени билети за едно возење. На пример, ако приватните превозници треба да наплатат 24.000.000 денари за изминати километри, но продале билети во вредност од 10.000.000 денари, тогаш ЈСП само ја надополнува разликата од 14.000.000 денари на приватниот превозник.

Потоа, овие пари кои од ЈСП ги добивал „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ биле понатаму исплаќани на членовите во овие две здруженија на приватни превозници. Дали тие навистина ги добивале сите пари, се уште не сме добиле одговор. Согласно договорот склучен во 2016. година уште кога Коце Трајановски бил градоначалник, во членот 5 став 1 се утврдува дека приватниот превозник е должен да ја применува тарифата и ценовната политика утврдени од град Скопје со одлука за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.

Да биде уште појасно, во став 2 од истиот член 5, се утврдува дека членот на групата приватни превозници, во случајов сите оние кои возеле за „Слобода Превоз“ имаат обврска да продаваат фискални билети купени кај возачот на возилото, со единствен изглед кој го дефинира ЈСП Скопје согласно Одлуката на Интегрираниот систем.

Во став 3 од истиот член 5, се утврдува дека приходот од продажбата на билети е приход на овластениот превозник, односно на сопственикот на возилото кој е дел од „Слобода Превоз“ или „Макекспрес“. Остварениот приход од продажба на фискализирани билети ЈСП Скопје го компенсира зо Овластениот превозник (Слобода Превоз, Макескпрес) на име на месечните побарувања на надоместокот по изминат километар. Или во поедноставни зборови, „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ извозиените километри ги наплаќале од продадени фискални билети и компензација за изминат километар од страна на ЈСП Скопје.

Во член 3 пак од овој договор е утврдено како се пресметува сумата која ЈСП треба да му ја исплати на овластениот превозник, т.е. група превозници во случајот „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“. Значи, „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ од ЈСП добивале пари за извозен километар, и пари од продадени карти. Но, продадените карти се минусираат од извозените километри, а ЈСП им го надоместува износот кој не успеале да го остварат со продавање на фискализирани билети. Вакви договори склучиле „Макекспрес“ и „Слобода Превоз“ во 2016. година со важност од пет години. Во 2021/22 склучиле нови договори со градот Скопје и ЈСП Скопје. Со идентична содржина. Идентични параметри и пресметки. Но, сега имаат проблем.

Каде е проблемот? По склучувањето на овие договори во 2016. година, двата овластени превозници задолжувале билети, продавале билети и издавале фискални сметки онака како што наложува обврската од договорот. Согласно договорот склучен со ЈСП Скопје изготвувале и фактури и ја вршеле пресметката. Односно, пријавувале приход од продадени билети, а сумата која не ја исполниле за да ги покријат извозените километри им ја надоместувала ЈСП Скопје по утврдена цена од 1 евро за километар. На пример, ако превозникот за еден месец извозел 400.000 километри, а наплатил само 300.000 евра од билети, останатите 100.000 евра ги доплаќа ЈСП Скопје. Вавкиот начин на работа согласно договорот траел до крајот на 2017. година, кога одненадеж и двата приватни превозници престануваат да задолжуваат билети од ЈСП Скопје и не продаваат фискализирани билети. Внимавајте, не продаваат фискализирани билети.

Во приватен автобус, освен со „Скопска картичка“ и со СМС порака, секој патник согласно договорот МОРА ДА ИМА МОЖНОСТ да купи и билет за едно возење. И приватниците продавале вакви билети – неверифицирани и нефискализирани. На крајот на месецот, освен приходите што ги остварувале од продадени билети, тие наплаќале и 400.000 евра од ЈСП за извозени 400.000 километри. Значи, ем пари од нелегални билети, ем 400.000 евра секој месец од ЈСП Скопје. Ова траело од 2018. година, се до минатиот месец. Со една разлика, во јануари продале и издале фискална сметка за 1 (еден) билет.

Каков долг има ЈСП Скопје кон приватните превозници? Од документите до кои јас имав пристап согласно законот за информации од јавен карактер, „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ биле исплатени заклучно со октомври 2022. година вкупно 156.000.000 денари за 2022 година. По исплати, „Слобода Превоз“ има наплатено 111.000.000 денари, а „Макекспрес“ 45.000.000 денари. Секако, во овој период немаат пријавено ниту еден продаден билет за едно возење. Тие пари никој не знае каде се. Долг, според ЈСП нема.

Блокада

Претпоставуам дека во човековата природа е инстинктот, кога ќе биде фатен со „рачињата во медот“ првата реакција да му биде отфрлање на вината за стореното по принципот – држ те го крадецот. Вистинското прашање е дали оние кои членувале во „Слобода Превоз“ и во „Макекспрес“ знаеле за оваа состојба. Бидејќи, на крајот на месецот приходите кои ги собирал секој од сопствениицте на автобуси ги префрла на заедничка сметка на „Слобода Превоз“, а потоа по порамнувањето со ЈСП Скопје парите ги добивале назад, плус, сумата за извозен километар која им ја доплаќало јавното претпријатие.

