Ова доаѓа откако тој претходно беше задржан на Клиниката за нефрологија, поради проблеми со бубрегот. Директорот на затворот, Бобан Утковски за „Скопје1″ посочува дека сега обвинетиот е во добра здравствена состојба. „Притвореникот за кого покажувате интерес е вратен од болничко лекување во затворот ‘Скопје’ и е во добра здравствена состојба“, вели Утковски за „Скопје1“.
Видевски остана околу осум дена на болничко лекување. Извори ни тврдат дека Видевски има еден бубрег и тоа дониран, за кој треба да прима терапија. Ова не е првпат Видевски да биде носен на проверки на Клиника, по негови поплаки за влошена состојба. Поради влошената здравствена состојба на Видевски, беа одложени две рочишта за убиството на Вања и Панче. Претходно, сите обвинети, сосе оние кои во текот на истрагата признаа вина – пред судот, негираа дека ги сториле делата.