Жал ми е, но не можам да ја споделам содржината на документот за договорот меѓу Косово и Србија. Мислам дека не треба да поставуваме вештачки рокови, важно е брзо да почнеме да работиме. Време е за работа, одговори тој.Изразувајќи ја поддршката што им е дадена на Албанија и на Босна и Херцеговина, тој рече дека експерти на ЕУ во Албанија ќе помогнат во однос на кибер-нападите, а на Босна и Херцеговина ќе и бидат доделени 10 милиони евра за деминирање.Зборував со премиерот Рама, му понудив поддршка и нашите експерти се тука да и помогнат на Албанија да се соочи со кибер-нападите и хибридните закани кои доаѓаат како резултат на војната. Ќе и понудиме поддршка на Босна и Херцеговина за деминирање. Ќе дадеме 10 милиони евра за одредена акција за деминирањ, посочи Борел. вт/