Дали навистина секој од овие превозници биле свесни дека не продаваат фискални карти, или некој ги фалсификувал месечните извештаи и прикажувал нула(0) продадени билети за да фактурира 400.000 евра и од тие да не им исплаќа на сопствениците на автобуси, туку да ги задржи за себе. Прашањето е, дали во овој случај Ленин Јовановски парите кои останувале по раздолжувањето со неговите членови, а ги наплаќал од ЈСП врз база на фалсификувани извештаи си ги задржувал за себе.

Впрочем, јас не познавам сопственик на автобус кој истовремено е и газда на кафуле, како што Ленин Јовановски стопанисува со кафулето „Ван Гог“. Досега не сум сретнал шофер на автобус кој вози „Рејнџ Ровер“ од 100.000 евра. И тоа не еден, туку два. Возам мотор, а не познавам ниту еден шофер на автобус кој вози „Харли Дејвидсон“ од 60.000 евра.

Не сум слушнал се уште дека некој шофер на автобус барал одобрение за градба и маркица за згради на кејот на реката Вардар во општина Аеродром, во населбата Мичурин. Се ова, сепак, сум го слушнал дека го поседува и го прави претседателот на „Слобода Превоз“ Ленин Јовановски.

Бидејќи Бугарите се во „мода“ во последниов период – сажељавам сас вас тавариш, ама Финансова полиција веќе почна со чешлање. А, уцените и заканите, но и тормозењето на скопјани некој ќе мора на крајот да ги плати. А.Митовски

    

Најново

Над 2 милијарди евра би не чинеле арбитражните постапки поради заглавените рударски инвестиции

Sase Ivanovski

ЦУК препорачува: Имајте полн резервоар и зимска опрема ако возите низ планински предели

Sase Ivanovski

И во првиот квартал од годинава Макстил со минимални емисии на цврсти честички

Sase Ivanovski

МКД.MK: Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Sase Ivanovski

Маричиќ: Срцето на Македонија е црвено и социјалдемократски борбено, со таа европска душа одиме на победа

Sase Ivanovski

Ковачевски: ДПМНЕ нуди етнички тензии и изолација, СДСМ нуди пат кон ЕУ

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Реформа на образованието во согласност со потребите на пазарот на трудот, повисоки плати за сите, вклучително и за младите

Sase Ivanovski

ПРИЛЕПЧАНИ РУЛС ВО СВЕТОТ: ВО ИТАЛИЈА ИМА ЦИГАРИ МАКЕДОНИЈА НАПРАВЕНИ ОД ПРИЛЕПСКИ ТУТУН

Sase Ivanovski

СИНОВИТЕ НА ЗИДАН КОЈ ОД КОЈ ПОУБАВ

Sase Ivanovski

Град Скопје и СУ на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во МКЦ реализираа завршната изложба на средношколските годишни проекти

Sase Ivanovski

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Целосен ветинг на судиите, јавните обвинители но и на политичарите ќе биде прва мерка на новата Влада

Sase Ivanovski

Николоски: Платформата 1198 нуди бројни проекти кои допираат до сите сфери во животот, таа ќе го врати владеењето на правото, подобрување на економијата, здравството, образованието

Sase Ivanovski

Маричиќ: ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕМААТ ПЛАН И НИЕ КОИ ИМАМЕ ПЛАН!

Sase Ivanovski

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ: Заокружете број 2 да се обединиме за историска победа

Sase Ivanovski

Аваја на средба со граѓаните на Виница

Sase Ivanovski

ТРЕБА ЛИ ДА ИМА ПАНИКА ВО ЈАВНОСТА: СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ВОДАТА РОСА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ?!

Sase Ivanovski

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

Sase Ivanovski

Наградени најдобрите студентски идеи на Хакатонот за зелено инженерство

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски носител на листата во ИЕ2: Имаме експертиза за изградба на општество во кое се вреднува и почитува различноста на секој граѓанин

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема откажување од земјоделство по европски стандарди – планираме грантови за мали земјоделци до 20.000 евра

Sase Ivanovski

Секој граѓанин акционер – исправање на неправда

Sase Ivanovski

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Sase Ivanovski

МВР,  ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори

Sase Ivanovski

Битиќи со сметководителите: Со примената на меѓународните стандарди водењето бизнис во Македонија со исти услови како и во целиот свет!

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ ќе добиеме 850 милиони евра за три години

Sase Ivanovski

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот

Sase Ivanovski

Николоски: Филипче злоупотребувајќи ја секојдневно неговата докторска професија го руши здравствениот систем, затоа масовно на 8 мај да ставиме крај на овие злоупотреби и да имаме систем во кој сите ќе веруваме

Sase Ivanovski

Николовски: Со влезот во ЕУ земјоделеците добиваат 1 милијарда и 100 милиони евра неповратни средства за модернизација на македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ветуваа правда, а донесоа артаноиден режим – се гледа кој е вистинската власт, а кој измеќар

Sase Ivanovski

Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена за да докажат дека водата е добра за Олимписките игри

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран: Доколку Израел повторно нападне, прашање е дали ќе остане нешто од нив

