– Тоа значи дека трасата веќе се ослободува за работа бидејќи не можеме да работиме на траса која не е експроприрана, на нечиј приватен имот. Сите овие постапки ги завршивме. Репроектирана е трасата, испроектирани се клучките, поместена е трасата на делницата кај Кичево каде што поминуваше преку резервоар за вода на Кичево. Се работи на целата делница, рече Бочварски, истакнувајќи дека веќе се работи и на асфалтирање на првиот тунел. Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година. Инвестицијата изнесува 598 милиони евра.