Sase Ivanovski

Трамп повторно со провокација до Украина

Sase Ivanovski

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Sase Ivanovski

Северна Кореја изврши симулирано нуклеарно лансирање

Sase Ivanovski

ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“ : На луѓето им треба поттик да облечат чевли и да излезат да гласаат

Sase Ivanovski

Два хеликоптери на јапонската морнарица се урнаа во Пацификот

Sase Ivanovski

Следниот пакет за Украина ќе биде поголем од нормалниот, вклучува и оклопни возила

Sase Ivanovski

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

Sase Ivanovski

МАЈК ТАЈСОН ПРОДАВА ОБРОК ОД КАНАБИС ВО ФОРМА НА ГРИЗНАТО УВО Црна бобинка, кисело јаболко или лубеница – вие бирате!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ПРЕЖИВЕАЛ ДВЕ ВОЈНИ, ПАДНА ВО ТРЕТАТА Украинците го погодија најстариот воен брод во светот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СО ЕДЕН УДАР ПАДНА КУЛА ОД 240 МЕТРИ Руска ракета ја урна телевизиската кула во Харков

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ГИ ПОЛНЕЛЕ СТОМАЦИТЕ СО ШЕМАТА „ЈАДИ И БЕГАЈ“ Ова се мажот и жената кои јаделе во скапи ресторани, а потоа не ја плаќале сметката

Sase Ivanovski

СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот модел за воена служба

Sase Ivanovski

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов – ќе бараме зголемување на минималната плата

Sase Ivanovski

Сопственичката на ‘Еурофарм’ ја презеде градежната компанија ‘Пелистер’

Sase Ivanovski

Инаугурацијата на Путин ќе биде на 7 мај

Sase Ivanovski

Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, велат од ССК

Sase Ivanovski

ЕУ одобри визна либерализација за Србите од Косово

Sase Ivanovski

Независни медиуми: „Кадиров е тешко болен, Кремљ подготвува негов наследник“

Sase Ivanovski

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција. Минатата година тој го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

Сослушани 14 сведоци – таткото на осомничениот за убиството на Данка бара нов адвокат

Sase Ivanovski

Филипче: Николоски не знае што е злоупотреба на професија бидејќи нема професија

Sase Ivanovski

Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најавуваме конечно спроведување на ветингот за судии и проверка на потeкло на имот за сите функционери

Sase Ivanovski

ДСЗИ утврди незаконско работење на Токсикологија: давале здравствени услуги без договор за работа и несоодветно образование

Sase Ivanovski

Вучиќ во Њујорк ги повика членките на ОН да не гласаат за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Скопјани направиле сообраќајка, па се истепале меѓу себе

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Sase Ivanovski

ДЕВОЈКА СЕ КАЧИЛА НА АЈКУЛА, ПА ЗАЖАЛИЛА Кога се вратила на плажата почнала да крвари од незгодно место

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈАТА И БОЛКАТА ВО ЕДЕН КАДАР Ова е најдобрата новинарска фотографија во 2024 година

Sase Ivanovski

УКРАИНСКАТА АРМИЈА СЕ ПОФАЛИ СО МАКЕДОНСКИТЕ СУХОИ Леталата се обновени и модернизирани

Sase Ivanovski

Зиаде: Спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина никогаш не било поитно прашање

Sase Ivanovski

Борел: ЕУ ги прошири санкциите за иранските производители на дронови и проектили

Sase Ivanovski

Ердоган во Багдад: Потпишаните договори се пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак

Sase Ivanovski

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Sase Ivanovski

Шеф на украинско воено разузнавање: Ќе се соочиме со тешка, но не и катастрофална ситуација

Sase Ivanovski

Колозова: Дел од геостратешкиот концепт на ЕУ е економија базирана на технолошка наука и иновации, натаму треба да се насочиме и ние

Sase Ivanovski

Хорор во Бразил: Три питбула ѝ откинале рака и уво на позната писателка

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Хакерските напади врз АРМ се голема шлаканица за сајбер безбедноста на земјава

Sase Ivanovski

Запрен новиот закон кој му дозволуваше на Тексас да апси мигранти

Sase Ivanovski

ФОТО | Глобален феномен: Историјата на ирските пабови и зошто ги има во секој град низ светот

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Проблемите на руските дезертери

Sase Ivanovski

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Sase Ivanovski

СПРЕМААТ ВОЈНА СО СЕВЕРНА КОРЕЈА Лавров ги стави САД, Јапонија и Јужна Кореја на тапет

Sase Ivanovski

ИСИС се заканува дека ќе ги „масакрира“ Путин и Русите

Sase Ivanovski

Им фактурирале комунална сметка за сите гаражи на соседите, хаос во Тетово, се наплаќаат комуналии за подруми и штали

Sase Ivanovski

Пакистанец ја задавил сестра си со голи раце, а татко им го гледал тоа – тврделе дека починала од колера

Sase Ivanovski

Анализа на Политико: Лондонград засекогаш? – Зошто Велика Британија можеби никогаш нема да ги заплени руските средства?

Sase Ivanovski
Вчитувам....